Контакт

Daily news

Владимир Пиштало: Александар Македонски за мене е рок-ѕвезда

Објавено пред

Писателот кој за книжевни јунаци ги има Никола Тесла, Александар Македонски, Корто Малтезе и Иво Андриќ говори за Балканот како најдоброто „основно училиште на светот“ во коe се крчкаат разни култури и цивилизации

dobivaj vesti na viber

Едно од најмаркатните имиња на годинешниот интернационален книжевен фестивал „Про-за Балкан“, кој се одржува деновиве во Скопје, е српскиот писател со американска адреса Владимир Пиштало. Пиштало работи како вонреден професор по либерални уметности на колеџот Бекер во Бостон, Масачусетс, каде што предава американска и светска историја. И мало појаснување на Пиштало на почетокот на разговорот за „Макфакс“: Американците под либерални уметности подразбираат хуманистички науки.

„Кога го завршував докторатот во Америка темата мораше да биде од американската историја, па така станав професор по американска, но и светска историја. Денес под светска историја се подразбира она што порано се нарекуваше западна цивилизација, што е кодно име за христијанската цивилизација. Американците имаат една супер работа во образованието – му допуштаат на студентот да биде неопределен на почетокот на студиите. Може еден курс од физика, еден од драмска литература и слично, па потоа се определува според афинитетот. А кај нас морате веднаш да изберете некоја специјалност“, објаснува Пиштало.

Неговата книга „Тесла, портрет со маски” е објавена во 2008 година, а 2015 година во превод на англиски јазик (издание на „Грејволф прес“) и веќе е објавена на десетина јазици. Меѓу другите тој роман ја доби и престижната НИН-ова награда во Белград, а „Милениум во Белград“ беше оценет како еден од најдобрите романи преведени на француски јазик.

Родениот сараевчанец (1960 год.) најпрвин завршил Правен факултет во Белград, пишувал есеи, критики, раскази и романи. Освен НиколаТесла, негови книжевни јунаци се и Александар Велики, Корто Малтезе и Иво Андриќ (во неговиот најнов роман кој е во печат). Пиштало го има напишано веројатно најинспиративниот предговор за некоја книга што може(л) да се прочита во балканските книжевности. Се работи за збирката есеи и раскази „Станица на фантомските возови“ на неговиот книжевен соплеменик и новинар Теофил Панчиќ, докажувајќи дека зависта и еготрипот не се нужни предиспозии некој да се занимава со пишување.

„Вие сте прв човек што го споменува тој предговор! Уживав додека го пишував, да ги поврзам различните теми во творештвото на Панчиќ, но баш ми е драго за ваквата реакција, бидејќи доаѓа од неочекувана насока“, вели Пиштало.

 

 

Дијалог на сè со сешто

Пиштало пишува некој вид есеи со силна нишка на поетска проза, па вели дека секогаш имал проблем со жанровските определби. Дали тоа е „данокот“ на постмодерната?

„Мојот роман за Иво Андриќ е тек на свеста со збирка патописи и песни. Самото есеизирање за мене е неинтересно, како беспотребно чување на некое образовно благо. Креативното пишување се состои во откривањето нови работи, па затоа мислам дека повеќе е поврзано со начинот на мислење отколку со потмодерната“, објаснува Пиштало.

За нашата публика, којашто понекогаш шета низ централниот скопски плоштад, може да биде интересен податокот дека Александар Велики „дојава“ во авантуристички и книжевни облици од странство многу години пред да биде поставен денешниот монументален споменик.

Во 1990 година загрепскиот патеписец Жељко Малнар тргна од Скопје со експедиција на коњи по замислената маршрута на освојувачките походи на Александар Велики. Ги помина Бугарија и Турција, стигна до Сирија, па експедицијата заради немање средства не го продолжи патот до Афганистан.

Белградскиот писател Владислав Бајац кон крајот на милениумот го напиша одличниот роман „Друидот од Синдидун“. Во неговата фикција главен лик е Александар и неговото необично пријателство со келтскиот друид, од кого го добива последниот совет пред смртта: да биде погребан на две места, па така ќе остане вечна мистерија за сите, но и за себеси.

И Пиштало во 1999 година го објави краткиот роман „Александрида“.

„Јас направив личен споменик на Александар, и жал ми е што таа новела не е преведена на македонски јазик. Јас го гледав Александар како рок-ѕвезда, безмалку како Џим Морисон. Тоа се луѓе кои направиле сè во животот до 33-тата година, доба во кое другите допрва ги почнуваат битните животни обврски. Не само што ја проширил империјата туку ги ‘венчал’ Истокот и Западот. Земал 10 илјади македонски благородници и ги венчал со 10 илјади персиски благороднички. Добро, сите тие бракови не успеале да се одржат, но тоа е и биолошко мешање на Истокот и Западот. Александар е ученик на Аристотел, Аристотел е ученик на Платон, Платон е ученик на Сократ… Алекандар стигнал до Индија, и таму разговарал со гимнософистите, духовници кои практицираат јога, па го имате ученикот на Сократ кој разговара со учениците на Упанишадите. Тоа е дијалог на сè со сешто, на секој со секого“, раскажува Пиштало.

 

 

 

Опсерваторијата на светот

За него Балканот е вечна инспирација бидејќи е најдоброто „основно училиште на светот“.

„Нашите луѓе од регионот ги гледаат само негативните аспекти на балканската приказна. Вук Караџиќ уште во 19 век рекол: ‘Ние сме несреќни во многу што, речиси во сè’. Балканот може да биде инспиративен за луѓето што сакаат да научат, тој е опсерваторија на светот. Марија Тодорова во ‘Замислувајќи го Балканот’ пишува дека во грчко-римската ера Балканот бил нарекуван Catena Mundi, копча на светот, бидејќи ги поврзувал двата најважни градови на империјата – Константинопол и Рим. Тука поминувало сè што било вредно. Дури и кога Емир Кустурица ги добиваше сите европски награди, му беше нудено да снима филм по книжевноста на Достоевски. Зошто? Веројатно затоа што за Французите и Италијанците им е потешко да ја разберат неговата литература. Не сум сигурен дека на Германците од Хамбург им е лесно да ги разберат Италијанците од Сицилија. Но, на човекот од Балканот му е отворен погледот и на медитеранската култура, и на турската, арапската и исламската култура, секако и на грчката, но и на средноевропската… Балканците го читале и Мирослав Крлежа и Роберт Музил, словенските писатели, па затоа, потенцијално, ни се достапни многу искуства“, набројува Пиштало.

Пиштало сè уште верува дека реалноста е руда од која, кога ќе ја измиете, може да добиете материјал за соништата.

„Тој процес на гледањето подлабоко во нештата е слично како кога од некоја грутка симнувате една по една обвивка, за да дојдете до килибарот“, потенцира Пиштало.

Стојан Синадинов

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија4 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија6 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија7 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија7 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија7 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија8 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион9 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет10 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија10 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа11 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет11 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет11 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет12 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет12 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа12 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет23 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет1 ден

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет1 ден

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...