Контакт

Daily news

Во Скопје ќе нема нова зграда без зеленило

Објавено пред

Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје, порача денес дека со граѓанската иницијатива  „О2 Коалиција“  ги здружиле силите во борбата за чиста животна средина, чист воздух и чиста вода за пиење во Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Денеска како пратеник во Собранието го потпишав Законот за заштита на урбаното зеленило. Со овој закон се предвидени рестриктивни мерки против сечење на зеленилото и мерки што овозможуваат интензивно зазеленување на урбаните средини, вклучително и на градот Скопје. Една од одредбите на законот е дека најмалку 20 проценти од градежната парцела мора да биде опфатена со јавно зеленило, која ќе биде животен простор на луѓето што ќе живеат во тие станбени единици.

Како градоначалник на Скопје, уште од првиот ден на сопствениот мандат  ќе започнам  сериозен концепт, сериозни мерки, кои ќе придонесат за ослободување на Скопје од енормното загадување. Тоа нема да биде лесен процес туку ќе биде процес во кој резултатите ќе дојдат сукцесивно.  Затоа нема да дозволиме да изгубиме ниту еден ден, за резултатите да бидат што е можно побрзо остварливи.

Активно ќе ги вклучиме и претставниците на граѓанските асоцијации, во концептот на градската администрација што ќе ја предводам. Одлуките нема да ги носиме од канцеларија –  автоцентрично туку ќе бидат носени со оние луѓе кои што најдобро ја знаат и ја познаваат проблематиката. Тоа сте вие, граѓанските асоцијации, кои давајќи дел од своето слободно време на волонтерска основа, проблемот го познавате во микроплан. И вие сте тие коишто ќе бидат нашиот ум за носење мудри, паметни, практични одлуки кои ќе ги решаваат реалните проблеми на граѓаните во градот Скопје.

Со Граѓанската иницијатива „О2 Коалиција“ постигнавме согласност за одредени мерки, кои ќе мора да се спроведат во борбата за чист воздух и здрава животна средина.

Како градоначалник на Скопје, ќе воведам итни вонредни мерки за време на грејната сезона, кога загадувањето на воздухот е најинтензивно. Во соработка со општините – единиците на локалната самоуправа во рамките на градот Скопје, ќе создадеме и мониторинг мрежа за мерење на загаденоста. Притоа сакам да напоменам за јавноста дека ќе го изработиме она што никој досега го нема изработено во градот Скопје, а тоа е студија во која ќе може да се видат изворите на загадувањето. Таа студија ќе биде основа за превземање среднорочни мерки во насока на решавање на прашањето за загадување на воздухот. Досега само нагаѓавме, бидејќи никој нема направено анализа што е го загадува Скопје со толкав интензитет во последниве десетина години.

Веднаш започнуваме со санирање на коритото на реката Вардар, отстранување на градежниот материјал од коритото на реката и песокот, а се обврзуваме и постојано да го зголемуваме буџетот на Градот за заштита на животната средина. Со тоа ќе ги достигнеме препораките од Европската комисија, како дел од интегративниот процес на Република Македонија, на Градот Скопје кон Европската Унија.

Бидејќи палењето отпад во и околу градот е еден од сериозните проблеми со кои се соочуваме со години наназад, предвидуваме систем на 24-часовен мониторинг на сите локации низ Скопје и околината.

Секако,најважен чекор за нас, за мене како градоначалник на Скопје од 15 октомври е итна гасификација на градот Скопје. Гасификацијата ќе ја започнеме од деловите на градот кои не се опфатени со топлификационата мрежа. Гасификацијата  ја започнуваме токму од населбите што не се приклучени на топлификациската мрежа со цел до граѓаните да направиме достапен еколошки поприфатлив енергенс и поевтин за нивните домашни буџети.

Ова се само дел од мерките што ги предвидуваме. Знаете вие и подобро од мене дека борбата за здрава животна средина, за здрав воздух е борба која е перманентна и која не престанува. Борба која е света задача за нас.

Да истакнам и благодарност за присуството и за потпишувањето на овој меморандум за соработка и на сите кандидати за градоначалник на градот Скопје, што само покажува дека околу клучните работи можеме да постигнеме општ државен консензус. Бидејќи загадениот воздух и загадената воздушна средина  не бира ниту политичка партија, ниту национална припадност, ниту верска припадност.

Нашите граѓани, за жал, долго време беа жртви на политиките на актуелниот градоначалник и на Никола Груевски. Поради тоа, долго време се гушевме во смог, чад и го загубивме зеленилото, особено  во централното градско подрачје. Досега немаше што ќе обезбедат пристојно место за живеење на нашите сограѓани, особено во еколошка смисла. Затоа ве повикувам на 15 октомври, масовно, сите граѓани на градот Скопје да излеземе на гласање и одлучно да се спротивставиме на досегашната недоговорна политика, која не се грижеше за нашето здравје“, порача Шилегов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Поларен вртлог носи „декември за паметење“

Поради невообичаено рано затоплување на стратосферата, на прагот е да почне значително нарушување на поларниот вртлог. Прогнозите покажуваат дека поларната...

Македонија7 часа

(Видео) Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

Македонија повторно стои исправено, а младите гордо и достоинствено го понесоа товарот да ги исправат неправдите кои со години ѝ...

Топ7 часа

Со нож усмртил жена и телото го закопал во дворот – расчистено свирепо убиство во Штип, поднесена е кривична пријава против едно лице

СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради...

Македонија8 часа

(Видео) Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

„Реформите и напредокот во СДС, не се во прв план на Филипче. На него во прв план му е реализацијата...

Македонија8 часа

Сиљановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената академија по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“, одржана под нејзино...

Македонија10 часа

(Видео) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

„Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни...

Свет10 часа

Украина зимава ќе увезува гас од Грција

Украина ќе увезува гас од Грција за да ги покрие потребите за време на зимата, изјави денеска украинскиот претседател Володимир...

Свет11 часа

(Фото) Блокирани руски воени возови: групата „Атеш“ изврши прецизни ракетни напади

Украинската герилска група „Атеш“ изврши саботажа на железничка пруга во Запорожската област, блокирајќи руските воени возови, кои потоа беа гаѓани...

Економија12 часа

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

На вчерашната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски го оцени буџетот како...

Свет12 часа

(Видео) Масовни протести во Мексико Сити – повредени 120 лица

На антивладините протести што се одржаа во саботата во Мексико Сити повредени се најмалку 120 лица, од кои 100 се...

Европа12 часа

Сијарто: Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти

Само патриотска влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина, од нелегалната миграција и родовата идеологија, изјави унгарскиот...

Македонија1 ден

(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека

Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност. Маршот во организација на...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за...

Македонија1 ден

(Видео) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави, кој дал индикација?

„Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се...

Македонија1 ден

Алиу: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа

„Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички...

Економија1 ден

ССМ: Народните избраници со плата од над 2.000 евра ќе убедуваат дека работниците со 397 евра минимална плата живеат добро

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повторно реагира дека минималната плата во земјава е најниска во регионот – 397 евра,...

Македонија1 ден

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се неколку одлуки

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Донесени биле повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот...

Македонија2 дена

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Од денеска стапува во сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата. Оваа обврска ќе трае до 15...

Македонија2 дена

Времето денеска сончево, со температури до 19 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните...

Македонија2 дена

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал...