Daily news
ВМРО-ДПМНЕ: Со синоќешните акции во Прилеп и Битола СДС ги злоупотреби институциите за изнудување пари
Алчноста на Заев, Вицето и Анѓушев нема крај. По нивното доаѓање на власт се формираше „Омерта“, агенција за обезбедување, чие име во италијанската мафија подразбира завет за молчење. Почнаа да се палат возила на сите сопственици на кафулиња кои имаат ангажирано некое друго обезбедување. После криминалните јуришници, според стратегијата на СДС следува злоупотребата на институциите за изнудување пари. Доцна синоќа на удар беа локали во Прилеп и Битола кои немаат врски или не платиле некому од локалното раководство на СДС или директно кај Вицето, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното партиско соопштение.
„Зоран Заев, Вицето, Кочо Анѓушев и останатите од криминална врхушка на власта мора да продолжат со расипништвото и личното богатење. Идеи за нови проекти кои би донеле дополнителни средства во буџетот немаат бидејќи се фокусирани само на полнењето на личните конта. Затоа ситните земјоделци мора да им платат арач и затоа мора да ја качат акцизата на нафтата и сите да плаќаме поскапо гориво“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата прашуваат кој им јавил за инспекциите на оние на кои не им беа пишани казни и колку наплаќале Заев и Вице за едно такво јавување?
„Минатиот викенд Заев и потпретседателот на СДС, Оливер Спасовски, ги злоупотребуваа полициските специјалци за да ги заплашат сопствениците на одредени локали во Скопје и нивните гости. Направија штета и кај оние каде беше утврден некаков прекршок, но уште повеќе кај оние каде не успеале да исценираат ништо. Нивните гости беа избркани и исплашени. Беше испратена порака кого треба да ангажираат за обезбедување и каде треба да завршуваат нивните приходи. Зоран Заев, Вицето и Анѓушев освен што имаат одговорност за криминалните набавки и одлуки, имаат одговорност и за сите антимакедонски одлуки кои ги носат“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во ситуација, како што велат од партијата, кога Заев брише учебници по историја и се откажува од илјадници жртви, кога склучува договори за добрососедство со кои им ја одзема националната припадност на нашите херои или носи закони со кој Македонија станува двојазична држава, очекувано е тогаш да биде текпиран и рекетот и убиствата и злоупотребата на полицијата и другите институции.
„После враќањето на правната држава и заминувањето на криминалците од власта, институциите на државата без притисок од власта ќе ги испитаат сите наводи за злоупотреби и на Лукаревска и на Спасовски, актуелни први луѓе на УЈП и МВР“, велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.