Daily news
Груевски: Во својство на лидер на партија правам увид на објектите во градба
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешниот увид во работите на реконструкцијата на Офицерскиот дом беше запрашан за дилемите што се појавија кај некои медиуми, односно во какво својство тој се појавува при увидите на објектите во градба.
Тој рече дека како лидер на партија имам одговорност кон дадените ветувања на граѓаните и затоа ќе продолжел да ја следи реализацијата на проектите што партијата им ги ветила.
„Сакам во оваа прилика да појаснам дека се појавувам во својство на водач на партија, претседател на партија што дала ветувања пред граѓаните, која што многу внимателно ветува и добро се пресметува кога ветува, но уште повнимателно се однесува кога вететното треба да се реализира и да се спроведе. Јас сум тој кој ги дава ветувањата. Јас сум тој што застанува зад таа програма и го става потписот на таа програма. Јас сум тој кој оди по митинзи и на средби со граѓаните им ветува проект по проект со рокови кога нешто ќе биде завршено. Природно за секој одговорен човек е да бидам тој кој ќе се грижи секој проект да се заврши навреме и така како што сме го ветиле на граѓаните„, рече Груевски.
Тој нагласи дека и понатаму ќе продолжи со следење на реализацијата на ветените проекти.
„Јас имам одговорност и оние коишто сакаат и ги деградираат нашите активности да не ги даваат активностите и ја вртат темата зошто воопшто се појавувам, нема да им ја направам таа услуга и ќе продолжам сите оние проекти што сме ги ветиле на граѓаните да ги следам за да се завршат навреме и со квалитетот што бил предвиден. И не случајно ВМРО-ДПМНЕ 11 години на 10 избори постојано ја добива довербата затоа што внимава што ветува и уште повеќе внимава тоа што го ветува да се реализира навреме, а ако е можно некогаш и предвреме. Инаку, што се однесува до СДСМ и некои медиуми блиски до нив, најдобро би било за нив јас да не се појавувам, да ме снема. Знам дека тие најмногу го посакуваат тоа. Меѓутоа, не сум во можност да им ја завршам таа работа„, рече лидерoт на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.