Daily news
Војската копа заштитен појас за да ги спаси куќите во Требовле

Пожарот во атарот на селото Требовле во Македонски Брод се смирува, но и понатаму е ризично. Според последните информации од терен, припадници на АРМ заедно со локалното население успеале да спречат огнот да навлезе во селото, иако на моменти ситуацијата била многу критична и се заканувала да ги зафати и првите куќи.
Како што дознавме, 60-ина припадници на АРМ, кои се на терен, копаат заштитен појас околу куќите за да го спречат ширењето на огнените јазици.
Ситуацијата во моментот е посмирена, но опасноста останува. Поради високата шума, извори од теренот велат дека пожарот лесно букнува и се шири поради што повеќе денови трае битката за негово локализирање.
На терен секојдневно се авиони и хеликоптери на АРМ, кои во текот на денот исфрлаат во просек по 190 тони вода.
„Во континуитет, откако е побарано од нас, веќе пет дена ги гаснеме пожарите со два хеликотера. Гаснеме само дење бидејќи така налагаат условите, но и согласно капацитетите со кои располагаме“, велат од АРМ.
Ситуацијата од вчера станала критична бидејќи како што се гаснеле едни жаришта, така во меѓувреме се појавувале нови.
Село Требовле нема многу постојани жители, а во моментот таму има двасетина луѓе кои доброволно се останати за да се борат со пожарот. Жителите на селото велат дека пожарот почнал пред десет дена, но тогаш никој не одговорил на нивното барање за помош.
Според последните информации добиени од РЦУК Македонски Брод, пожарот сè уште е активен на Лутоец и во правец на местата наречени Брдо и Сува Гора и има тенденција на ширење во правец на атарот на селото Здуње и кон селото Требовле во непосредна близина на првите куќи. Во моментот единиците присутни во атарот на селото Требовле преземаат мерки за заштита на селото распоредувајќи се на соодветни локации. На терен се ангажирани 80 лица од Дирекцијата за заштита и спасување, 15 лица од месното население, 2 пожарникара и 1 возило од противпожарната од Македонски Брод, како и 3 противпожарни возила со по двајца пожарникари од другите територијални противпожарни единици.
Д.Т.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.