Контакт

Daily news

Зошто во вашата кујна задолжително да ги има овие зачини?

Објавено пред

Ѓумбир
Ѓумбирот потекнува од тропските краеви на Азија. Се користи како зачин за печурки, месо и риба, ориз, колачи. Ѓумбирот се користи во свежа и сушена состојба или како прав, за припрема на супи, јадења од зеленчук, ориз, сосови и колачи. Ѓумбирот ја смирува кашлицата и настинката, спрeчува појава на главоболка и мигрена, има антисептичко, аналгетско и антиоксидантско дејство. Ѓумбирот ја подобрува циркулацијата и ги проширува крвните садови, ги ублажува акунтните и хроничните болки при ревматизам, артритис, стомачни грчеви, менструални болки, камен во бубрег и жолчка, забоболка, асматични напади, бронхитис, воспаление на црниот дроб, простата, ја забрзува регенерацијата на оштетените ткива, ја олеснува мускулната тензија.
Оваа лековита билка во себе содржи протеини, етерично масло, фосфор, калциум, магнезиум, манган, фолна киселина и витамин Ц и Б6.

dobivaj vesti na viber

Кинеската медицина го препорачува ѓумбирот да се кориси во комбинација и со други билки затоа што има моќ да го убрза дејството на другите билки.

Куркума
Куркумата потекнува од тропските предели на Јужна Азија. Куркумата е особено застапена во
индиската храна, се користи како зачин кој дава боја на сенфот исто така куркумата се користи во секаков вид на храна за да се добие жолтеникава боја. Современата и традиционалната медицина ја сметаат куркумата за лековита билка. Лутиот вкус на оваа билка ги уништува паразитите, мастите, токсините во организмот, го подобрува крвотокот и целиот метаболизам. Горчливиот вкус помага во лечење на чир, го отстранува салото, гнојот, го смирува чешањето, го чисти мајчиното млеко и јетрата. Куркумата е еден од најмоќните лекови, а научните истражувања сметаат дека овој зачин е право чудо, лечи голем број здравстрвени проблеми како што е рак на дебелото црево, меланом, рак на кожата, и Алцхајмеровата болест, го намалува ризикот од појава на леукемија. Куркумата е најлековит зачин кој се користи 2500 години.

Кари
е традиционална мешавина на зачини со широка примена во индиската кујна, особено во Јужна Индија. Познати се повеќе од 200 вида кари, од најблаг до најлут. Се работи за доста пикантен зачин кој служи како додаток во разни сосови и преливи, особено за зачинување на месо и зеленчук. Карито, помалку или повеќе, вклучува сложена комбинација на цимет, каранфилче, ловоров лист, ѓумбир, оревче, црн пипер, чили пиперки, ким, коријандер и турмерика (жолт корен).

Коријандер
Коријандерот (Coriandrum sativum) е еден од најстарите зачини. Потекнува од Мароко, Средна и Јужна Америка. Листовите му се слични на магдонос, иако се доста помали, а мирисаат на мешавина од цреша, ванила, цимет, ружа или портокал. Плодовите се во форма на мали топчиња кои можат да имаат од светло браон до црвеникаво-жолта боја, а мирисаат на анис. Како зачин се користат и листовите и плодовите. Додека во Европа најчесто се користат плодовите, во Јужна Америка и Азија предност има листот на коријандерот. Ова растение е исто така одлично за кожата. Сокот од коријандер помешајте го Куркума во прав може ви помогне да се ослободите од бубулиците и митисерите. Коријандерот ги уништува бактериите во организмот вклучувајќи ја и E. Coli!

Ким
Кимот е еден од најстарите зачини, а бил популарен во древниот Египет како зачин и медицинска билка. Кимот е особено присутен во германската и скандинавката кујна. Се додава во пекарски производи, сирења, јадења од дивеч. Семето е богато со протеини и се препорачува како додаток на тешките јадења бидејќи го олеснува варењето и ослободува од надуеност. Кимот го јакнее желудникот, позитивно влијае на болести поврзани со плуќата, кожни болести и астма. Ја смирува и намалува кашлицата, алергиска астма, го јакнее имунитетот, ја спречува појавата на рак со тоа што го потикнува организмот да создава здрави ќелии, уништува ќелии опфатени со тумор, ги намалува грчевите во стомакот за време на циклусот кај жените, ги намалува болките при пораѓај и обезбедува млеко за време на доење. Се смета дека кимот ги лечи сите болести.

Оригано
Ориганото е сродник на мајоранот, задолжителен е во италјанската кујна. Одлично средство против воспаление на душните патишта, настинки, главоболка, состојба на измореност, а подеднакво ги потикнува, барењето, отвара апетит и смирува желудечни тегоби. Високо ароматичен зачин кој има лут и горчлив вкус. Највеќе го користат во Италија, Грција и Шпанија како додаток во храна од тесто, зеленчук и ориз. Ефикасно стрество е за лечење на главоболка, исцрпеност, воспаление на дишните патишта и настинка, исто така го олеснува варењето и го смирува желудникот.

Чубрица
Чубрицата е ароматична билка. Се употребува како зачин особено кај масните јадења, особено кај јадењата како што се грав, грашок, леќа, Лековитото дејство го зголемува лачењето на стомачни сокови, ја ублажува надуеноста, го прочистува организмот, ги ублажува тегобите на органите за варење, во Македонија овој зачин се употребува најмногу во Малешевскиот крај.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија9 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија10 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија12 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија15 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ16 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија17 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија19 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија19 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија19 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија19 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија20 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија1 ден

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија1 ден

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија1 ден

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 ден

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...