Daily news
ВМРО-ДПМНЕ: Народниот правобранител да постапи против партискиот прогон во администрацијата
Бараме итно народниот правобранител како институција која се грижи за човековите права да поведе постапка против сите оние што вршат партиски инспириран прогон врз вработените во државната администрација. Единствена причина за тоа е што не се членови на СДС, изјави Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ
Таа истакна дека СДСМ противзаконски брка од работа и остава на улица самохрани мајки и жени и затоа обврска на народниот правобранител е да го спречи ова дивеење и хајка на партијата на власт.
„Апелираме до народниот правобранител што побргу да се фати за работа и да ги зашити интересите на граѓаните на Република Македонија. Сакаме да му посочиме дека овде се работи за луѓе со човечки судбини и за нивната егзистенција.
На лудилото на СДС му нема крај. Самохраната мајка Ристенка Атанасова, Бранка Шишовска од Берово, Роза Јаневска од Неготино, Весела Честоева, самохраната мајка Катерина Матиќ и уште десетици други жени, кои се веќе докажани професионалци во својата дејност, се оставени на улица да се снаоѓаат како што знаат и умеат.
Партискиот прогон на СДС не застанува тука. Ветија дека ќе јадат живи луѓе, дека ќе бркаат на клоци од чистачка до министер, дека членската на СДС ќе стане нова лична карта. Гледаме дека тоа почнува да се остварува. Стотици вработени во администрацијата се под мобинг, закани и притисоци само затоа што се вработиле изминатите години и не се согласуваат со политиките на Зоран Заев.
Граѓаните се сведоци на брутално и немилосрдно партизирање на институциите. СДС и Зоран Заев не ги интересира што овие жени, самохрани мајки, се оставени без егзистенција. Режимот на СДС не го интересира што овие жени имаат дечиња за кои треба да се грижат. Режимот на СДС не го интересира што овие жени оствариле значаен придонес онаму каде што работеле. Единствениот грев што овие жени го имаат направено е што не размислуваат политички исто како СДС и Зоран Заев.
Наместо СДС да се занимава и главна преокупација да му биде политичката одмазда на неистомислениците, апелираме да се фатат за работа и да гизреализираат сите ветувања што им ги дадоа на граѓаните на Република Македонија
Истовремено, бараме сите вработени што биле неосновано и незаконски избркани од работа да бидат заштитени од страна на Агенцијата за државни службеници, од Трудовиот инспекторат, од Комисијата против дискриминација, од судовите. Интересите на граѓаните пред режимот на Заев мора да бидат приоритет на институциите во Република Македонија. Истовремено, очекуваме и канцеларијата на Европската Унија да реагира на ваквото кукавичко однесување на СДС“ – рече Ласовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.