Контакт

Daily news

Дали верувате на сопствените сеќавања?

Објавено пред

Кога станува збор за големината на влијанието на сведоштвата на очевидци врз одлуката на поротата пред судија, холивудските филмови всушност не претерувале. Показалец одлучно вперен во обвинетиот често е доволен доказ пресудата да биде изречена. Овие театрални моменти често се трагични со оглед дека показалецот често е воден од невистинити сеќавања. Зачестеното лажно сведочење за кое зборуваме навистина е загрижувачки големо, анализите на голем број криминални дела покажале дека во над 75 отсто случаи на невино осудени луѓе им е изречена пресуда токму врз основа на лажно сеќавање на сведоци.

dobivaj vesti na viber

Сите сме подложни на феноменот на лажни сеќавања, сеќавања на настани кои не се случиле или сеќавања за тоа дека настаните биле поинакви од што навистина се. На нив не се отпорни дури ни тие ретките меѓу нас со исклучителни мемориски способности, кои паметат какво било времето на 16 јуни 1984 година и можат да кажат што ручале на кој било случајно одбран ден.

Лажните сеќавања се еднакво богати со детали и емоции како вистинските, а лицето кое ги има убедено е во нивната реалност. Иако трајни, лажните сеќавања најчесто се целосно безопасни; сеќавање дека сте биле на екскурзија за која всушност само сте слушале од своите средношколски пријатели нема ништо да ви наштети. Но, кога ќе се појават во состојби како судење за кривично дело, последиците можат да бидат исклучително сериозни.

Пред 40 години Елизабет Лофтус од Универзитетот во Калифорнија, Ервајн, тогашен истражувач на почеток на кариерата, а денес еден од највлијателните психолози и експерт консултиран во стотици криминални случаи, се заинтересирала за влијанието на информациите за валидноста на сведочењето на очевидците. Во еден од класичните експерименти, на испитаниците Елизабет Лофтус пуштала видеоинсерти од сообраќајни незгоди, а нивна задача била да ја проценат брзината со која се движеле автомобилите.

На испитаниците на кои им било поставено прашањето „Колку брзо автомобилите возеле кога се судриле?‟, тие одговарале дека брзината била поголема, за разлика од испитаниците кај кои наместо судриле бил употребен глаголот чукнале. По една недела подоцна, испитаниците на кои им било поставено прашањето со зборот судриле, опишувале дури и дека прозорците биле скршени, иако тоа не било прикажано во сцената.

Во над 200 истражувања во кои учествувале околу 20.000 испитаници, Елизабет Лофтус убедливо покажала дека нашиот мозок не ги бележи верно настаните кои сме ги проживеале туку дека секоја нова информација доведува до реконструкција на сеќавањето. За да ги обработи новите информации, мозокот ги користи постоечките и во тој процес создава кохерентно, но често погрешно сеќавање.

Покрај тоа што го менуваат сеќавањето на одредени настани, дополнителните информации можат да ги наведат луѓето да веруваат дека учествувале во настани кои всушност ги замислувале или за нив само размислувале. Така психолозите, со користење на сугестивни прашања и техники на замислување, успеале да ги наведат луѓето да мислат дека во детството се изгубиле во трговски центар, дека предизвикале инцидент на свадба на свој роднина, како и дека ги нападнало агресивно животно.

Со примена на истите техники, психолозите успеале и да изнудат „признание‟ од испитаниците дека лажеле на тестот, па дури и дека само пред неколку години извршиле кражба.

Во едно поново истражување холандски војници во тек на едно интервју биле прашани дали учествувале во измислен настан во Авганистан. Иако во самото интервју војниците исправно рекле дека не учествувале, кога по седум месеци повторно им било поставено истото прашање, многу војници рекле дека учествувале во измислениот настан.

Како што е покажано во текот на ова истражување и само поставени прашања за некој настан може да создаде лажно сеќавање за него.

Со оглед дека лабораториската средина во која главно биле проучувани лажните сеќавања не е посебно интересна, се поставува прашањето дали тие се јавуваат и во високостресни ситуации, во какви што се наоѓале многу очевидци. За жал, значајноста и стресноста на ситуацијата не нè заштитуваат од појава на лажни сеќавања.

Во едно поново истражување, припадници на американска војска кои биле на редовна обука за ситуации во заробеништво биле испитувани на физички и психички агресивен начин 30 минути, а потоа требале да го идентификуваат лицето кое ги злоупотребувало. Наспроти високата обученост за вакви ситуации, кога им се даваат сугестивни информации, војниците погрешно го препознавале злоставувачот.

Иако на лажни сеќавања никој не е имун, откривањето на факторите под кои тие настануваат може да ни помогне да се заштитиме од нив, барем во ситуации како судски процеси во кои е круцијално сеќавањата да бидат вистински. Од друга страна, ако чувате по некое благо разубавено сеќавање на претходната верзија, без грижи, тоа не може да ви наштети.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија4 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија6 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија8 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија9 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија10 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија10 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија10 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија10 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија10 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија11 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија11 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија12 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа13 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет13 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет14 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет14 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет14 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет14 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија1 ден

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...