Daily news
Загрепчанка од угледно семејство војува за ИСИС
Во областа под контрола на ИСИЛ останаа седум лица што имаат хрватско државјанство – шест од нив имаат двојно државјанство и никогаш не живеле постојано во Хрватска, а само една жена има единствено хрватско државјанство.
Тоа е 30-годишната Дора Билиќ, чија активност пред неколку години беше забележана во Рака во Сирија, каде што е упориштето на силите на Исламската држава. Таму таа беше со својот сопруг, државјанин на БиХ, кој им се приклучи на силите на ИСИС, пишува „Вечерњи лист“.
Загрепчанката од почитувано семејство, израсната во католички дух, ги шокираше блиските кога премина во ислам. Според „Вечерњи лист“, Дора, по добивањето одлични оценки во средното училиште, се запишува на Правниот факултет, но таму сфатила дека нејзините студии не ѝ претставуваат предизвик, па продолжила да се образова за физиотерапевт. Таа зборувала неколку јазици, сакала да патуваат во Европа и да посетува музеи, а пресвртна точка во нејзиниот живот се случува со доаѓањето во Лондон. Таму го запознала својот прв сопруг, тогаш сè уште христијанин, кој набргу преоѓа во исламот и се приклучил на радикални муслимански организации.
Неговото влијание врз Дора било исклучително силно, така што таа исто така се откажала од својата вера и го избрала исламот. Меѓутоа, бракот не траел. Дора го напуштила својот сопруг бидејќи не бил доволно екстремен. Така, по разводот, на крајот на 2012 година, одлучила да најде некој по нејзин вкус, порадикален.
Таа се запознала со Сенад Авдиќ, наречен Чадо, кој во тоа време живеел во едно село во близина на Брчко со својата сопруга и децата. По средбата со Дора, бракот се распаднал, а парот се преселил во Сирија, каде што наводно добиле и дете. Таму, наводно, и била ранета во нападите на коалициските сили врз позициите на ИСИС.
Сите овие информации го шокираа семејството Билиќ и сите оние што ги познаваат. Таткото на Дора е познат како експерт за земјоделство, мајка ѝ ве архитект, а брат ѝ е адвокат. Баба ѝ е магистер на фармација, а дедо ѝ е електроинженер, односно семејство на интелектуалци, што прави уште потешко да се разбере екстремната радикализација што ја поминала 30-годишната Билиќ.
Семејството на Дора не сака да дава изјави, велат само дека таа била употребена за пропаганда и дека го осудуваат секој, па и исламскиот радикализам и тероризам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.