Daily news
ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија на власт дојде мафијашко здруженије наречено СДС
Вадењето на пиштоли на граѓани кои ги почитуваат законите станаа секојдневие во Македонија во овој изборен циклус. Граѓаните кои гласаат за ВМРО-ДПМНЕ се таргетирани од криминалните структурури под контрола на СДС, малтретирани, тепани и под закана за нивната безбедност и живот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Но заплашувањето, уцените и заканите повеќе не функционираат, граѓаните се почесто и посмело излегуваат јавно да сведочат за мафијашкото делување на СДС. Смелоста на овие луѓе ќе го порази режимското владеење на Зоран Заев и СДС. Граѓаните на полицијата и Оливер Спасовски со име и презиме им ги посочуваат сторителите на овие кривични дела, но полицијата во овие случаи се јавува само како сооучесник, наместо да ја врши својата законска дожност“.
Само последен во низата црни настани со кои во Македонија се укинува демократијата е инцидентот што се случи во Демир Капија каде градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја води борбата за вториот круг од локалните избори. Според сведоштвото на граѓаните по посетата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија на граѓанин, на врата тропнала мафијата на СДС која со огнено оружје почнала да им се заканува дека ќе ги убие поради нивната политичка определба.
Мафијашите, симпатизери на СДС по сведоштвата на граѓаните и признале дека редовно го следат кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Демир Капија. Со што уште еднаш се потврди дека навистина сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата кампања се следени од симпатизери на СДС со цел вршење на притисоци, уцени и поткуп на местата кои се посетени од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.
Народот е под невиден притисок и нема можност во фер и демократска атмосвера да го даде својот глас и да го оствари своето законско право.
Вакви криминални избори какви што организира СДС нема ни во некоја од земјите од третиот свет, а не пак во Европа. Очигледно е дека власта корумпира, а апсолутната власт корумпира апсолутно. СДС треба да се свесни дека нема да владеат вечно и дека за сите овие напади, изборни манипулации и инжењеринг еден ден ќе одговараат пред лицето на правдата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.