Daily news
ВМРО-ДПМНЕ повика на марш пред Министерство за правда

ВМРО-ДПМНE ги повика сите граѓани, патриоти, без разлика на нација, вера и припадност, секој човек кој ги осудува реваншизмот, политичкиот прогон и неправдата да излезе и да им се придружи на маршот пред Министерството за правда. Маршот ќе се одржи во 16:30 часот пред Министерство за правда.
„Браќа и сестри, дами и господа, вие сте тие кои реагирате и кои одлучувате! Да покажеме дека сме слободоумни, самосвесни, слободни луѓе, кои не се плашат од ризиците туку смело им пристапуваат, кои не се штедат за да се борат за правдината, и кои не се срамат што си ја сакаат Татковината. Да се спротивставиме на грубиот обид за фалсификување на историјата, на оние кои сакаат љубовта кон Татковината да ја претстават како нешто погрешно, оние кои го казнуваат патриотизмот како реакција додека се обидуваат да ги скријат газењето на Уставот и законите како причини за реакцијата.
Да покажеме солидарност, почит и симпатија кон браќата и сестрите кои се жртви на неправдата, на кои им се ускратува правдината и кои се во притвори и затвори само заради својата идеја и љубов за Македонија!
Старо, младо, машко и женско на нозе да се кренеме.
Да чекориме по патеката на правдината и љубовта кон Македонија, исто како што со љубов чекоревте повеќе од 80 дена, сплотени и обединети во вредностите, во енергијата, во визијата за подобра и заедничка Македонија.
Патот е тежок, но нема друг, борбата ќе биде долга и тешка, ама ќе успееме!
Успехот зависи од вербата, а ние веруваме!
Денес сме ние на удар, но утре неправдата сигурно ќе стигне до вас. Затоа ние се бориме и за вас, за притиснатите, заплашените, дискриминираните, обесправените. И затоа оваа борба добива на вредности и е дотолку поголема и попотребна.
ВМРО-ДПМНЕ го организира овој марш, но ова не е само партиски собир, ова е собир на кој може и на кој треба да се приклучи секој патриот, секој граѓанин, без разлика на нација, вера и припадност, секој човек кој ги осудува реваншизмот, политичкиот прогон и неправдата.
Нашиот народ е како пиреј, корни го ништи го, тој пак ќе никне и ќе се исправи!
Затоа Биди Пиреј!
Приклучи се на Маршот за правдината и за Татковината!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.