Контакт

Daily news

Груевски: Голема загуба е што Мисајловски не е министер за транспорт, но голема добивка за Ѓорче Петров

Објавено пред

Голема загуба за Македонија е што Владо Мисајловски во моментот не е министер за транспорт и врски, но голема добивка за Ѓорче Петров е што ќе биде градоначалник, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот во Ѓорче Петров.

dobivaj vesti na viber

– Го знаете Кендо, израснат во Ѓорче и неговото семејство е од оваа општина. Кендо знае како се гради и верувам дека како градоначалник ќе направи многу. Заедно со советничката листа, ќе биде победнички тим – спој од младост и искуство. Во Ѓорче Петров пораснав и имам одлични спомени. Денес, Ѓорче, како и другите општини, се менува и ќе се менува и ќе оди кон подобро. Верувам дека со Владо Мисајловски, Коце Трајановски и нивните тимови ќе се оствари целата програма и ќе се решат проблемите. Пред нас се локалните избори, исклучително важни за иднината на Македонија. Со пенкалото и гласачкото ливче се одлучува судбината. Победуваме и продолжуваме со зацртаниот план, со стратегијата, со новата ера. Секогаш со работа, секогаш за Македонија.

Кога дојдовме во Владата во 2006 година, во Ѓорче Петров имаше сè на сè 4.300 вработени, на крајот од минатата година двојно – 8.600 вработени лица. Е, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Тие работни места не паѓаат од небо, туку ги направил некој, некој создал добра клима. Тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ, ветува и реализира, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот во Ѓорче Петров.

– Овде во Ѓорче Петров се завршија многу работи – се реконструираа многу улици, се изградија три кружни тека, во Ѓорче се градат улици, се изгради и пушти во употреба современа пречистителна станица, се изградија две спортски сали, три повеќенаменски игралишта, фудбалски игралишта, еден двоен тениски терен, се отворија 3 градинки… Ние друг дом немаме. Тогаш ајде, заеднички, сложно и со здружени сили да го направиме овој во кој опстојуваме, во кој се родени нашите деца, да го направиме подобро место за живеење. Македонија има сила, а силата сте вие народот. Гордо, со крената глава, чекориме напред. Продолжуваме да ја следиме нашата патека со ваша целосна поддршка. Искрено верувам дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобри резултати за нашата Македонија – рече Груевски.

За Ѓорче Петров, додаде Груевски, во наредните 4 години подготвени се многу работи и од двајцата, и од Владо Мисајловски – Кендо и од Коце Трајановски.

– Двајцата подготвија програми во кои детаљно е напишано сè што планираат, а познавајќи ги, знам дека ќе изненадат со нешто непланирано, а добро и корисно за народот. Во нив се ветува асфалтирање 100 улици на целата територија на општина Ѓорче Петров. Нема веќе да има неасфалтирани улици. Ветуваме финално довршување на изградбата на канализациската мрежа во Волково, Кисела Јабука и Стопански Двор. Во Ѓорче Петров ќе има нов модерен парк, ветуваме и изградба на 2 нови детски градинки – едната во Волково за 100 деца и другата во Ново Село за најмалку 80 деца. Планирана е и изградба на повеќе спортски содржини, паркови, детски игралишта, игралишта за баскет во речиси сите населби и населени места, а општината и финансиски ќе го подржи фудбалскиот клуб „Македонија Ѓорче Петров“, се предвидува реконструкција на постојните и изградба на нови паркинзи, бесплатен интернет на собирните места, ќе се изградат кружни текови во соработка со Град Скопје, поврзување на рекреативната патека од Хром до Нерези… Гаранција за сето ова се ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и Коце Трајановски – нагласи Груевски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 часа

(Видео) Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Од понеделник (9 јуни), Владата воспоставува директна телефонска линија – 070 355 526 за повредените во трагедијата во Кочани и...

Македонија18 часа

ИЈЗ издаде препораки за заштита од високите температури

Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. „Кога...

Свет19 часа

(Видео) „Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната“ – најмалку тројца загинати, 22 повредени

Русија го нападна источниот украински град Харков со беспилотни летала, ракети и бомби, при што загинаа најмалку три лица, а...

Економија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ трипати поскапо и профитирале

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично...

Свет20 часа

ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест

ЕУ земјите се согласија да го зголемат времето на доцнење на авионските летови што е потребно за патниците да имаат...

Македонија1 ден

Невреме во Скопје: паднати дрвја, поплавени улици, заглавени возила кај „Мавровка“

Поплавени улици, паднати дрвја и пречки во сообраќајот во Скопје по денешното силно невреме проследено со пороен дожд, град и...

Свет1 ден

(Видео) Снимки од рускиот напад врз Киев: Уништени згради и други објекти, илјадници цивили поминале часови во засолништа

Русија рано утрово започна масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Киев и други делови од Украина. Се чини дека...

Топ2 дена

Уапсен малолетникот кој избоде маж пред џамија во Студеничани

МВР го расчисти вчерашниот обид за убиство што се случи пред џамија во скопско Студеничани и го уапси осомничениот 16-годишник....

Македонија2 дена

Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС

Чаршијата во Охрид го губи својот лик. Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно...

Македонија2 дена

СДСМ нема да му се извини на Љутков: „Сѐ што објавивме е вистина“

Од СДСМ велат дека нема да му се извинат на министерот за култура, Зоран Љутков, затоа што, како што велат...

Македонија2 дена

Николоски: Позицијата на Македонија станува афирмирана во Европа

Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент не менува ништо. Ова се историски...

Свет2 дена

Трамп назначи 22-годишен градинар за шеф на канцеларијата за спречување на тероризам

Американскиот претседател, Доналд Трамп, назначи 22-годишник за раководител на главниот центар за спречување на тероризам на Министерството за внатрешна безбедност....

Свет2 дена

Русија го нападна Киев со ракети и дронови, погодени воз и станбени згради

Русија изврши интензивен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев, во текот на ноќта, при што загинаа четири лица,...

Свет2 дена

Незапаметена кавга меѓу двајца најмоќни луѓе во светот: Трамп и Маск „војуваа“ на социјалните мрежи

Само десет минути по почетокот на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан за сè...

Македонија2 дена

Гужва на граничните премини Богородица и Дојран

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Култура2 дена

Започнува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на...

Македонија2 дена

Арсовска до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. „Мухамед...

Македонија2 дена

Мисајловски на состанок на НАТО во Брисел: Единството на Алијансата е на највисоко ниво

Mинистерот Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на сојузничките земји денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на...

Македонија3 дена

За патувањето во Јапонија се потрошени 3.485.080 денари за билети, сместување и дневници, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во интерес на јавноста најостро реагираме на целосно шпекулативните информации и невистинити тврдења дека министерот за култура Зоран Љутков потрошил...

Македонија3 дена

12 повредени од пожарот во Кочани се на лекување во болница, еден е во тешка состојба, рече Клековски

Сашо Клековски од ФЗО на денешната панел-дискусија, „Кочани е нашиот приоритет“, се осврна на ситуацијата во моментот во однос на...