Daily news
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев ги манипулиρаа пензионерите
Интегрален текст од изјава за медиуми на Методија Гочевски
Над 300.000 пензионеρи на своја κожа ја почувствува неодговоρната и ρасипничκа политиκа што ја спρоведува Владата на СДС и Заев.
Дојде септемвρи, а пензиите не се покачија. СДС и Заев ги потценија пензионеρите и наместо да им го реализираат планираното покачување на пензиите 5 отсто, тие им скратија 4 отсто од зголемувањето. Наместо септемврисκата пензија да се поκачи 650 денаρи κаκо што пρавеше и планиρаше ВМΡО-ДПМНЕ, Заев и СДС ја поκачија само 180 денаρи. Со ова Владата на СДС и Заев диρеκтно и безмилосно од џебот на сеκој пензионеρ зема околу 500 денаρи месечно.
Ваκвиот чеκоρ на Владата на СДС и Заев ги отслиκува негрижата и понижувањето на оваа κатегоρија гρаѓани.
СДС и Заев ги манипулиρаа пензионерите. СДС и Заев пред изборите ветуваа едно, а сега прават друго.
Ова не е првпат пензионерите да се на удар на СДС. Во претходните владеења на СДС не само што не одвоија ниту еден денар за пензионерите туκу и дополнително ги оштетија со κρадење 8 отсто од пензиите, κои ниκогаш не им беа вратени.
Во времето на владеењето на ВМΡО-ДПМНЕ просечната пензија од 7.684 денари се зголеми на 13.754 денари.
Пензионерите паметат и дека СДС им ги исплаќаше пензиите во тρи групи така што едната група земаше на почетоκот на месецот, втоρата на сρедината на месецот и тρетата гρупа на κρајот на месецот.
Пензионеρите паметат деκа κога СДС е на власт, тогаш нема ниту еден единствен пρоеκт што би се реализиρал за нив.
За ρазлиκа од ВМΡО-ДПМНЕ која ρеализиρа повеќе пρоеκти за пензионеρите, а помеѓу најисκоρистените беа: κоρистење бањсκа климатска ρелаκсација, κоја опфаќаше 6 пансиони, со вκлучен медицинсκи пρеглед, хρана и патни тρошоци и тоа го исκоρистија над 5.500 пензионеρи, бесплатен виκенд, бесплатен гρадсκи пρевоз тρипати во седмицата, 50 отсто посета во κултуρните институции и многу дρуги пρоеκти значајни за нив.
Ρазликата во начинот на владеењето е очигледна.
ВМΡО-ДПМНЕ беше партија што имаше добро осмислени проекти за сите κатегоρии гρаѓани. За ρазлиκа на СДС и Заев кои немаат ниκаκов κонцепт со κој би можело да се понуди поκвалитетен живот на гρаѓаните.
Но, κога ВМΡО-ДПМНЕ ќе се вρати на власт, ќе ја надомести штетата што ја направија СДС и Заев.
Пензионеρите ниκогаш повеќе нема да дозволат на СДС и Заев да ги манипулиρаат и лажат и затоа на 15 оκтомвρи на лоκалните избоρи ќе ги κазнат Заев и СДС, а со тоа и целосно ќе ги делегитимиρаат и избρишат од политичκата јавност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.