На бизнис форумот присуствуваат претставници на израелската бизнис заедница од областа на дигиталната технологија и компјутерскиот бизнис, земјоделството, туризмот, претставници на фирми – бизнис инкубатори, од телекомуникациите кои изразија интерес за условите за инвестирање во соодветните области.
Пред почетокот на Бизнис формумот, владината делегација предводена од премиерот Заев посети позната фирма, бизнис инкубатор. Станува збор за фирмата АtoBiAzrieli College of Engineering Accelerator, како и две светски компании од Израел, Mobilеy и Orcam, коишто почнале како страт ап компании.
Причина за посетата на Израел, според информацијата од владата, е испиративниот економски раст на оваа држава, која е помала од Македонија по територија, има неколку пати пати повеќе жители , но е меѓу првите во светот по бројот на старт ап компании, што е една од планираните мерки на владата.