Контакт

Daily news

Власта ќе го менува Законот за укажувачите со препораките на Венециската комисија

Објавено пред

Повеќе од една година откако Венециската комисија на Македонија ѝ препорача да биде дозволено објавување материјали од бомбите што ја засегаат јавноста, власта почна со постапката за измена на Законот за заштита на укажувачите. Во мислењето на 23 страници лани Комисијата даде преглед на решенијата вклучувајќи серија препораки.

dobivaj vesti na viber

За Законот за заштита на укажувачите да може да функционира, треба да биде усогласен со Законот за кривичната постапка, со Кривичниот законик и со Законот за заштитените сведоци оти пријавувачот може да стане сведок. Суштинските препораки од Комисијата се однесуваат токму на степенот на дозволеност за јавно пријавување, кој, според неа, е поставен премногу високо. За да добие статус на заштитен укажувач, тој мора да го пријави случајот првин внатрешно, таму каде што работи, потоа надвор – во надлежна државна институција, а потоа во медиумите. Меѓународните стандарди предвидуваат јавно пријавување, во медиумите, дури и во услови кога нема можности за надворешно и внатрешно пријавување, како што е ситуацијата во Македонија.

За да излезе во јавност, од укажувачот се бара да покаже дека доказите за незаконските активности може да бидат уништени. Во препораките од Венециската комисија пишува дека овој услов не треба да постои во Законот.

Венециската комисија препорачува да се донесат општите правила со кои му се дозволува на судот да одреди под кои услови може да биде откриен идентитетот на укажувачот. Во законското решение е наведено дека судот во одредена фаза од постапката, ако процени дека е неопходно, може да го открие идентитетот на пријавувачот. Комисијата проценува дека е неопходно да се утврдат правата на анонимност и доверливост за да не постои конфузија, а на укажувачот да му се остави правото да избере дали да го открие својот идентитет.

Санкцијата до шест илјади евра за тој што ќе го открие идентитетот на укажувачот надвор од пропишаните правила не е доволна за да спречи злонамерно обелоденување информации во врска со укажувачот, пишува во препораките на Комисијата. Наведено е дека би било добро пријавите на укажувачите да одат преку независно советодавно дело, а државните агенции или Министерството за правда да бидат врската до телото.

Венециската комисија за Законот за заштита на приватноста препорача сериозна и длабинска ревизија. Овој закон има легитимна цел, но не се постигнува соодветна рамнотежа меѓу личниот интерес и интересот на јавноста да биде информирана, пишува во документот на Комисијата.

Барањата за писмени мислења, забелешки и сугестии може да се доставуваат до Единствениот електронски национален регистар на прописи (ЕНЕР). Овој закон е и дел од планот на Владата 3-6-9 за реформи во повеќе сфери од општествениот живот. Законот треба да биде донесен најдоцна до 15 септември.

В. Маглешов

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет40 минути

Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со мировните преговори во Украина

Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината...

Регион54 минути

(Видео) Илјадници протестираа против владата во Бугарија, луѓето се судрија со полицијата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првата...

Европа9 часа

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави...

Свет9 часа

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп бил превентивен по...

Македонија13 часа

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на...

Македонија13 часа

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина...

Македонија16 часа

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија20 часа

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија21 час

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија21 час

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...

Македонија22 часа

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет22 часа

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање поагресивен став како одговор на руските кибер-напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави највисокиот воен...

Свет22 часа

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет23 часа

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет24 часа

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија2 дена

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија2 дена

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија2 дена

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија3 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...