Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Заев: Сто дена враќање на парите на граѓаните

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денес даде отчет за првите сто дена на Владата со главна порака дека точно толку трае акцијата за враќање на парите на граѓаните. „Зборот сега е реалност, се претвори во конкретни придобивки за граѓаните“, порача, генерално, премиерот пред да ги наброи петте принципи што ја воделе Владата во овој првичен период за оценување.

dobivaj vesti na viber

„Имавме пет важни одредници, нè водеа пет важни принципи: да ги вратиме парите кај граѓаните, да обезбедиме економски развој за подобар живот, да ги направиме институциите во служба на граѓаните, во сите наши одлуки тие да препознаваат отворена и реформска Влада и да ја промовираме нашата земја Македонија како пријател на соседите, која цврсто чекори на патот кон НАТО и ЕУ“, истакна Заев.

Според него, Владата уште на почетокот се соочила со големиот предизвик да направи ребаланс на буџетот, во чие креирање не учествуваше.

„Наша задача беше да ги откриеме непродуктивните трошоци и да најдеме начини парите да ги пренасочиме кон граѓаните и компаниите. Оваа Влада има намера да се однесува
домаќински. Само со кратење на премиерскиот буџет обезбедивме 420
милиони денари. Обезбедивме дополнителни една милијарда и 245 милиони денари во Фондот на ПИОМ за да се обезбеди непречена исплата на пензиите и трошоците на вториот пензиски столб и уште 200 милиони денари“, посочи  Заев,посочувајќи дека ги скратиле рекламирањето на пропагандата, луксузирањето на функционерите со неконтролирани пари за репрезентации и со бесцелните патувања.

„Отворивме многу нови процеси. Многу од нив беа незамисливи за нашата политичка пракса. На пример декласифицираме тајни договори што ги правеле владата, министерствата, агенциите, дирекциите. Тајното станува јавно.

Откочивме многу закочени, заборавени, а важни активности и работни тела. На пример во  Собранието  обезбедивме присуството лично на директорите на безбедносните служби“, соопшти премиерот. Потоа тој наброја долг список на одлуки и остварувања, како сибвенционирањето на минималната плата до 112, ооо денари, трајно решавање на проблемот со стечајните работници, обезбедување 60 милиони денари за поддршка и на туристичките капацитети во  Македонија и за годишен одмор за најслабо платените работници, обезбедување на 9 милионии евра за   поддршка за нови вработувања и за реализација на проектот „Гаранција за млади“, за да останат  Македонија, како и обезбедување на 135 милиони за поддршка за малите и средни претпријатија и за поддршка на домашни гринфилд инвестиции.

„Домаќинското работење ни овозможи да одржиме уште еден збор – започнавме процес на укинување на радиодифузната такса“, пеонтираше Заев.

„Оваа влада им излезе директно во пресрет на земјоделците, со низа нови мерки од програмата на владата. Уште во првите 100 дена. Пакет од 10 милиони евра, стигнува во рацете на овоштарите, лозарите, сточарите и пољоделците.Тоа значи и поддршка на домашното производство на храна.Особено важна е мерката за финансиска поддршка од 10.000 евра неповратни средства за млад земјоделец.Тоа се решенија што недвосмислено илустрираат дека секогаш изнаоѓаме креативни програми и мерки со кои парите ќе ги вратиме назад кон граѓаните“, соопшти Заев.Овие одлуки нагласи тој се реално одржливи и се спроведуваат врз основа на реални параметри и политики за економски развој што води до подобар живот.

Тој ги спомена и меморандумот за железничко поврзување со Република Бугарија, како конкретен резултат на Договорот  за соработка, пријателство и добрососедство и  обезбедените  70 милиони евра грант за изградба на пругата кон Република Бугарија како дел од Коридорот 8.

„Ги слушнавме пораките на граѓаните и на бизнис заедницата, и од први септември започна да се применува одлуката новото работно време и за двосменско работење во јавната администрација, како и во градинките.Го укинавме екстерното испитување. Започнаа темелните промени на образовните програми.Го зголемивме минималниот број денови за консултации на Единствениот национален електронски регистар на прописи, од 10 на 20 дена. Со тоа им дадовме на граѓаните и на бизнис заедницата двојно повеќе време за учество во јавната расправа за придонес за подобрување на предложените закони и прописи уште во фазата на донесување.Го продолживме рокот за легализација на бесправно изградените објекти“, наброја Заев.

Тој ги спомна како постигнување и Законот за јазици  и прекинувањето на владините реклами кои беа назначени од домашните и меѓународните фактори како извор на притисоци и контрола врз медиумите, со најава дека ќе ги објави сите досегашни трошоци за нив.

„Изготвен е преглед на сите случаи на застрашување, притисоци и говор на омраза против новинарите, за да се поттикне слободното новинарство и да не се повторуваат такви практики во иднина.  Ги декласифицираме и информациите кои се однесуваат на службени патувања, репрезентација и доделување на  државна помош за странските компании. Не може да има штета ако јавноста има поголем увид како Владата располага со парите и ги заштитува интересите на граѓаните“, порача Заев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија1 час

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија2 часа

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ2 часа

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија2 часа

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...

Македонија3 часа

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Свет6 часа

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа6 часа

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет7 часа

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа8 часа

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...

Европа8 часа

(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база

Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква...

Македонија8 часа

Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга...

Свет8 часа

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

Претседателот на САД, Доналд Трамп извести дека Венецуела ќе ги користи своите приходи од нафта за купување исклучиво американски производи....

Македонија17 часа

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и...

Македонија18 часа

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни...

Македонија19 часа

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би...

Македонија1 ден

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...

Македонија1 ден

МВР ќе утврдува зошто новите службени возила биле осветувани со верски обред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за целосно...

Македонија1 ден

Државниот врв со божиќни честитки: Пораки за мир, семејство и солидарност

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија божиќни честитки до...

Свет1 ден

Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела, ние ќе ги контролираме приходите

Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави...