Daily news
Дијаспората мост за соработка меѓу Македонија и Австралија

Потенцијалот за соработка меѓу Македонија и Австралија е огромен, а денешната прва посета на австралиски министер за надворешни работи на Македонија е добар старт за тој да почне да се искористува. Мост на таа соработка е бројната македонска дијаспора во Австралија, оценија на заедничка прес-конференција австралиската министерка за надворешни работи, Џули Бишоп, и нејзиниот домаќин шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Според министерката Бишоп, предолго не се случила ваква посета на земјава и изрази надеж дека тие ќе бидат почести во иднина.
– Особено сум задоволна што сум тука во овој период кога има големи очекувања, големи можности, во време кога македонскиот народ има нова Влада и врти нова страница. Земјата отвора ново поглавје и Австралија ве охрабрува во спроведувањето на сите задачи што се поставени на агендата – економските реформи, заложбите за демократија, демократските вредности, за владеење на правото и човековите права, нулта толеранција за корупцијата. Треба да се поддржат напорите во овие цели и ќе направиме сè што можеме да ве поттикнеме во вашите напори, рече Бишоп.
Според Димитров, ова е голем ден за нас бидејќи ова е прва посета на министер од Австралија од прогласувањето на независноста на Македонија во 1991 година.
– Има огромен потенцијал за развој на билатералните односи и ќе ја искористиме оваа посета и ова внимание што го добива регионот како еден старт на искористување на овој потенцијал. Се надеваме дека ова е само еден почеток. Сакаме да има, можеби не пречести со оглед на реалноста на географијата, меѓутоа редовни средби и на министерско и на повисоко ниво меѓу Република Македонија и Австралија, рече Димитров.
На билатерално ниво двајцата оценија дека бројната македонска дијаспора создава тесна поврзаност на ниво на народи на двете држави.
– Во Винстон, државата од каде што доаѓам, има мошне гласна македонска дијаспора која е заинтересирана за нивната нова татковина, но и за нивната матична земја и тоа што се случува во неа, рече Бишоп.
Димитров нагласи дека значаен дел во разговорите посветиле токму на македонската дијаспора во Австралија како мост на соработка меѓу двете земји и како една од базите на кои ќе можеме и понатаму да ги градиме односите.
Министрите за надворешни работи се осврнале и на можностите за зголемување на економската соработка, на трговската размена меѓу двете земји, како и за глобалните предизвици како што се мигрантската и бегалската криза, борбата против тероризмот и заедничките напори кои можат да ги направат двете земји како дел од Коалицијата против ИСИС.
Австралиската министерка Бишоп е во посета на Македонија во рамки на нејзината турнеја во регионот, со цел да се стекне со добра перспектива за значењето на овој дел од светот за врските со ЕУ и НАТО. Во Скопје дојде од Хрватска, а оттука заминува за Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.