Daily news
(ГАЛЕРИЈА) „Секси”, „спектакуларнa”, „импресивна” – 64-годишната Биби Макрон на првите страници од Пекинг до Њујорк
„Секси”, „спектакуларна”, „импресивна” – вака изгледа Биби Макрон, која е обожавател на Луј Витон. Таа носи кратки фустани и високи потпетици, а исто така има тенка половина, што ѝ овозможува да носи тесни панталони. Секој нејзин чекор веќе е следен од Пекинг до Њујорк.
Вечно насмеаната 64-годишна Брижит Макрон, која блиските ја нарекуваат „Биби”, веќе ги презеде првите страници на весниците, фотографирани со сопругот по улиците на Париз, по капење на плажа или вечерта по победата, кога двајцата се држеа за рака, пишува АФП во посебен преглед.
Љубопитноста кон антиконформистичкиот стил на нејзиниот брак веќе ги храни сите страници со нејзината љубовна приказна и со вкусот кон облеката. Кога се сретнала со Емануел на почетокот на 90-тите години на минатиот век била мажена и имала три деца – тинејџери. Тогаш Биби имала 39 години, предвала француски јазик, водела театарски клуб во гимназијата.
„Покорена“ е од интелигенцијата на својот 15-годишен ученик. Следната година тој ги крши сите табуа и ѝ објавува љубов.
„Емануел ми рече:’Што и да правиме, ќе се оженам за тебе!’, се сеќава Брижит.
Во провинциското гратче Амиен љубовната афера е прифатена лошо. Брижит, сепак, не потклелкнува на барањето на родителите на Емануел, кои инсистираат таа да престане да се гледа со него. „Одлуката да него правам тоа беше донесена по голема дилема“, вели таа.
Во 2006 година Брижит се разведува од сопругот банкар и следната година се мажи за својот поранешен ученик, кој станал главен службеник. Таа оди кај него во Париз и предава на приватен лицеј. „Брижит не ме сакаше поради тоа што го имам, поради финансиската состојба, удобноста или безбедноста кои ѝ ги давам. Таа се откажа од сето тоа заради мене”, пишува Емануел во книгата „Револуција”. Безмилосно исмејувана и на моменти поради разликата во годините, 64-годишната Брижит, баба на седум внуци, трпеливо ги поднесува зајадливите коментари и го остава Емануел Макрон да ја брани осудувајќи ја „најобичната омраза”, во која таа е жртва.
Верен сојузник на својот сопруг во освојувањето на власта, Брижит Макрон размислува за улогата на прва дама на Франција далеку пред тоа да се случи.
„Како професорка добро ги познавам младите и знам дека најважно е да ги почитуваш. Мојата битка ќе биде во областа на образованието за да им понудам нешто различно од тоа да стојат казнети во аголот.Ако ги оставиме настрана, тоа ќе доведе до експлозија “, рече таа минатата година за списанието „Пари меч “.
Брижит е свесна за ризиците што ги носат погрешните чекори. „Да си мажена за политичар не е лесно. Многу ги почитувам нивните сопруги бидејќи тоа значи дека поднесуваме удари. Сепак, не ме мачи тоа што сум ‘жената на…’”, изјави таа за списанието. Крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.