Контакт

Daily news

Груевски тврди: СДСМ донеле „нула“ инвестиции и работни места

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес на прес конференција оцени дека откако државата ја води СДСМ резултатот од привлекувањето нови странски инвестиции е нула, исто како и бројот на новоотворени работни места. Според него, прашање е дали новата влада воопшто има интерес да привлече странски инвестиции, критикувајќи ги новите кадровски решенија во оваа сфера.

dobivaj vesti na viber

Тој беше и против најавеното објавување на договорите со странските инвеститори бидејќи тоа ќе  нанесе, како што рече, штета на угледот на државата.  Уште повеќе тој тврдеше дека пред смената на власта биле во преговори со околу 60 странски компании да дојдат во Македонија, и ако тие не бидат попречени од новата влада, ќе отворат дополнителни 25.000 работни места.

„Само во  првите пет месеци од оваа година донесовме седум инвестиции со над 4.400 работни места. Резултатот на владата на СДС е нула инвестиции, нула работни места. Искусни кадри како Бил Павлески, Виктор Мизо и Владимир Пешевски кои дипломирале на странски престижни факултети и дошле од моќни компании, се заменети со несоодветни министри како Рамиз Мерко и Самка Ибраимовски“, критикуваше   Груевски.

Проблем за него е и што владата ги повлече сите 33 инвестициски промотори од Европа, од Америка и од Азија, прогласувајки ги за непотребни и за трошок. Истите тие, според него,  иницирале или донеле голем број инвеститори и се покажале за полн погодок во целата шема на привлекување странски инвестиции. Тој жали и за рекламирањето на Си-Ен-Ен што беше укинато од владата, бидејќи е  непотребен трошок, а  неколку сопственици или менаџери на компании јавно објавилеа дека токму меѓународните реклами биле првата информација за нив за Македонија.

„ Владата објави дека во иднина секој инвеститор кој сака да дојде во Македонија и д добие субвенции за тоа ќе може но само доколку прифати услов дел од набавките да му бидат од Македонски компании. Колку и да звучи ова убаво, за жал ова доколку се примени ќе одврати многу инвеститори кои наместо во Македонија ќе заминат во некоја од конкурентските земји во регионот или источна Европа каде нема ваков вид услов. Патем речено секој инвеститор посакува да набавува од локален добавувач доколку квалитетот е здоволителен, а цената конкурентна, но не би се чуствувал комотно ако тоа му е услов или закана. Ниту пак Македонија со сеуште високиот број на невработени е во ситуација да поставува вакви услови, кои не сум чул дека ги поставува некоја друга земја во светот. Македонија е во ситуација. Нам ни требаат и оние инвеститори кои нема да ангажираат домашни компании како добавувачи, заради тоа што ќе вработат 200, 300, 500 или повеќе невработени, кои ако не најдат работа во Македонија, ќе мораат да заминат во друга земја или да живеат во сиромаштија и да се на товар на државата преку програмите за социјана помош.

Згора на се, преку редица демагошки настапи се гради атмосфера дека странските инвеститори многу добиле во Македонија, премногу им се дало или дека давале ниски плати и многу од нив биле за ниско квалификувана работна сила, небаре сите невработени во Македонија се со високо образование знаење, па потребни се исклучиво високо технолошки компании. Нашата стратегија беше да привлекуваме и компании кои бараат високо квалификуван кадар, но и компани кои бараат ниско квалификуван кадар од проста причина што имавме многу такви невработени и се трудевме и за нив, пониско квалификуваните да има понуда за работа. Сите се наши граѓани и за сите треба да се грижиме, а не само за оние со високи квалификации.

  Се најави и постепено зголемување на даноците. Она што министерот за финасии ја известил светската банка во разговор со нивни преставници, а исто така неговите соработници и јавноста, е дека новата влада во својот мандат планира освен воведување прогресивно одданочување и постепено золемување на персоналниот данок, данокот на добивка и придонесите за здравство и пензиско, што не е само лоша вест за странските, туку уште повеќе и за домашните инвестори.

 Народната банка на Република Македонија констатираше дека странските директни инвестиции во првото полугодие близу за 100 милиони евра се помали отколку истиот период лани. Летово доживеавме и период на дезинвестирање, поточно кога повеќе има одлив одколку прилив на странски инвестиции. Минатиот месец се објави информација на ДЗС од која се гледа пад на индустриското произвоство и пад на просечните плати во Македонија. Од повеќето објавени параметри се гледа дека влеговме во период на стагнација на економијата и лоши резултати по речиси сите основи. Ова освен како критика, очекувам да се свати и како рано предупреување на владата.

 Владата на СДС донесе исклучително штетна одлука за декласифицирање и објавување на субвенциите кои се даваат на странските инвеститори во Република Македонија, потег кој ќе влијае на потенцијалните инвеститори и нивните намери да дојдат во земјава да инвестираат. Тука сакам да се осврнам на неколку моменти.

 Не е никаква тајна, ниту е незаконски тоа што Македонија, како и повеќето земји низ светот, кои се борат за странски инвестиции, да дава субвенции по некаква основа. Тоа и досега не било тајна, било согласно закон одобрен од ЕУ и истото даде огромни резултати во намалување на невработеноста.

 Со оваа нова одлука  владата ја руши конкурентоста на државата во однос на другите соседни и регионални држави кои исто се натпреваруваат за инвестиции. Секоја земја прави напори и води преговори со инвеститорите во тој правец. Тоа го прават и Србија, Бугарија, Романија, Чешка, Унгарија, но и одредени држави на пример во САД и други развиени земји кога сакаат да привлечат голем работодавач. Компаниите кои доаѓаат не посакуваат јавно објавување на нивните договори и приходи по основ на субвенции, а тоа не и одговара ни на државата. Прво затоа што се откриваат позициите пред другите земји конкуренти, бидејки најчесто за еден инвеститор во процесот на одлука се натпреваруваат најмалку 5-6 држави некогаш и 10 со различни понуди кои најчесто не се објавуваат. Второ затоа што секој нареден инвеститор ќе бара најмалку иста субвенција од оној кој добил најголема, што не е добро и ја става државата во подредена улога… Понекогаш кога конкуренцијата на земји за еден инвеститор е голема и силна, а неговата важност огромна, субвенциите се поголеми, а некогаш може да се успее и со помали субвенции. Тоа е предмет на преговори. Во поретки случаи се успева да се привлелат и без субвенции.

Најавеното објавување еден вид официјално објавен ценовник за државната помош како и да го наречат тоа, во реалноста ќе резултира со многу загубени битки во однос на привлекување компании од странство да отворат нови работни места во Македонија.

Ваквата стагнација ја чини и допрва ќе ја чини државата и граѓаните. Странските инвестиции беа локомотива на македонската економија и стимулативен елемент на домашното стопанство и на домашните компании кои соработуваат со овие странски инвестиции. Ваквото економско мртвило неминовно ќе доведе до опаѓање на општата економска активност, но и можност за бркање на посточеки инвеститори. Во услови кога во регионот, Европа, но и светот далеку поразвиени држави се борат за секоја нова инвестиција владата на СДС се откажува од таквата трка и излегува од конкуренција“, тврдеше Груевски.

Во овој своевиден отчет во негов мегаломански стил тој  соопшпти дека до  почетокот на оваа 2017та година имало над 100 странски компании  во државата  кои вработуваат илјадници наши граѓани, дека поголемиот дел од нив соработуваат со најмалку петстотини домашни компании и дека во изминатите десетина години владите на ВМРО-ДПМНЕ успеале да привлечат директни странски инвестиции во висина од над 2.6 милијарди евра.

„Во 2006а година немаше ниту една функционална технолошко индустриска развојна зона. Отпочнавме на проект за развој на вкупно 14, сега има  8 целосно функционални зони, додека останатите 6 се во изградба“, тврдеше Груевски.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Петрушевски: Обвинителството треба да истражи каде завршиле речиси 1 милион евра од „Државната лотарија“

Криминалите во Лотарија под раководство на Бајрами и неговиот гуру Груби, а дозволено од страна на СДС се потврди и...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија по изгласаната...

Македонија3 часа

Скопје меѓу најзагадените градови во светот, не сакаме огномет за Нова година: „Зелен хуман град“ со апел до скопските градоначалници

Активисти на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ со апел до сите скопски градоначалници да се откажат од огномет за Нова...

Македонија3 часа

Обвинение за директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје поради преполните контејнери во главниот град

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители...

Македонија4 часа

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за...

Македонија5 часа

Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот

Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и...

Регион6 часа

Фон дер Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора, проширувањето на ЕУ, првпат по повеќе од десет години, стана реална можност

Потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок...

Свет6 часа

Трамп го критикува Бајден: Тој го остави хаосот, јас ја извлеков Америка од работ на пропаст

Во своето обраќање до нацијата во среда вечерта, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за...

Свет6 часа

Минск е можно место за нова средба меѓу Путин и Трамп

Можна нова средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп би можела да се одржи во Белорусија,...

Регион7 часа

Шефот на Европскиот совет: Западен Балкан избира да остане во минатото или европска иднина

Западен Балкан може да избере да остане заробен во минатото или да продолжи кон заедничка иднина во Европската Унија, изјави...

Македонија20 часа

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија20 часа

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...

Македонија1 ден

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

Граѓаните што направиле некој од четирите прекршоци што ги регистрираат камерите на „Безбеден град“ и без да им стигне известување...

Македонија1 ден

35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска, соопшти Комисијата за спречување на корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на...

Македонија1 ден

Орце продолжува со скандалозни назначувања, партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошката, велат од Левицата

Левицата предупредува дека најавите за ново раководство во Зоолошката градина во Скопје претставуваат уште еден алармантен пример за тоа како...

Македонија1 ден

Куќен притвор и 24-часовен надзор за Љупчо Пецов-Ѓаволот, доставил документи за влошена здравствена состојба

Во текот на вчерашниот ден во Основниот кривичен суд Скопје пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Пецов-Ѓаволот, на...

Топ1 ден

Кривични пријави за измама и давање лажен исказ: изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице –транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи...

Топ1 ден

Ја убиле со пиштол, телото ѝ го спуштиле во дупка и го запалиле: истрага против две лица за свирепо убиство на жена во гостиварско Неготино

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека извршиле кривично дело – Убиство...

Македонија1 ден

„Дали Коцевски тактизира со оставката за да купи време и да се забошотат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии и вистината за неговото работење...