Контакт

Daily news

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Четири дена по грозоморното убиство на млад човек, убиецот се шета на слобода

Објавено пред

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека едно семејство е завиено во црно затоа што криминалните банди дивеат без никој да ги контролира. Младиот фудбалер Мартин Јанушев, како што велат од таму, најбрутално е убиен со пет куршуми пред кафуле пред очите на многу минувачи и сведоци.

dobivaj vesti na viber

Како што посочуваат, поминува и четвртиот ден од грозоморното убиство на млад човек, а убиецот сè уште се шета на слобода.

„Кој му го овозможи тоа и зошто? Ова е круцијално прашање на кое нема одговор во моментот. Целата јавност веднаш по убиството веќе говореше кој е сторителот, а МВР молчеше и не презеде ништо. Дали е тоа поради блискоста на криминалците со владејачката гарнитура и поради долговите што СДС има да ги враќа за сè што овие одработуваа за нив во претходниот период?“ прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сè погласни се информациите дека убиецот и луѓето околу него се засолниле во една соседна земја. Демант на овие информации нема, како што немаше ниту соодветна реакција од страна на полицијата водена од партискиот потпретседател на СДС, Оливер Спасовски, веднаш по убиството. Зошто веднаш по убиството не беше направен обрач? Зошто веднаш по убиството убиецот не беше ставен на стоп-листа? Кога убиецот ја поминал границата и на кој граничен премин? Со чие возило? Кој го изнел од Скопје? Ова се прашања што ќе имаа одговор доколку полицијата работеше професионално, а не по партиска наредба. Ова се прашања што немаше потреба да се поставуваат доколку СДС не е во спрега со криминалното подземје и доколку сторителот беше веднаш приведен“.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека полицијата сигурно ги имала сите овие информации веднаш по убиството, исто така сигурно имала и снимки од безбедносните камери и знаела кое е возилото и неговата траекторија на движење.

Непостапувањето на Оливер Спасовски, како што обвинуваат тие, го прави соучесник во криминалот.

„И него и неговите партиски послушници, кои овозможија убиецот да избега. Граѓаните се загрижени за својата безбедност! Граѓаните бараат одговорност од Оливер Спасовски и одговор на нивните прашања! Сега го гледаме резултатот на разместувањето на професионалните полицајци и на нивно место поставување партиски послушници. Мафијата со доаѓањето на СДС на власт си доби држава, во која ќе може да се пресметува со кого сака. Со Оливер Спасовски на чело на МВР се вративме да живееме во 90-тите години кога луѓе гинеа на секој чекор, убијците беа заштитени од власта, а полицијата сето тоа го премолчуваше. Поминаа 6 месеци, а ниту еден разрешен случај од страна на МВР и покрај толку насилство и терор по улиците. Криминалот цвета на секој чекор. Најмалку што може Оливер Спасовски е да си поднесе оставка од функцијата министер, и тоа веднаш!“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места...

Македонија13 часа

Планинар паднал во провалија, бил извлечен со хеликоптер, но во болница лекарите констатирале смрт

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил...

Македонија16 часа

Змија касна двајца мажи од Велес, префрлени се на Инфективна клиника во Скопје

Двајца велешани биле каснати од змија додека работеле на лозје вчераутро кај селото Војница. Откако им се влошила состојбата се...

Македонија19 часа

Мајката знаела дека татко ги силува двете малолетни ќерки, ама ги убедувала дека е срамота да кажат

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на прилепско за кого постои основано сомнение...

Македонија19 часа

Славјанка Петровска ја повлекува кандидатурата за претседателка на СДСМ

Кандидатката за претседателка на СДСМ, Славјанка Петровска, ја повлекува кандидатурата на еден ден пред внатрепартиските избори. Преку официјално писмо до...

Регион19 часа

Непознато лице тешко рани припадник на жандармеријата пред израелската амбасада во Белград

Непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел тешко ранил припадник на жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува...

Топ20 часа

Осуденици на затворски казни барани со потерница вчера паднаа во рацете на полицијата

Две лица барани со потерница за издржување затворска казна се приведени од страна на полицијата во текот на вчерашниот ден...

Европа24 часа

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск, меѓу нив и деца

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот...

Македонија2 дена

МНР за почитувањето на Договорот од Преспа: Неговата имплементација е обврска и за двете страни

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република...

Топ2 дена

Ги силувал неговите ќерки: уапсен 36-годишен маж од Прилепско

Вчера во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село. Полицијата постапила...

Македонија2 дена

Игор Јанушев е новиот генерален секретар на Владата

Новиот владин состав денеска ја одржа првата седница. На дневен ред се најдоа пензиите, нови именувања, а донесена беше и...

Македонија2 дена

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето e во тек

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето во тек. Ова го посочи портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. „Ве...

Македонија2 дена

Грчкото МНР: Прашањето со непочитувањето на договорот од Преспа е покренато на меѓународно ниво

Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа, велат од грчкото МНР преку соопштение. Од тука нагласуваат...

Македонија2 дена

Бујар Османи му ја предаде функцијата на Муцунски – евроинтеграциите, партнерството со САД и инвестициите ќе бидат во фокус

Во Министерството за надворешни работи беше извршено примопредавање на функцијата – Министер за надворешни работи меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски...

Топ2 дена

Болјер усмрти тинејџер, загина 14-годишно дете во Маврови Анови

Трагичен настан со смртни последици се случил вчера во Маврови анови, информираат од полицијата. „На 27.06.2024 во 18.00 часот во...

Македонија2 дена

Невремето поплави градинка во Крива Паланка

Градинка во Крива Паланка беше поплавена при временските непогоди во последните две деноноќија. Како што соопшти Центарот за управување со...

Свет2 дена

Како помина дебатата меѓу Бајден и Трамп – најстарите кандидати во историјата на САД

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп разменија неколку лични навреди во долгоочекуваната дебатa. Двајцата кандидати разменија...

Македонија2 дена

За зголемувањето на пензиите и именувањата на директори ќе се дискутира на првата седница на новата Влада

Денеска во просториите на Владата ќе се оддржи првата владина седница на новиот состав, на која ќе стане збор за предлогот...

Македонија2 дена

Дрво падна врз три возила во Карпош, погон на скопска фирма под вода

Оштетени возила, паднати дрвја, поплавeни површини во Скопје, проблеми со струја. Ваков е епилогот од состојбата во текот на ноќта,...

Свет2 дена

Трамп: Бајден е виновен за нападот на Украина;  Бајден: Би го пуштил Путин да стигне во Полска

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп го споменаа рускиот претседател Владимир Путин десетина пати во првата...