Daily news
ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ расипнички ги троши парите на граѓаните

На прес-конференција во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски обвини дека Ввладата на СДСМ ги троши парите на граѓаните без милост и расипнички управува со државната каса. „Владата на СДС за 14 дена потроши цели 1.2 милијарди денари, односно 20.5 милиони евра за стоки и услуги, односно патни и дневни расходи за претставниците на власта, инвентар за нивните канцеларии и за вработувања на партиските послушници“, вели Кржалоски.
„Заев и неговите министри кои ветуваа дека ќе донесат живот, за 14 дена стопија 20.5 милиони евра од вашите пари буквално за задоволување на сопствените апетити за луксузирање, наплаќајќи го истото од вашите пари. СДС за да може да се расфрла со парите на граѓаните, и да троши по 20 милиони евра за патни трошоци и партиски вработувања, за само 87 дена ја задолжи државата за неверојатни 145 милиони евра, а од државните резерви стопи 177 милиони евра. Политиката на огромни задолжувања, која ја спроведува владата на СДС забрзано ја води Република Македонија кон банкрот. СДС не размислува за иднината на државата и граѓаните, затоа безмилосно ги задолжува уште неродените генерации со стотици милиони евра, кои се трошат на патни трошоци и партиски вработувања“, истакна тој.
Кржалоски меѓу другото изјави „Владата на СДС без срам зема од парите на граѓаните и ги расфрла за патни трошоци на Заев и неговите соработници, за вработување и вдомување на државна плата на партиските послушници и таканаречените граѓански активисти, додека ја задолжува Република Македонија со стотици милиони евра. Лудилото на СДС не завршува тука, владата секојдневно одвојува милиони денари за невладините организации. За само еден ден на 24-ти овој месец владата префрлила 1.4 милиони денари кон истите“, изјави Кржалоски на прес-конференцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.