Контакт

Daily news

Ексхумирани остатоците на Салвадор Дали, мустаќите во иста форма

Објавено пред

Шпанските експерти за судска медицина зедoa примероци од косата, ноктите и од коските на познатиот сликар Салвадор Дали за да се утврди татковство по барање на една Каталонка.
Форензичарите во четвртокот вечерта го  отворија неговиот ковчег, а на земањето мостри можеа да присуствуваат само пет лица – судија, тројца истражители и еден асистент.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Генералниот секретар на Фондацијата „Гала“ на Салвадор Дали изјави дека останките мумифицирани пред 27 години се добро зачувани и дека неговите познати мустаќи останале во „својата класична форма 10 и 10“, мислејќи на позицијата на стрелките на часовникот.  Анализата на примероците може да трае со недели.

Пилар Авел, родена во 1956 година, тврди дека мајка ѝ имала љубовна врска со Дали и на нејзино барање судот минатиот месец нареди ексхумација на посмртните останки од Дали за да се добијат ДНК-примероци за определување биолошко татковство. Ако се поврди дека Дали е  нејзин татко, Авел може да бара една четвртина од неговиот имот, кој сега е во сопственост на јавна фондација.

Претставници на Фондацијата, која управува со имотот на Дали, во вторникот изјавија дека доказите во корист на Абел не биле доволни за ексхумација и ќе ја продолжат правната битка да се откаже тестот за татковство.
Фондацијата и Музејот презедоа чекори за да се спречи слики од ексхумацијата да се појават во јавноста така што не е дозволено да се носат мобилни телефони и ставена е и стаклена купола за да не може да се снима од беспилотни летала.

Шпанскиот уметник е роден во Фигуерас 1904 година, каде што и почина на возраст од 85 години. Погребан е во Театарот и музеј „Дали“ во Фигуерас.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Владата е обединета, рече Мицкоски кој не сакаше да ги коментира превирањата меѓу Таравари и партнерите од „Вреди“

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ги коментира информациите дека Арбен Таравари ја напушта коалицијата „Вреди“. Прашан од новинарите и дали...

Македонија52 минути

Уште денес очекувам убави вести за македонските граѓани, рече Мицкоски за царините на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште денес убави вести за македонските граѓани и економијата, во врска со царината од 33 отсто...

Свет3 часа

Европската комисија најави пропорционален одговор на американските царини

Следната недела Европската Комисија ќе воведе контрамерки како одговор на американските царини за увоз на алуминиум и челик, додека одговорот...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДСМ, Сашко Митовски, за...

Македонија4 часа

(Видео) Приведен прилепчaнец поради видеото со пукањето од балкон, се трага по уште едно лице

Приведен е 51-годишен прилепчанец од селото Црнилиште Општина Долнени поврзан со видеото со пукањето споделено на „Фејсбук“. МВР трага и по...

Свет5 часа

(Видео) Киев под руски напад

Најмалку три лица се повредени, а неколку пожари избувнаа во Киев рано утринава по руски ракетен напад, соопштија градоначалникот и...

Свет5 часа

Во САД протести против Трамп: „Рацете подалеку од нашата демократија“

Во делови од САД вчера беа одржани околу 1.200 протести под името “Hands Off!” во знак на спротивставување со политиката...

Македонија17 часа

(Видео) Директорката на клиниката за пластична хирургија низ солзи им се заблагодари на странските доктори за помошта по трагедијата во Кочани

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од...

Топ20 часа

Притвор за 15-годишно дете кое неколкупати силувало 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата за деца во гостиварскиот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка и предлог за...

Македонија20 часа

Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа

Да се воведат механизми кои нема да дозволат билатерални спорови да се пречка за остварување на заедничка цел, порача премиерот...

Македонија22 часа

Министерство за здравство: 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба

Министерството за здравство информира дека во моментов 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба,...

Македонија24 часа

(Видео) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека има цијанид 100-тици пати над дозволеното

Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека во водата во Крива Паланка има цијанид 100-тици пати над дозволеното, за да шири...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Со Тошковски на чело, МВР е во хаос – бодигарди аздисуваат на улиците како на див запад

Со Панче Тошковски на чело на МВР хаос се случува по македонските улици, безбедноста е загрозена, нема никаков ред и...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Левица и Апасиев во директен договор со Извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена

Левица и Апасиев во директен договор со Извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена, кажа денеска...

Македонија1 ден

Словенија ја поддржува реформата на јавната администрација во Македонија

Министерот за јавна администрација на Република Словенија, Франк Пропс, во рамки на својата официјална посета на Скопје, одржа интензивни работни...

Македонија1 ден

Семејствата на починатите во кочанската дискотека денеска излегуваат на протест

Семејствата на починатите во кочанската дискотека организираат „Марш за ангелите“. Протестот ќе се одржи денеска во 12:05 часот. Маршот ќе...

Свет1 ден

САД почнаа да ги наплаќаат новите царини на Трамп од 10%

Американските царински службеници почнаа да ја наплаќаат едностраната царина од 10 отсто на претседателот Доналд Трамп за сите увозни производи...

Македонија1 ден

Денеска облаци и сонце, утре дожд и снег

Утре голема промена на времето. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој...

Македонија2 дена

(Видео) „Поршето“ во Дебар маало не било на полицаец туку на ексамбасадорот Срѓан Керим

Паркираното „порше“ во Дебар маало не било на полицаец, туку било во сопственост на Срѓан Керим, ексминистер за надворешни работи,...

Македонија2 дена

Се организира транспортот на телото на Александар Карадакоски – управителот на „Пулс“ кој почина во Литванија

Институциите го организираат транспортот од Литванија на телото на 29-годишниот Александар Карадакоски, кој е 60 жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“...