Контакт

Daily news

Заев – Главчев: Местото на Македонија ѝ е во ЕУ и НАТО

Објавено пред

Соработката помеѓу Македонија и Бугарија продолжува да се развива во позитивна насока откако премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов, го потпишаа договорот за добрососедство, пријателство и соработка, било констатирано на денешната средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Народното собрание на Бугарија, Димитар Главчев, соопшти Кабинетот на Заев.

dobivaj vesti na viber

Во очекување на ратификацијата на договорот во парламентите на двете држави, како што информираат, веќе се воспоставени контакти помеѓу бизнисмени од двете земји, што ќе придонесе за економски развој во државите и отворени се можности за соработка во повеќе области, како што се земјоделството и културата.

„Договорот отвора перспективи и за Република Македонија и за Република Бугарија и бенефит ќе имаат граѓаните на двете држави. Унапредувањето на двете соседски држави, Македонија и Бугарија, испраќа силна порака во регионот и пошироко дека земјите сами може да ги надминат сите отворени прашања ако за тоа постои искрена политичка волја“, истакна премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Заев, изрази благодарност за поддршката од Бугарија за евро-атлантските перспективи на Македонија.

„Местото на Република Македонија ѝ е во НАТО и ЕУ и Република Бугарија ја поддржува Република Македонија на тој пат“, рече претседателот на бугарскиот парламент, Главчев.

Главчев додаде дека со договорот се отвора нова страница во односите помеѓу двете земји. На средбата заеднички е заклучено дека регионалната соработка е значајна за евро-атлантската иднина, која му е потребна на целиот Балкан и дека односите помеѓу Македонија и Бугарија се добар пример за тоа.

Заев му се заблагодари на Главчев за хеликоптерите што ги испрати Бугарија во Македонија како значајна помош во справувањето на проблемот со пожарите во нашата држава.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со...

Топ10 часа

(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите...

Македонија12 часа

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...

Македонија13 часа

Уписот во средно в година ќе биде подигитален од годинешниот: родителите нема да трчаат да ги скенираат свидетелствата, тие дигитално ќе се преземаат

Годинешното дигитално пријавување во средните училишта значеше само повеќе мака и ангажман на родителите во споредба со претходните уписи. Иако...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за...

Топ16 часа

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија18 часа

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет18 часа

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет18 часа

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет19 часа

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет19 часа

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија1 ден

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија1 ден

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија1 ден

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија2 дена

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија2 дена

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија2 дена

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија2 дена

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија2 дена

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...