Контакт

Daily news

Десет судии најавуваат кривична пријава за попречување на правдата

Објавено пред

Десетина судии од Основниот суд Скопје 1 најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава против в.д. претседателот на Судот, Стојанче Рибарев, за попречување на правдата.

dobivaj vesti na viber

Рибарев денеска пред да биде соопштена одлуката дека во „Титаник“ нема да има притвор за експремиерот Никола Груевски и за останатите обвинети, ги свикал на колегиум сите судии за да им соопшти дека направил нов годишен распоред. Со тој распоред  Рибарев ги враќа на старите работни места судиите што претходно ги тргна од предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).Судиите велат дека со овој потег  в.д. претседателот Рибарев сака да се заштити од кривична одговорност за спречување на правдата.

„Сега откако се заврши првата рунда против Специјалното обвинителство со отфрлање на буквално сите барања за мерки притвор, заклучно со неодобрувањето притвор на поранешниот премиер Никола Груевски и на соработниците Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски, нè враќаат сите што не тргнаа како опасни и неподобни судии“, изјавиле за  САКАМДАКАЖАМ.МК дел од вратените т.н. неподобни судии.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

Истрелани се околу 180 проектили од кои повеќето се пресретнати, тврди израелската армија

Израелската војска соопшти дека идентификувала околу 180 проектили истрелани кон Израел од Иран. Претставник на израелската безбедност, исто така, рече...

Свет2 часа

Иранската револуционерна гарда: Овој напад е одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах

Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападот врз Израел бил одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах. Лидерот на...

Свет3 часа

(Видео) Израелската армија: Иран истрела ракети кон Израел

Израелската војска соопшти дека ракети биле истрелани од Иран кон Израел. Сирените се огласија низ Израел. Израелските одбранбени сили (ИДФ)...

Топ5 часа

На Клиника починала 67-годишна жена од Кумановско

Денеска (01.10.2024) во 02.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив...

Македонија6 часа

Филипче: Безбедноста на граѓаните загрозена во 100 дена власт на Мицкоски

Насилничкото однесување на припадници на полицијата, ја покажа погубната страна на партизацијата на безбедносните служби во првите 100 дена од...

Македонија6 часа

Ѝ се заканувал со убиство на уставна судијка преку социјалните мрежи: Обвинителството предлага условна осуда за скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за издавање казнен налог против едно...

Македонија8 часа

Минималната плата не стана 450 евра; Трендафилов: Утре ќе биде 101. ден од новата Влада и ништо нема да биде сменето   

Владата на Христијан Мицкоски не го исполни барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од мај годинава – покачувањето на...

Македонија9 часа

Мицкоски за 100 дена Влада: Нема да направиме ниту една отстапка што ќе значи дополнителен срам и понижување на граѓаните

Оваа влада нема да направи ништо спортивно на националните интереси и стратешки правци на граѓаните. Нема никогаш да направи ниту...

Економија9 часа

Трајкоска за 100 дена Влада: Имавме многу високи очекувања, не добивме ништо, немаме информација како парите од кредитот ќе одат за бизнисот

Работодавците немаат никаква конкретна информација на кој начин половина од парите од најавениот унгарски кредит ќе одат за бизнисот. Претседателката...

Топ11 часа

(Видео) Кривична пријава за 12 полицајци и шест вработени во Државни патишта

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет13 часа

(Видео) Американците објавија снимка од пресретнувањето на руските авиони, за малку ќе дојдеше до несреќа

Северноамериканската воздушна и вселенска одбранбена команда (НОРАД) објави видео од ескадрила ловци пресретнувачи Ф-16Ц, кои доживеаја инцидент на небото во...

Македонија13 часа

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2.500 денари

Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на...

Свет15 часа

(Видео) Тројца загинати, 15 повредени во напад со нож во Шангај

Три лица загинаа, а 15 се повредени во напад со нож во супермаркет во Шангај вчера, јави државната новинска агенција...

Свет15 часа

(Видео) Нападната американската воена база во Багдад

Неколку ракети Какуша беа истрелани ноќеска врз воена база во која се сместени американските сили во близина на меѓународниот аеродром...

Свет15 часа

Израелците го нападнаа главниот град на Сирија; Државната телевизија: Убиена е наша водителка

Тројца цивили загинаа, а девет се ранети во израелски напад врз главниот град Дамаск, објавија рано утринава државните медиуми, повикувајќи...

Македонија15 часа

Земјотрес со јачина 3,2 почувствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија1 ден

Застарува затворската казна за Груевски за набавката за „мерцедесот“

Експремиерот Никола Груевски се спаси од затворската казна за случајот „Тенк“ бидејќи на 4 октомври поминуваат шест години од правосилната...

Македонија1 ден

МВР жестоко ќе одговори на секој обид за дестабилизација, за Тошковски – подгревањето на меѓуетничките тензии е реалност на која работаат службите

Обидите за подгревање на меѓуетничките тензии се реалност за која надлежните служби проследуваат соодветни информации, рече денес министерот за внатрешни...

Топ1 ден

Ужасен улов во Вардар: рибар од Тетово, наместо риба, извлекол торба со мини

Рибар од тетовското село Волковија доживеал несекојдневен и морничав настан вчера додека бил на риболов. Според информациите од полицијата, тој...

Македонија1 ден

Се соочивме со деструктивна опозиција, имаа осум години за балансерот, Законот за јазиците, а сега ја злоупотребуваат судската власт : Меџити за првите сто дена Влада

Демократско правило е првите сто дена да ѝ се дадат на новата власт да ги постави луѓето и да почне...