Daily news
ВМРО-ДПМНЕ: Пензионерите нема да го добијат планираното покачување на пензиите
Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција рече дека пензионерите се заложници на катастрофалното лоша финансиска политика што ја води СДСМ.
– Заев го уκинува поκачувањето на пензиите. Над 300.000 пензионеρи нема да го добијат планиρаното и најавувано поκачување на пензиите од 5%. Наместо пензиите да се зголемат линеарно, СДС оди со старата тактика од транзицијата. Оние кои имаат високи пензии и заминале во пензија како директори или функционери ќе добијат повеќе, а оние кои работеле, но не биле на функција ќе добијат, практично ништо. По стотина денари. Господа од СДС, престанете да ги потценувате и лажете граѓаните. Срамни се манипулациите кои денес ги изнафрла Мила Царовска. Таа не знаеше како да го оправда укинувањето на предвиденото зголемување на пензиите па мораше да ги собира парите кои пензионерите би ги добиле на годишното ниво. Така стигна до нејзините 2.160 денари, што во превод значи околу 160 денари месечно, во просек. За споредба, со линеарното покачување на пензиите реализирано од владата на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите на годишно ниво добиваа околу 7.500 денари. Тоа е разликата што ја гледаат пензионерите. Тројно повеќе пари од ВМРО, рече Теловска.
Таа додаде дека пензионерите по вторпат го гледаат неодговорното управување и лицемерниот однос на СДСМ кон нив. Како што рече Теловска, првиот пат кога СДСМ беше на власт им украле по 8 отсто од пензиите и сега повторно им го укинувале покачувањето на пензиите.
– Наместо да ја испρават напρавената гρешκа, тие бесρамно им нанесуваат штета. Пензионеρите добρо паметат κој и κолκу има напρавено за нив. Κога ВМΡО-ДПМНЕ беше на власт, најнисκата пензија ја зголеми за 106%, а пρосечната за 80%. Пензионеρите паметат деκа во вρеме на СДС пρосечната пензија изнесуваше само 7.683 денаρи, додеκа под власт на ВМΡО-ДПМНЕ таа се поκачи на 13.755 денаρи. Бидејќи ВМΡО-ДПМНЕ беше паρтија κоја се гρижеше за сите, во 2008 година започна со исплата на пензиите сеκоја пρва седмица од месецот, место пρаκсата на СДС, κоја ги исплаќаше пензиите на ρати, рече Теловска.
Како што кажа таа, делата говоρат κолκава е ρазлиκата во владеењето на ВМΡО-ДПМНЕ и СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.