Daily news
ВМРО-ДПМНЕ бара посериозен одговор од власта кон еколошките „бомби“ во земјата

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата за несериозност во решавањето на проблемот со депонијата во Струга, како и за други „еколошки бомби„ во државата.
„Несовесниот и неодговорниот однос на Владата на СДС во делот на животната средина, имаме можност секодневно да гледаме, но и оправдано да стравуваме од еколошките бомби кои се појавуваат насекаде околу нас.Наместо да имаме активност на решавање на проблемите, пред нас има ретроградни процеси и импровизаторски активности.
Владата на СДС со месеци и со сите владини функционери испратени во Струга не може да изгаси една депонија која и ден денес го труе народот во Струга и во целиот регион. Оваа екоклошка катастрофа предизвикува огромна штета пред се врз здравјето на граѓаните, врз животната средина меѓутиа ја уништува и туристичката сезона во овој регион. И сега после сите штети кои настанаа најавуваат наводно итно решавање на проблемот. СДС остана глува на барањето на граѓаните во Струга заедно со здруженијата за заштита на животната средина од овој град, кои преточено во амандман кој се однесуваше на ребалансот на буџет, да се санира и конечно реши овој проблем.
Тоа го покажа целото лицемерие, негрижа и неодговорност во нивната работа. СДС подеднакво несериозно пристапува и кон решавањето на дивите депонии кои се појавуваат и во Куманово, и во Струмица и во Тетово кои исто така претставуваат сериозна еколошка темпирана бомба можеме да претпоставиме какви се последци може да предизвикаат доколку им се случи пожар како што е овој во Струга.
Владата на СДС не само што не предвидува дополнителни средства за решавање на овие проблеми кои ги имаат општините, туку напротив и ги крати. Ова е стратешка и институционална грешка, која може да има далекусежни последици. Впрочем како поинаку да се толкува одлуката на Владата на СДС која скрати неколку милиони евра во планираниот ребаланс на Буџетот за 2017 во делот за заштита на животната средина.
Ова само укажува каков ќе биде односот на СДС кон оваа проблематика од исклучителна важност за квалитетот на живот и здравјето на луѓето. Тие како и во други области и во областа на заштитата на животната средина и природата, само ја потврдуваат нивната добро позната пракса, додека се опозиција знаат да бидат лицемерни, загрижени и да ветуваат, а кога доаѓаат на власт го покажуваат целото свое неработење, неспособност и индиферентност кон барањата и потребите на граѓаните“, изјави Марјан Додовски од оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.