Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ трошеле, ама законски и транспарентно

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ, по прес конференцијата на портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на која беа објавени милионите потрошени на рекламирање во медиуми од страна на претходната влада, порачаа дека немало ништо незаконско и дека сите средства, до последниот денар се распределени по прецизна методологија и доделени низ транспарентен процес.

dobivaj vesti na viber

„Ваквата напумпана и манипулативна прес конференција е беспредметна бидејќи информациите за кампањите и за средствата доделени на медиумите беа претходно јавно објавени уште пред две години. Очигледно е потребата за евтин сензационализам, страв од пораз и дефокусирање на јавноста и затоа е избран овој период.

Јавните кампањи на владата имаа едукативна и информативна функција, а епилогот од кампањите донесоа видливи резултати. 100 нови странски инвестиции, подобрен имиџ на државата, дуплиран број на туристи, зголемен број на патници.

Отворањето на темата за кампањите и средствата исплаќани на медиумите преставува обид да се избега од вистинските скандали поврзани со тендерите кој сам вицепремиерот Кочо Анѓушев си ги додели на својата фирма, за скандалот со енормната дисперзија на бизнисите на кланот Заеви и фактот што станаа сопственик на цела една фабрика „Герас Цунев“ по цена колку една гарсониера од 20 квадрати, за тоа што партиската полиција на СДС ја киднапира државата и на бандитски начин заплашува кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа што просечната плата наместо да расте опаѓа, извозот паѓа и расте сиромаштијата“, стои во реакцијата на опозициската партија. 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Трговците да ги намалат цените на училишниот прибор пред почетокот на школската година, одлучи Владата

Владата на 100 седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10%...

Топ21 минута

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Градско: со возилото излетале од патот

Вчера околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски...

Македонија1 час

„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументирана

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено...

Македонија2 часа

Злато во багаж и ботокс во торба запленети на граница

Царинската управа информира дека при контроли на неколку гранични премини се спречени обиди за криумчарење различни производи, меѓу кои златен...

Македонија2 часа

Синдикатот на новинарите бара зголемување на минималната плата: социјалниот статус на медиумските работници во земјата е на многу ниско ниво

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во време на општата дебата за висината на минималната плата недвосмислено е за...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на...

Македонија5 часа

Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија...

Свет5 часа

Зеленски ги објави петте приоритети за украинската одбрана – 50 отсто домашно оружје на фронтот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги претстави петте клучни приоритети на Министерството за одбрана, меѓу кои се зголемување на учеството...

Свет6 часа

Рубио: САД имаат појасна слика за условите на Русија за крај на војната во Украина

САД имаат подобро разбирање за условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина откако претставникот...

Свет6 часа

Трамп: 100 проценти царина за чипови, освен за оние што сакаат да го префрлат производството во САД

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат...

Свет7 часа

Се појави писмо од Вуди Ален до Џефри Епштајн: Откриени детали за тајните вечери

Познатиот режисер Вуди Ален му испратил роденденско писмо на Џефри Епштајн додека тој сè уште беше жив, во кое детално...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените...

Македонија16 часа

(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување...

Топ18 часа

Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за...

Македонија19 часа

Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое...

Топ21 час

Тешко злосторство во Кавадарци – го убил својот брат, па го закопал во дворот

Четириесет и тригодишен маж е осомничен дека по расправија го убил својот една година помлад брат, а потоа неколку дена...

Македонија1 ден

Децата на подолго болничко лекување нема да губат настава, на Детската клиника се воведува формално образование

За да нема прекин на воспитно-образовниот процес на учениците што имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе...

Македонија1 ден

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу „Шкендија“ и „Карабах“

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар...

Македонија1 ден

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба, во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица....

Македонија1 ден

Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе...