Daily news
ВМРО-ДПМНЕ: Заев најавува ново кршење на Уставот преку реизборот на судии

„Спротивно на волјата на народот, спротивно на Уставот, Деловникот и законите на Република Македонија, СДС почна да ја спроведува Тиранската Платформа. СДС имаше обид нелегално да избере претседател на Собранието и направи класично политичко насилство. СДС дозволи албанското знаме да влезе во кабинетот на втората по ранг функција во државата“, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС молчи околу најавите на Талат Џафери дека ќе го раководи Собранието на Република Македонија на албански јазик. Нормите се јасни, пратениците да може да се обраќаат на својот мајчин јазик, доколку истиот го говорат над 20 отсто од населението бидејќи тоа е индивидуално право, но кога се води седница, тоа е чин од позиција на претседател на Собрание и во име на институцијата која што ја претставува и затоа единствен службен јазик и официјален јазик на територијата на Македонија е македонски“, додаваат од партијата.
„Со молкот се потврдува стравот на народот дека СДС договорил албанскиот јазик да биде официјален на целата територија на Македонија, само за да се добере до власт, а македонското Собрание да стане трет парламент во регионот каде седниците ќе се водат на албански јазик“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите овие отстапки на штета на државните и национални интереси кои ја редефинираат Република Македонија сега Заев сака да ги покрие со најави за популистички мерки и нови кршења на Уставот како што е реизборот на судии. СДС еднаш веќе го имаше унакажено и целосно партизирано судството со реизбор на 600 судии кои ги имаа поминато нивните партиски филтри. Судството тогаш го допре дното. Сега Заев сака да го реализира истото сценарио само за да се спаси од одговорност за криминалиите кои што ги правел. Заев мисли дека доколку во судовите постави партиски послушници, тие ќе го амнестираат исто како што Црвенковски го аболицираше за криминалот во „Глобал“ тежок осум милиони евра или како што Катица Јанева го спаси од одговорност во случајот „Пуч““, велат од партијата.
„Целата јавност го виде како бесрамно бара поткуп по едно евро од квадрат кои треба да се уплатат кај Вицето. Целата јавност знае за криминалиите во „Цареви кули“ и исплатите кон „Струмица гас“. Делата против државата и уставното уредување кои тој и криминогеното раководство на СДС во континуитет ги прават не застаруваат. Единствено нешто на кое што Заев може да се надева е дека со промена на судии, ќе ја одложи правдата, но бегање нема. Казната ќе стаса“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.