Контакт

Daily news

Гоце Наневски: Анатомијата на уметноста во патологија на векот

Објавено пред

…Идеална почва за уметничко создавање, особено за оној кој сака да проговори, коментира и обликува дело што кореспондира и создава став  понатаму и идентитет. Уметниците не можат и не смеат да останат имуни на грешките во општествениот софтвер, и на висина на задачата се тогаш кога ќе успеат да инјектираат позитивен вирус, што можеби е мал чекор до историски промени. Тоа што суштествено го објаснува концептот и поривот, уметникот Наневски го изнесол во своето дело, но за сите оние филозофски и социјални прашања поврзани со креативноста и делувањето во општеството се обидовме да одговориме во интервјуто реализирано додека течеа последните подготовки пред изложбата.  

dobivaj vesti na viber

Смислата на раѓањето, судбинските околности и, конечно, „вампирските“ опструкции да се дооформи еден благороден животен простор се трите појдовни точки за реализација на концептуалната видеотрилогија на ликовниот уметник Гоце Наневски, насловена како „Анатомија на векот“. Од вечерва, во 20 часот, во Мала станица, посетителите ќе можат да го погледнат овој сложен и несекојдневен уметнички израз. Создаден како еден внатрешен импулс, со максимален ентузијазам и минимална поддршка од ресорното министерство, Наневски нуди еден „интимен универзум“ што треба да одговори на елементарните размисли што го измачуваат цивилизираниот човек во македонскиот микрокосмос. Во соочувањата со самите себе, дел од соговорниците (не)свесно доаѓаат до одговори, а креативно сложени во монтажата на Наневски градат конструктивна спротивставеност или дебата – толку многу кај нас потребна годиниве.

Станува збор за три индивидуални видеа кои имаат концепциско-документаторски карактер. Како што наведува кураторот на изложбата, „Наневски во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран. Неговиот јазик не е буквален и директен, не е априорна реакција и критика на актуелното секојдневие туку преку малите суштествени наративи со многу генерална конотација укажува на мошне клучни деформации на општествената свест, кои ги дефинираат ликот и опачината на претставникот на едно трансформирачко општество без видлив расплет.“

ЖИВОТНИОТ ВЕК Е МИСТЕРИОЗНА СКУЛПТУРА

„Анатомија на векот“ е амбициозен наслов на едно уште поамбициозно дело. Од каде поривот и идејата за создавање на оваа креација, уште повеќе во една општествена атмосфера во која земјава се наоѓа подолго време?

– Времето во кое живееме е истовремено многу инспиративно, но многу тешко за создавање уметност, од проста причина што уметникот е на самите маргини, да не речам исфрлен од општеството. По некаква пирамидалност, човекот веројтно треба да ги задоволи сите оние биолошки потреби, па да стигне потребата да се консумира уметност, да си дозволи да ја купи. Низ таков еден процес  уметникот ќе може да живее од сопствениот продукт а и ке може да реинвестира во ре-продукција на нови дела. Тоа е едната страна на нештата, додека другата е дека времето и местото во кои живееме се ултра инспиративни, податливи за создавање. Поривот да создава, еден ликовен работник може да биде повеќеслоен. Исклучиво ликовен, емпириски, но може да биде и социјален, политички, психолошки, во поширока смисла кажано, ангажиран и едноставно може да бара  микро ии макро локации каде што ќе црпи и ќе обликува нешто што него го допира.

Она што мене ме провоцира е местото каде што ние живееме, се раѓаме и се обликуваме. Моето растење е проследено со многу несигурни моменти и неизвесности, со војниво околината,  и логично е  да исфрли некаков импулс- момент кој нè тера да работиме и да се осврнеме на сето тоа. Некако ми беше задоволство да го истражувам тоа низ еден ликовен контекст, низ ликовна патека и навистина уживав во тоа. Тоа што е важно е дека сум свесен и за евентуалните последици на сето тоа, но, да бидам искрен, тоа и не допира до мене.

 

УМЕТНИЦИТЕ САНКЦИОНИРАНИ СО МАРГИНАЛИЗАЦИЈА

 

Зошто сметате дека некој уметник би имал последици ако се изрази и ангажирано, ако толкува, критикува и, на крајот, создава уметност од сето тоа и, конечно, како би бил санкциониран?

– Затоа што е можно да биде стигматизиран како неподобен за “колективната свест”, “ неинтересен како автор” или дури и како  непријател на државата. Тоа можеби и се случува. Се разбира, може да биде и крајно маргинализиран. Нема да добива поддршка да работи. Секогаш поддршката за создавање била минимална, односно била низ призмата на откуп на ликовни дела, и толку. Никој не поддржува ликовна продукција, како што се финансираат продукциите на балетските претстави, филмските и театарските или музичките дела. Ликовната дејност во Македонија е ставена на страна од сите други уметнички дејности. Се случува да ви побараат дело за изложба надвор од земјата на која ќе ја претставите државата, меѓутоа вие не само што не добивате хонорар за истото туку не сте добиле ни денар за продукција на тоа дело. Во другите дејности тоа е многу подобро систематизирано и поддржано и од центрите на финансирање, односно од буџетот на културата. Ликовната дејност секогаш беше и остана некако настрана. На ликовниот уметник му остануваат неговите две раце, неговото име и презиме, и да руши армиран бетонски ѕид, што е речиоси невозможмо. Но, нештата во животот се работа на избор, ако решите да го работите тоа што најдобро го знете и го сакате, тогаш бидете подготвени на тие т.н. партизански методи.

 

Имавте ли прецизна идеја за тоа што ќе произлезе од разговорите вклучени во документарците или, пак, истражувањата сами по себе ја обликуваа?

 

– Се базираше на подолго истражување, за да се формира кастинг за учество на сите овие професионалци што требаше да учествуваат во еден сериозен ликовен проект. Беше макотрпен процес, од истражување до снимање, реализација. На темата раѓање разговарам со седуммина професионалци, тие се често спротивставени во исказите, но сите феноменолошки го објаснуваат раѓањето низ призма на сопствената професија. Тие некаде се негираат и е многу интригативно.  

 

Дали спротивставените мислења даваат конструктивен резултат?

 

Тоа го развива прашањето на дебата. Не смее во 21 век да не може да си го кажете ставот или за тоа да бидете казнети. Индивидуланоста е нешто неприкосновено, особено на човек што си го посветува животот на една проблематика, тој мора да биде слушнат, а тие кои имаат тесно поврзан интерес мора да се слушнат меѓу себе. Да се има мислење и ставови е основа на демократско општество, или подобро речено на сериозно општество. Треба да се држиме до системско градење на сопствениот идентитет. Не може да одберете каде ќе се родите, може во кралската палата во Англија, може во Зимбаве. Но,ако зборуваме за минимум емпирија во едно општество, минимум желба за создавање на физиономија едно општество, тогаш уметноста треба да ја даде таа физиономија, и таа уметност ќе биде на врвот на идентитетот. Немаме силна економија, индустрија ниту, пак, производство кое може да парира на другите пазари, но кога станува зборт за културен идентитет и за науката, ако се негува вистински, може да се биде на самиот врв.

 

ВРЕМЕ НА ВАМПИРИ БЕЗ ЕТИКА

 

Дали успеавте со ова концептуално истражување да направите пресек или, пак, навистина да оформите слика за тоа од што е создаден животниот век, што е смислата на битисување во нашиот македонски контекст?

– Кога се влегува во ваква приказна, навистина не знете до каков резултат ќе дојдете, буквално е еден процес на истражување во кој реално не ги знаете луѓето, освен дека се професионалци во својата област. Сите нивни искази кога влегоа во монтажа, за мене беа откритие за сознанието до кое сакав да дојдам. Поминуваа часови и ноќи за сето тоа да добие смисла, односно да ја обелодени вистината што ја посакував. Трите сегменти на трилогијата прават пресек на човековиот животен век. Сите три сегменти раскажуваат нешто интимно, но истовремено многу колективно. Раскажуваат многу интимни моменти, многу анагажирани моменти, за една средина каква што е нашата, неразвиена во многу сегменти. Значи моментот на раѓање, што е судбината и за повампирувањето. Задоволен сум од тоа што се изроди од текот на целата постапка.

 

 

Зошто го нарекувате „повампирување“, каква алузија има со општеството, која е аналогијата со вампирот?

 

– Еден од соговорниците вели, кога вампирите   ги пресретнувале селаните кај воденците каде што мелеле жито, на пример од петте вреќи на жито, една ќе му оставеле. Дури и вампирите имале некаква етика, а денешниот естаблишмент произлезен од народот нема никаква етика, и тоа е навистина така. Никој не поднесува одговорност за злоделата, така што прашањето на нивното санкционирање е опишано во третиот дел. Друго е прашањето на вампирџиите, луѓето што се справуваат со вампирите и се борат со нив. Нивното постоење во ангажирана смисла е многу интересен социјален феномен. Реално проектот прави еден фин пресек.

Ние живееме во едно време на релативност на вредности, па дури и легитимност на зло. Што може уметноста да придонесе за враќање на некои хумани нормативи, почитта, емпатијата?

– Ние постојано зборуваме за географските граници, а не успевме да изградиме морални, етички, социјални граници во кои условно е дозволено и треба да се движиме. Ние сведочиме на ад хок вредности што некој во еден момент ги смислил и ги наметнал. Во светот има тенденција општествата да ги негуваат таа етика, еколошката свет, вредности на однесувањето, културен идентитет, кај нас тоа престана да постои, или ако воопшто имаше некакви никулци тоа беше пребрзо збришано од наметнувањето на новите вредности.  Опшетството да ни понуди услови во кои ние ќе се најдеме себе си, услови кои ќе бидат исти за сите, без разлика на припадност од најширока смисла. За да се создава квалитет, треба почва, а нашата е многу сирова, едвај создаваме никулци и тие бегаат надвор.

Во сите општествени превирања, и уметниците не останаа на страна, па голем дел од нив се идолошки инволвирани во различни политички страни, па не ретко и се обвинуваат меѓусебе за различните политички убедувања  

– Не се согласувам со ставовите на некои мои колеги, нивен избор е како некоја нивна идеја ќе решат да ја провлечат низ системот, да ја канализираат низ оперативен систем, бидејки пред се верувам дека такви авторитети имаат моќ да создадат или развијат систем многу посупериорен од оној кој им е наметнат а кој е многу провиден и несуштествен, систем кој нема здрава иднина. Но тоа е нивен избор секако. Системот кој го заговаратеможе да ви биде компатибилен со оној наметнатиот, општествениот, но може и да не ви е. Дали ќе успеете системот да го инфицирате со некој позитивен вирус? Ако тоа успеете, вие сте завршиле голема работа, баш како историски победник.

 

Разговарала: Ана Василевска

 

(Од кураторите)

 

Во Раѓање, Неневски го обработува повеќеслојно аспектот на раѓањето видено низ разновидни призми, од најбазичната биолошко-физичка – предадена во разговор со доктор гинеколог и ембриолог (и бремената со прво дете); преку духовното раѓање и соживотот со Бога – во облик на есхатолошко-филозофски аспекти на еден православен свештеник – а всушност доктор по филозофија; онтологии за филозофското и општествено-социјално „раѓање“ и созревање – во ставовите на д-р по философија, професор и аналитичар на социополитичките состојби; па сѐ до женски наративи за физиологијата на жената-мајка – успешни професионалки во своите области, чии животи се менуваат со чинот на раѓање ново битие, што ги облагородува и ги прави подобри личности (без оглед дали станува збор за едно или за повеќе деца).

Судбина, пак, третира претставници на најранливата категорија граѓани во Македонија кои се комплетно маргинализирани – Ромите, а од друга страна и малцинство со кое се поврзува зборот судбина и во позитивна и во негативна конотација. Интегрирањето и еманципацијата на Ромите кај нас зема посебен замав во последното десетлетие, особено во полето на едукацијата и инкорпорацијата во општествените сфери, но, за жал, сѐ уште само Ромите ги среќаваме да просат на улиците (без оглед на возраста). Во видеото Наневски го проблематизира овој микросвет, со цел индиректно да критикува во два правци – и општеството што не се грижи доволно, но и решението на оваа заедница да се задоволи со стереотипите и да не се освести дека решението за судбината е во сечии индивидуални раце. Визуелно, ова видео е ослободено од колорит, т.е. е црно-бело, а во него е вклучена авторска музика, шумење од замрзнати видеофрејмови со ефект на снег, како и звуци и кадри кои се добиени со иреверзибилно течење на одредена видеосеквенција.

Во третото видео, Ние, вампирите, Наневски се занимава со сказните и преданијата на старите народи и македонските племиња што се пренесувале од колено на колено и во кои се верувало дека постојат вампири, за да прејде дијалогот постепено во анализа на актуелното општество и во персонифицирање на актуелните проблеми во политичкиот, економскиот, социјалниот и културниот свет како дело на вампири. Давајќи му една духовита димензија на целиот видеопреглед, всушност со многу критика и автокритичност, авторот  констатира дека сите ние сме вампири на денешното време и дека сите актуелни општествени малформации се случуваат благодарение на нас и се иницирани директно или индиректно од сите социјални фактори на една заедница. Еден интересен коментар на соговорникот Коста вели : „…вампирите четири вреќи ќе ти земат, ама една ќе ти остават, значи имале некаква етика…“, за разлика од „современите вампири“, кои немаат етика, а уште помалку морал и скрупули.

 

Видеата имаат и забавен елемент бидејќи играат на тенка линија помеѓу пренагласена сериозност-ангажираност и духовитост, продлабочени размисли наспроти модули кои имаат многу плитка животна философија итн. Наневски визуелно ја обликува личната перцепција за анатомијата на животот, т.е. за конструктивните аспекти на животот (како во скулптура) приоѓајќи им како на скелетон кој бара статичност и издржаност.

Видеата имаат и забавен елемент бидејќи играат на тенка линија помеѓу пренагласена сериозност-ангажираност и духовитост, продлабочени размисли наспроти модули кои имаат многу плитка животна филозофија итн. Наневски визуелно ја обликува личната перцепција за анатомијата на животот, т.е. за конструктивните аспекти на животот (како во скулптура) приоѓајќи им како на скелетон кој бара статичност и издржаност.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост...

Свет8 часа

Зеленски: Го финализираме мировниот документ што наскоро ќе им го претставиме на Американците

Претседателот на Украона, Володимир Зеленски вели дека земјата го финализира мировниот документ од 20 точки и ќе го претстави на...

Македонија9 часа

Пазарот на недвижности расте – Аеродром со најмногу склучени купопродажби во првата половина од годината

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ...

Топ10 часа

Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство

Скопското Обвинителство, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице, за обид за убиство врз неговиот брат. Обвинетиот 37-годишник,...

Топ11 часа

Уапсени 12 лица од Скопје, купувале оружје и муниција од Косово, го криеле во Сингелиќ и Брест

По неколкумесечна предистражна постапка, денес во раните утрински часови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија12 часа

ДЗС не е детективска служба да открива нелегални објекти, ги има околу 100.000, рече Шабан Салиу и тврди дека немал ништо со „Пулс“

Актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, обвинет за трагедијата во кочански „Пулс“ како директор на Дирекцијата за заштита и спасување...

Македонија13 часа

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија со македонски народни носии

Основното јавно обвинителство Битола отвори против тројца бугарски државјани, жители на Пловдив, поради основано сомнение дека вршеле кривично дело неовластена...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде и еден мигрант, во спротивно да се извини јавно

„Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче однатре и однадвор да...

Македонија15 часа

Kривична пријава против Оливер Спасовски: како министер за внатрешни работи ги злоупотребил положбата и овластувањата

Вчера, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О. С. (49) од Куманово...

Македонија15 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски за пари прифаќа мигранти, нема да има шатори, но ќе има социјални станови

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција повторно рече дека е повеќе од очигледно дека постои...

Топ17 часа

Кривична против директорка на градинка во Кочани: вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 51-годишната Ј.Е. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија18 часа

Одбраната на министерот Шабан Салиу, обвинет како поранешен директор на ДЗС, ќе даде воведни зборови, ново судење за „Пулс“

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, каде што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, продолжува денес во...

Македонија18 часа

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ-уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606...

Свет19 часа

„Европа го подготвува својот крај“: турски аналитичар предупредува на погрешни стратешки процени од Брисел

Политиката на Брисел за „исцрпување“ на Русија не само што не ги даде очекуваните резултати, туку, доколку продолжи, може да...

Европа20 часа

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90 отсто до 2040 година

Европската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој емисиите на стакленички гасови ќе се намалат за 90 проценти...

Регион20 часа

Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи...

Европа20 часа

Шефот на украинската армија: Држиме дел од Покровск, но моравме да повлечеме дел од војската

Украинските трупи држат делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им е наредено да...

Свет21 час

Папата го критикува Трамп за коментарите за Европа

Папата Лав вчера по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека Европа мора да игра централна...

Македонија1 ден

(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева

На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што...

Македонија1 ден

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во...