Daily news
ЖРК Вардар подготвен за уште подобар старт на 2018 година
По крајот на Европското првенство во ракомет и „долгата“ пауза, ракометарките на европскиот вице-шампион ЖРК Вардар се собраа на првиот тренинг пред напорниот јануари во кој го очекуваат три натпревари – два во ВРХЛ лигата и еден од Лигата на шампиони.
Тренерот на Вардар, Ирина Дибирова очекува уште подобар втор дел од сезоната, откако претходно имаа целосна доминација во ЛШ.
„Во првиот дел од сезоната победивме на сите натпревари, но никако не можам да бидам задоволна од покажаното, зашто имавме некои грешки кои во следниов период мора да ги поправиме. Мислам дека можеме и подобро да играме. Младите ракометарки, пак, би сакала во идниот период да добијат поголеми шанси, но имаме многу тешка група во Лигата на шампоните и ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Во екипата имаме многу квалитетни и искусни играчи и девојки на кои им е потребно повеќе да играат, а немаме доволно натпревари кои ќе бидат добри за нив. Ќе се обидеме да ги усогласиме потребите, сега следат натпреварите од регионалната лига, каде очекувам тие повеќе да играат и потоа да помогнат и во натпреварите од главната фаза од Лигата на шампионите”, објаснува Дибирова.
Првиот тест за Вардар ќе биде третиот турнир од регионалната ВРХЛ лига, а натпреварите се закажани за 19, 20 и 21 јануари во СЦ „Јане Сандански”. На 19 јануари во 17 часот играат Вардар и Будуќност, следниот ден, на 20 јануари се среќаваат Будуќност и Крим, а на 21 јануари играат Крим и Вардар. На претходните два турнири одржани во Подгорица и во Љубљана, вардарки победија на сите четири одиграни натпревари.
„Секоја година имаме иста цел, и годинава играме позрело и посериозно. Во првиот дел ова го покажавме, и можеби е сѐ уште рано да се предвидува, следи главниот дел од натпреварите но сега се познаваме многу подобро од лани. И сега доволно е да се погледнеме во очи и да знаеме која што мисли. Искрено, на натпреварите од регионалната лига очекувам дека тренерите ќе им дадат шанса на сите играчи за да се подготвиме колку што е можно подобро за она што следува во Лигата на шампионите. А, се разбира амбицијата е секогаш да се победи и освои теренот независно од противникот”, вели Јованка Радичевиќ.
Фото: ЖРК Вардар
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.