Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДС ја задолжуваат државата и граѓаните за непродуктивни трошоци

Објавено пред

Расипничката политика на СДС ја турка македонската економија кон сигурен колапс. СДС ја задолжи државата за 360 милиони евра, а од државните резерви без реален основ и посебно објаснување испумпа 180 милиони евра, тоа се над половина милијарди евра или неверојатни 540 милиони евра, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од таму велат дека СДС ја задолжувала државата, без најава за започнување на ниту една капитална инвестиција. Владата на Заев, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, дополнително на ова расипничко делување и на штета на граѓаните ги укинува и блокира сите проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС потроши над половина милијарда евра, пари кои што утре ќе ги враќаме ние и нашите деца. Заев и СДС ја задолжуваат државата и граѓаните за непродуктивни трошоци. Доколку владата продолжи во оваа темпо за една година ќе ја задолжи државата за повеќе од една ипол милијарда евра“ стои во соопштението.

Недомаќинското и алчно работење на владата на СДС и Заев мора да се запре. Граѓаните и идните генерации не се должни да го плаќаат луксузниот живот на врхушката на власта. Граѓаните можат да стават крај на ваквиот расипнички однос на СДС.

СДС ќе одговора пред идните генерации за уништувањето на нивната иднина, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Таравари очекува решение што нема да биде фрустрирачко за партиите од „Вреди“, вечерва оди на состанок со лидерите од коалицијата

Лидерот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, најави дека вечерва ќе ги продолжи разговорите со лидерите...

Македонија38 минути

Вработените во штипскиот затвор со поинаква верзија за дрогата, за полицијата и за кучката Цеца

Група вработени лица во штипскиот затвор реагираа со демант на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов,...

Македонија1 час

(Видео) Апсења во фабрика за канабис, најдени сомнителни буриња

Извршени се претрес и вонредна контрола во фирма во Гостивар, која поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели. Фирмата...

Македонија2 часа

Обвинителите го прашуваат таткото на Вања зошто бил невработен и каков ученик бил: „Со Шекеринска бевме првенци на генерацијата“

Во судот денес сведочи Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој одговара на прашањата на обвинителите. Во испитувањето се осврнаа...

Македонија2 часа

„Пред велигденските празници ќе бидат достапни сите лекови за онколошките пациенти во количини за наредните 12 месеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС повторно шири лаги и манипулации. СДС е препознатлив единствено по неговата навика да користи чувствителни теми за да го...

Македонија3 часа

Се бара одговорност за илјадниците примероци од Правописот што со години скапувале во несоодветни услови

По информациите дека повеќе од 2.600 примероци од Правописот на македонскиот јазик (второ издание, 2017 година) седум години се чувале...

Македонија3 часа

Алијансата го исклучи од партијата директорот на Геријатрија, кој барал мито за да смести неподвижно лице

Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи, кој е осомничен дека зел мито за да смести неподвижно лице....

Македонија4 часа

Наместо оставки, членовите на Судскиот совет оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на млада девојка на пешачки, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на Судски совет со изгласана недоверба, наместо да поднесат оставки, оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на...

Македонија5 часа

(Видео) Мециновиќ: Кандидатите за Програмскиот совет на МРТ претендираат за трет мандат спротивно на законот

„Во член 118 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги се вели следното: мандатот на членовите на Програмскиот совет...

Македонија5 часа

Дел од онколошките пациенти повторно без лекови, СДСМ бара одговорност

Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Oколу еден месец нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало...

Македонија5 часа

Свлечиште во Битолско блокира пат

РЦУК Битола, известува дека поради настанатото свлечиште на патот што ги поврзува село Долно Дивјаци, Општина Крушево и село Кочишта...

Македонија5 часа

Потрагата по исчезнатото повозрасно лице од Степанци во Штипско продолжува

Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16:20...

Европа5 часа

(Видео) Обилен снег паѓа во Анкара

И покрај тоа што е речиси половина од април, месецот кој повеќето го поврзуваат со пролетта, утрово во турската престолнина...

Регион6 часа

(Видео) Орбан го поддржа Вучиќ: „Вашата борба е и наша“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати порака со поддршка до српскиот претседател Александар Вучиќ во која порача дека српските патриоти можат...

Свет6 часа

(Видео) Директор на „Сименс Шпанија“, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Попладневното патување на семејство шпански туристи над замаглениот брег на Менхетен се претвори во трагедија кога хеликоптерот во кој се...

Свет7 часа

Златото достигна рекордно високо ниво поради стравувањата од трговска војна меѓу САД и Кина

Цената на златото достигна нов рекорд бидејќи расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега...

Свет7 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Њујорк, шест лица загинаа, меѓу кои и деца

Неколку служби за итни случаи реагираа вчера вечер на извештајот за пад на хеликоптер во реката Хадсон, недалеку од западниот...

Македонија16 часа

Уште неотворена, новата градинка во Бутел демолирана – хулигани искршиле врати и прозорци, штетата е голема

Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1, објави градоначалникот Дарко Костовски. Вели дека МВР веќе има лоцирано осомничени лица,...

Топ17 часа

„Ќе ве убијам и тебе и татко ти ако излезе видеото“ – скопјанец се снимал додека пука со автоматска пушка, па се заканувал

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка за 35-годишник кој во неговиот дом во Кондово неовластено држел полуавтоматски пиштол...

Македонија21 час

Судски совет за пресудата за Теодора – судијата не можел да пресуди повисока казна

Судскиот совет ја разгледа пресудата за возачот кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска во Тетово со која беше осуден на...