Контакт

Daily news

Заев на средба со МАТТО: Соработката со Турција е значајна, градиме стабилна бизнис-клима

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, и советниците за економија, здравство, енергетика и земјоделство, денеска оствари средба со претседателот на МАТТО, Стопанската комора на Македонија и Турција, Ајдован Адемоски, кој на средбата беше придружуван од високи претставници на раководството на комората.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше изразено силно уверување дека соработката помеѓу Република Македонија и Турција во периодот што следува ќе се интензивира, и во таа насока ќе се работи на зголемување на трговската размена помеѓу двете земји, но и на нови инвестиции кои се важни за економскиот раст.

„ Успехот во работењето на новата Влада го гледаме преку успехот што ќе го постигнуваат приватните компании и бизнисот. Наша цврста определба е да работиме како ваш сервис, да ги решаваме проблемите, но и да ги отвораме перспективите за нови инвестиции и развој на вашите бизниси. Веруваме дека ако бизнисот оди напред, ќе се отвораат шансите за квалитетен животен стандард на сите граѓани. Владата на Република Македонија посветено работи на градење стабилна и предвидлива бизнис-клима за да можете вие и вашите компании слободно да планирате, да градите стратегии, но и храбро да влегувате во нови инвестиции“ – порача премиерот Заев.

Toj посочи дека постои голем интерес за поволностите и поддршката што Владата на Република Македонија ги обезбедува во планот за економски раст еднакво и за домашните и за странските инвеститори, и во таа смисла ги повика и присутните претставници на комората, воедно и докажани директори и менаџери на големи компании во земјава, да влезат во нови инвестиции за кои ќе добијат силна помош и поддршка од државата.

Претставниците на МАТТО Стопанската комора на Македонија – Турција дадоа поддршка на економските политики и изразија очекувања за плодна соработка во иднина.

Заев уште еднаш ја нагласи важноста од интензивирање на економските релации и соработка со Турција и порача дека Владата на Република Македонија посветено ќе работи во тој правец.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

Трамп: Средбата со Кси беше неверојатна

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја опиша денешната средба со кинескиот претседател Кси Џинпинг како неверојатна, пофалувајќи го кинескиот лидер...

Свет1 час

(Видео) Американската војска нападна брод, вели дека превезувал дрога: четворица мртви

Американската војска вчера уби четворица мажи за време на напад врз сомнителен брод за превоз на дрога во источниот Пацифик,...

Свет2 часа

По 30 години, Трамп нареди тестирање на американско нуклеарно оружје

Пред средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД веднаш...

Свет2 часа

(Видео) Ураганот предизвика огромна штета: премиерот на Јамајка објави снимки од воздух

Бројот на жртви од ураганот Мелиса се зголеми додека минуваше покрај Куба и се движеше кон Бахамите, еден ден откако...

Европа2 часа

Орбан: Европејците сакаат да започнат војна, ние не сакаме да се бориме

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави започнување на антивоена кампања, која ќе биде придружена со мировни собири низ цела Унгарија. „Опасноста...

Свет2 часа

Заврши средбата меѓу Трамп и кинескиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со кинескиот претседател Кси Џинпинг во јужнокорејската воздухопловна база, при што двајцата лидери звучеа оптимистички...

Македонија17 часа

Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат: Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и...

Македонија18 часа

(Видео) Митева: Јакимовски да објасни како е можно за една година со семејството да стане сопственик на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, Жданец

„Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство...

Македонија21 час

Оставка на Сабахадин Рустеми од „Комунална хигиена“ за да не влијае на истрагата

В.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат...

Македонија21 час

Царината заплени речиси три илјади парчиња стока: облека со потпис на заштитени трговски марки, алкохол, електронски цигари, автоделови

На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село царинските службеници и мобилните тимови запленија речиси три илјади парчиња стока,...

Македонија21 час

Орце Ѓорѓиевски по дебатата со Мециновиќ: Скопјани сакаат дела и резултати

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО–ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по синоќешната дебата со опонентот од Левица, Амар Мециновиќ, објави...

Македонија22 часа

Мециновиќ по дебатата: Ова е генерациска борба на непривилегираните

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, по вчерашната прва дебата со неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце...

Македонија22 часа

Обвинение за смрт на работник: камион паднал во Вардар возејќи на импровизирана патека, возачот останал заробен и починал

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член...

Македонија23 часа

Кривична против поранешен директор, заменик-директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за проневера во службата

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение...

Свет1 ден

Орбан е пред голема дилема: Трамп или руска нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се наоѓа во незавидна позиција – притиснат помеѓу неговата зависност од руската нафта и притисокот од...

Европа1 ден

Зеленски даде наредба: Украина почнува да извезува оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му нареди на украинското Министерство за одбрана да започне „контролиран извоз“ на украинско оружје во странство...

Свет1 ден

(Видео) Властите на Јамајка предупредуваат: Внимавајте се од крокодили

Јамајканските власти ги предупредија жителите за уште една опасност предизвикана од разорното уништување од ураганот Мелиса – крокодили кои можеби...

Свет1 ден

Северна Кореја лансира крстосувачки ракети: летаа два часа

Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети море-земја западно од Корејскиот Полуостров, објави државната новинска агенција KCNA, токму во време кога американскиот...

Свет1 ден

(Видео) Страшниот ураган ја опустоши Јамајка: сега се движи кон Куба станувајќи сè посилен

Екстремнно моќниот ураган Мелиса се движи кон Куба откако ја опустоши Јамајка. Тоа е најсилната бура со која некогаш се...

Македонија2 дена

Еден од министрите, секој ден плаче и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, вели Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи го повикува Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран...