Daily news
Заев во ОН за спорот за името: Грешевме и двете земји

Премиерот Зоран Заев штотуку се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во говор кој отскокнуваше значајно од тонот и од пораките видени од нашите преставници изминатите години кои главно се сведуваа на изнасилен патриотизам и антигрчка и анти ЕУ реторика. Притоа премиерот го отвори и прашањето за спорот со името со Грција, нагласувајќи дека четврт век по нашиот прием во ОН тоа и натаму е отворемно и има последици за земјата. Притоа Заев рече дека двете земји имплементираат мерки за доверба,што е позитивен развој,откако во минатото и двете направиле извесни грешки, со порака дека сега треба да се зграпчи моментумот.Тој наедно а оцени како многу вредна мисијата на медијаторот Метју Нимиц и порача дека ние сме подготвени да го одработиме нашето, но го очекуваме тоа и од нашите партнери.
Околу внатрешната ситуација Заев нагласи дека владата е посветена на доброто владеење и владеењето на правото и дека преку договорот со Бугарија покажала дека има капацитет да решава отворени прашања.
„ Демократијата мора да биде водена од граѓанско општество. Мојата влада има амбициозен план за реформи. Треба да градиме професионални институции. Од длабочината на полтичките кризи излеговме посилни. Уверен сум дека сите ја имаме истата цел, мир во светот и пристоен живот за сите. На заедничките предизвици ќе одговориме со заеднички решенија. Македонија сега е слободна, безбедна и стабилна земја. Таа е пријател со своите соседи и ориентирана кон НАТО и Европската унија – истакна Заев.
Генерално тој изрази длабока загриженост за ракетните проби на Северна Кореја и се заложи за мирна денуклеаризација на оваа земја.
„Имплементацијата на резолуциите на Советот за безбедност е клуч да се избегнат можните катастрофални последици за идните генерации. Длабоко сме вознемирени од унилатералните акции на Северна Кореја. Тие спроведуваат нуклеарни проби и лансираат ракети и покрај постојаните повици од меѓународната заедница да ги почитуваат резолуциите на Советот за безбедност. Веруваме дека мирната денуклеаризација на корејскиот полуостров е изводливо решение и затоа ја повикуваме Северна Кореја веднаш да се откаже од нуклеарната и ракетната програма и да го потпише и да го ратификува договорот за забрана на нуклеани проби“, рече Заев.
Премиерот ги спомена мигрантите исто така но само од аспект на случувањата во минатиот период како голем предизвик кој Македонија успеала да го изменаџира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.