Контакт

Daily news

(Видео) Средба Заев-Гремингер: ОБСЕ ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер. На средбата беше потврдена цврстата определба на Владата на Република Македонија за заштита на човековите права, функционирањето на правната држава и посветеноста на реформскиот процес и поддршката што Владата на Република Македонија ќе продолжи да ја добива од ОБСЕ во реализацијата на реформскиот процес.

dobivaj vesti na viber

По средбата, премиерот Заев и генералниот секретар на ОБСЕ, Гремингер, одржаа заедничка прес-конференција на која ги потврдија заложбите за понатамошно интензивирање на соработката помеѓу земјата и ОБСЕ во насока на продолжување на демократските процеси за кои се очекува да резултираат со полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Ја потврдивме цврстата определба на новата Влада на Република Македонија за заштита на човековите права, функционирањето на правната држава и посветеноста на реформскиот процес. Работиме и ќе работиме во согласност со стандардите на Европската Унија и на ОБСЕ во сите важни области за граѓаните и за државата затоа што ја гледаме иднината на Република Македонија во ЕУ“, изјави премиерот Заев.

Заев истакна дека со посебно внимание ќе се работи на воспоставување непристрасен, професионален и ефикасен судски систем во согласност со препораките на Европската комисија, на Венециската комисија на Советот на Европа.
„Се согласуваме со прелиминарната изјава на ОБСЕ/ОДИХР за изборите, кои се оценети како демократски и конкурентни, со почитување на човековите права и потребата за цврсти заложби за јасна поделба меѓу државата и политичките партии и обезбедување услови за балансирано медиумско известување, што е меѓу нашите приоритети во работењето како Влада“, порача премиерот Заев.

Тој посочи дека интензивно се работи на градење едно општество, со што се подобрува имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, на унапредување на добрососедските односи низ пријателски пристап за решавање на сите прашања во интерес на граѓаните и во таа насока премиерот Заев посочи дека се забележуваат првите придвижувања, преку договорот со Бугарија, транспортната заедница, регионалната економска соработка, односите на доверба со Грција.

Генералниот секретар на ОБСЕ, Гремингер, ги охрабри сите вклучени страни да работат заедно на зајакнување на демократските процеси и на враќање на довербата во државните институции за кои рече дека треба да бидат транспарентни, отчетни и инклузивни за да се осигури просперитетна иднина за сите граѓани на земјата.
„ОБСЕ и институциите на нашата организација и нашата мисија во Скопје се овде да ве поддржиме и продолжуваме со партнерскиот однос што го негуваме во соработката со државните институции и поддршката на реформите во клучните области“, истакна генералниот секретар Гремингер.

На самиот крај од своето обраќање генералниот секретар Гремингер се заблагодари за силната поддршка што земјата ѝ ја дава на мисијата на ОБСЕ, повика да продолжи соработката и да се искористи во целост вредносниот потенцијал на мисијата и порача дека 2017 година е важна како јубилеј на 25 години од работењето на мисијата во земјата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Мицкоски од Пробиштип повика на масовна излезност во вториот круг

Во првиот круг коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници. Двајца во меѓу време, помеѓу првиот и вториот круг,...

Македонија13 часа

Уапсени двајца полицaјци осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители...

Македонија14 часа

Приведени две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“

Приведени се две лица од раководството на Комунална хигиена, соопштија од Основното јавно обвинителство. Како што додаваат од таму, лицата...

Македонија16 часа

Локацијата на ГОБ „8 Септември“ на Мицкоски му изгледа како одлична за нов клинички центар: Има три булевари, гасна поврзаност, но да оставиме експертите да кажат

Премиерот Христијан Мицкоски чека да завршат локалните избори за да распише повик за финансиски институции што ќе понудат кредити за...

Македонија17 часа

Мицкоски: Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД

Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД,...

Топ18 часа

Кривична против полицаец: пукал со пиштолот во просторија во СВР Струмица откога потпишал решение за отстранување од работното место

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија19 часа

(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“

Општина Центар информира дека во моментот екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на...

Топ19 часа

(Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот што со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити

Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека...

Топ20 часа

На „Дижонска“ уапсен скопјанецот што пукаше со пиштол во Чаир

Вчера околу 20 часот на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т....

Европа21 час

(Видео) Путин се пофали со летачкиот „чернобил“, Трамп: Треба да ја завршите војната во Украина, а не да тестирате ракети

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета со нуклеарен...

Македонија22 часа

Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот

На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот...

Европа23 часа

Полскиот премиер: Русите имаат една голема предност пред Европа

Полскиот премиер Доналд Туск откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол во неодамнешен разговор дека Украина е подготвена да...

Европа23 часа

(Видео) Голем напад со дронови врз Москва, одекнуваат експлозии

Москва беше цел на десетици дронови синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој информира за ситуацијата во текот на целата ноќ....

Топ1 ден

Скопјанец ограбил две компании за брзи кредити, па го фрлил оружјето од Камени мост и побегнал во Хрватска

Обвинителството поведе истрага против 25-годишен скопјанец, осомничен за две разбојништва извршени во август оваа година во објекти на компанија за...

Македонија2 дена

Мицкоски: Кога Јакимовски бараше поддршка го замолив да нема бетонизација, а потоа ми рече ‘морам од нешто да живеам’

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од маалска средба во општина Карпош порача дека е време за промена и крај на,...

Македонија2 дена

И меѓународната заедница гледа со неверување дека некој во 21 век може да се однесува така, рече Мицкоски по повиците за етничко гласање во вториот круг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Брвеница испрати порака дека сите кои работат за иднината на државата имаат негова...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче најави политички и кадровски промени во СДСМ

Претседателот на СДСМ,Венко Филипче, во изјава за медиумите по првиот круг од локалните избори истакна дека партијата бележи раст во...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ деновиве ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат за градоначалник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата во следните денови ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што...

Свет2 дена

Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре

Француската полиција уапси две лица осомничени за кражба на непроценливи крунски драгоцености од музејот Лувр, извршена на 18 октомври. Истрагата...

Свет2 дена

Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне...