Контакт

Daily news

Дескоска: Предучилишното образование е коренот на воспитувањето и образовањето на учениците

Објавено пред

Јавноста кај нас го перципира образованиот систем само преку основното, средното и високото образование, но не треба да се заборави ниту предучилишното образование, коренот на воспитувањето и образовањето на учениците, истакна министерката за образование, Рената Дескоска, на меѓународната конференција „Квалитетно образование за раст, резултати и подобра иднина“.

dobivaj vesti na viber

„Згрижувањето не е единствената функција на градинките, туку тие се и основата за успешно приспособување на наставните програми и материјали во основното училиште. Праксата покажала дека децата што ги посетувале градинките се поподготвени за следење настава и совладување на материјата отколку оние што биле воспитувани во домашни услови“, истакна Дескоска.

Таа најави крај на воведените експериментални практики во образовниот систем, но и воспоставување темели на нов и квалитетен образовен систем, по што ги истакна клучните реформи во образованието.

„Главен столб ќе биде воспоставувањето и градењето на партнерскиот однос меѓу наставниците и учениците, намалувањето на бројот на часовите, особено во основното образование, како и намалување на бројот на ученици во паралелките. Таа најави и можно пилотирање на дел од реформите пред нивното имплементирање во образовниот систем“, рече Дескоска.

Досегашната анализа, истакна Дескоска, во областа на општото средно образование утврди дека наставните планови се преоптоварени и сè уште постојат наставни програми што се застарени и не овозможуваат континуитет на когнитивниот и социо-емоционалниот развој на учениците. Слични беа забелешките и во поглед на средното стручно образование, при што министерката напомена дека тоа и понатаму не привлекува доволен број ученици.

„Забележливо е несовпаѓањето меѓу понудата на кадри од системот за средно стручно образование и побарувачката на пазарот на работна сила, како и дека системот за воведување нови квалификации во стручното образование и обука е нефлексибилен и неделотворен, а соработката со бизнис-сектор за конкретна практична обука на учениците и учење во работна средина е неефикасна“, забележа Дескоска.

Министерката потенцира дека клучните цели на стратегијата се воведување програма за рано учење и развој за деца на возраст од 5 до 6 години, со цел да се поддржи нивното успешно преоѓање во основното образование, како и промовирање на интеграцијата на учениците што  припаѓаат на разни етнички заедници, преку заеднички наставни и воннаставни активности, заедничко учење јазици, подобрување на просторните услови за интеграција, осигурување меѓучовечки и меѓукултурни социјални и општествени компетенции.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Масакрот на кучиња во Кичево не бил пријавен во МВР, полицијата постапува по допрен глас

Министерството за внатрешни работи постапува по допрен глас, по извештаите за убиства на повеќе од 40 кучиња во Кичево пред...

Македонија4 часа

Три групи да внимаваат поради промената во зимско време, лекарите со совети за да се избегне нарушување на ритамот

Американската академија за медицина на спиење (ААСМ) со години се залага за прекин на поместувањето на часовникот, тврдејќи дека стандардното...

Македонија4 часа

МЗ: Кај клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби

Во врска со медиумските објави за наводна изградба на зграда на паркингот кај ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија,...

Македонија6 часа

Молк по масакрот во Кичево кадешто беа убиени над 40 кучиња, активистите бараат истрага и одговори од градоначалникот Дехари

Активистите од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бараат одговори по ужасот во Кичево кога за само еден ден...

Свет6 часа

Руски напад врз Киев

Русија синоќа изврши напад врз Киев, во кој најмалку едно лице беше убиено, а десет беа повредени. Главниот град на...

Македонија7 часа

Халуцинации и психолошка состојба се обидите на СДСМ резултатот од изборите да го прикажат како историски подвиг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во врска со прикажувањето на резултатите од првот круг на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ утрово прашува со што денес Социјалдемократскиот сојуз...

Свет7 часа

Специјалниот претставник на Кремљ: Русија, САД и Украина се блиску до дипломатско решение

Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изјави во Вашингтон дека Русија, САД...

Македонија8 часа

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Ноќва почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад....

Македонија8 часа

Ѓоргиевски: Тим од експерти и градежна инспекција ќе стават крај на дивоградбите

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски изјави дека како градоначалник на Кисела Вода докажал дека може...

Македонија21 час

Мицкоски: Очекуваме во вториот круг бројката на гласови за Орце Ѓорѓиевски да биде околу 125-130 илјади

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Валандово, во рамки на вториот круг од локалните...

Македонија24 часа

Често миење раце, фрлање ѓубре со ракавици и дезинфекциски бариери во училиштата, препорачаа лекарите од ИЈЗ

Засега не е регистриран пораст на заболувања што може да бидат предизвикани од натрупаното ѓубре на улиците во Скопје, велат...

Македонија1 ден

(Видео) Mециновиќ за отпадот во Скопје: Владата намерно го остави градот да дојде до колапс за потоа да се прикажува како херој

Амар Мециновиќ, кандидатот на Левица зa градоначалник на Град Скопје во вториот круг на локалните избори, со предупредување за алармантната...

Македонија1 ден

М-НАВ: Тасевски призна дека штрајкот што го најави беше незаконит и свесно спроведува атака

На 22.10.2025 година М-НАВ АД Скопје преку правниот застапник адвокат Горан Николовски одржа прес-конференција, на која беа презентирани ставовите и...

Македонија1 ден

Tримесечна специјализирана обука: Лекарската комора го условува продолжувањето на лиценцата на д-р Кузмановски

Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора го разгледала поднесеното барање за продолжување на лиценцата за работа на...

Македонија1 ден

Каде скопските градоначалници го одлагаат собраниот отпад, прашуваат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спроведе активности за собирање и транспорт на...

Македонија1 ден

Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња, нивното дислоцирање од една во друга општина е сурова и опасна пракса, порачуваат од „Анима мунди“

Во последниот период сведочиме на повторливи, систематски и сурови случаи на дислоцирање цели легла и глутници кучиња во градот Скопје...

Македонија1 ден

Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин

Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово,...

Европа1 ден

(Видео) Акција на украинските падобранци: ослободија село, заробија 50 Руси

Украинските воздушни напаѓачки сили го ослободија селото Кучерив Јар во Донецката област, заробувајќи повеќе од 50 руски војници и спасувајќи...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун: Ниту доминацијата ниту тиранијата не може да ги прекинат врските со Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека воениот сојуз меѓу неговата земја и Русија ќе напредува непрекинато, објави државната медиумска агенција...

Свет1 ден

Белата куќа: Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател следниот четврток

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг следниот четврток, соопшти Белата куќа. Трамп ќе присуствува...