Daily news
Делев: За два месеца СДС ја задолжил државата над 100 милиони евра
„Расипничкото однесување на Владата на СДС веќе добива загрижувачки димензии. Имено, Владата на Зоран Заев, која до пред некој месец лицемерно говореше дека нема да се задолжува, вчера ја задолжи Македонија со нови 30 милиони евра со аукција на државни хартии од вредност. Од ова задолжување, само 11 милиони евра одат на отплата на достасани рати, што значи речиси две третини од овие средства се нов долг на грбот на граѓаните“, изјави Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС вети живот, ама ова е живот на кредит и рати. Од ден за ден. Тоа е потврда на целата нивна неодговорност, негрижа за парите на граѓаните и расипништво. Цехот на крајот за нивната безидејност ќе го платат граѓаните.
СДС откако е на власт, за два месеца, само по основ на аукции на државни хартии од вредност ја задолжил државата повеќе од 100 милиони евра. Патем од тие 100 милиони евра граѓаните не видоа никаков ќар. Ниту се почна со изградба на нови училишта ниту се почна со изградба на нови градинки, канализации, водоводи или слично. Напротив, тие дури и предводеа кратење на овие проекти со новиот ребаланс. Оттука отворено се прашуваме за што новата Влада на СДС ги потроши овие пари?
Дали овие 100 милиони евра се за партиски вработувања, договорни услуги и удомување шарени револуционери, твитер-ликови и комедијанти за дебели хонорари?
Каде е сега бројачот на долг што СДС толку го користеше или можеби прегреа од задолжувањата во последните два месеца. СДС успеа да ја задолжи државата само по основ на аукции на државни хартии од вредност речиси 1,5 милион евра секој ден.
Дополнително, неодговорната влада на СДС планира со ребалансот да ја задолжи државата со нови 150 милиони евра. Ова е планот на СДС, да ја клекне државата на колена, без притоа да води сметка за потребите на граѓаните, а бесцелно да трупа долгови.
Министерот Тевдовски молчи каде одат овие пари со кои безмилосно ја задолжува државата. Министерот Тевдовски исто така не дава одговор каде планира да ги потроши и идните милиони евра со кои планира да ги задолжи граѓаните.
Во согласност со ребалансот и плановите на Владата на СДС, до крајот на годината долгот на државата ќе порасне 638 милиони евра. За што?
„За ваквото несовесно работење следува одговорност, која многу бргу граѓаните ќе му ја испорачаат на претстојните локални избори“, изјави Христијан Делев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.