Контакт

Daily news

Зошто писателите молчат? – Страв од партиски етикети, зборот нема сила да „убие“, некои нови клинци го брануваат општеството!?

Објавено пред

Поделеност на народот, бомби, политичка и економска криза, тепачка во законодавниот дом, загаден воздух, ново лице на градот се само дел од тектонските превирања во општеството пред кои писателите останаа неми и глуви. За Макфакс проговореа Старова, Миневски, Кацаров, а одговорот само се насетува.

dobivaj vesti na viber

Минатата недела, во Домот на писателите се одржа беседа за Гане Тодоровски. По двочасовна дискусија за големиот писател, се обидовме да ги поттикнеме писателите да проговорат за дел од горенаведените прашања. Претседателот на ДПМ, Веле Смилевски, не беше расположен воопшто да го коментира молкот на писателите, поточно самиот се огради не сакајќи да даде никаков одговор. Во оваа атмосфера и натаму најголем дел од писателите единствено зборуваат, ракоплескаат и коментираат на промоциите на своите книги.

Изненадувачки долго најголем дел од здруженијата и институциите во кои членуваат домашните интелектуалци без никаков став кон тектонските превирања во општеството. Ниту револт ниту одобрување. Молк пред апсолутно дехуманизирање, морално обезличување, духовен пад и изместени вредносни критериуми. Пред јавноста, во медиумите за овие значајни политички, социолошки или културолошки прашања, се огласуваат најчесто аналитичари, со биографии кои ни од далеку не се во димензија на оние кои имаат бројни публикации, остварени од средства на ресорните министерства, односно од даночните обрзници. Во име на своите изданија, писателите говорат на промоции, книжевни фестивали, но не излегуваат ниту самостојно ниту, пак, во име на своите асоцијации кога треба да се зборува за прашања што директно нè засегаат сите, се разбира и нивниот читателски аудиториум. До пред речиси една деценија нештата беа поинакви, и гласот и разумот на писателите и интелектуалците стигнуваше во облик на соопштенија па и громогласни говори.

Која е причината за овој дефетизам? Според едни, страв од партиско етикетирање, според други, тенденција здравиот разум да остане што е можно подалеку од суштинските прашања. Длабока и екстремна поделеност на размислувањата закопани во ровови, и мала и безначајна надеж дека нештата можат да се вратат на свое место.

Страв од партиски етикети

Според писателот Блаже Миневски, невозможно е индивидулано да изнесеш мислење а да не ризикуваш веднаш да “„заработиш“ партиска етикета.

„Се случи една длабока поделба во општеството која на некој начин повлекува некоја состојба да се брани позицијата во општеството со тоа што ќе се молчи. Времето кога можеше слободно да се зборува беше време во кое имаше изградено некои естетски и културни критериуми, и можеше да се зборува врз основа на изграден став во општеството. Доколку некој сака да го изнесе своето мислење, веднаш на тоа ќе му се прилепи некоја етикета и политички контекст, односно секој став на интелектуалецот секогаш се става во некој однос на припадност на некоја политичка структура. Имам такво искуство, кога сум сакал да го кажам своето мислење како писател или интелектуалец, тоа право ми се одзема бидејќи веднаш на тоа му се прилепува некој партиски предзнак, а тоа никако не е добро бидејќи писателот треба да биде надпартиски човек, кој е принуден во овој случај да премолчи некои работи за да не биде директно во јавна конфронтација. Мислам дека ставот на писателската асоцијација е таков во овој момент да не се излегува со никакви квалификации во однос на политички прашања во однос на дневна политика, што може да биде и корисно, но исто така може да биде и збунувачко. Додека не се изградат критериуми естетски, вредносни, во овој момент кога целата јавносте  навистина комплетно партизирана, кога секој став не се гледа како став на поединец туку како став на некоја припадност, дотогаш е најразумно нештата да се толкуваат преку своите дела. Се разбира, тоа воедно е и негов став, не може едно да се мисли а друго да се пишува“.

Писателите се или „убиени“ или немаат доволно силен збор да „убијат“

Писателот Трајче Кацаров, по т.н бомби на Заев, напиша близу 40 колумни што самиот ги нарекува исто така бомби.

„Сите мои колумни беа бомби. Има едни стихови на Брана Миљковиќ, кои велат ‘Уби ме прејака реч’. Писателите или се убиени од некого или немаат пресилен збор за да убијат некого, ситуацијата е многу алармантна, особено за тие што се ставаат во армијата пишувачи кои треба јавно да изартикулираат некој став кога е во прашање некоја општествена ситуација. Не случајно младиот автор Рилке ќе каже ‘не можеш да бидеш писател интелектуалец а одејќи накај дома да не те растрепери некоја состојба и ти таа да не ја носиш како тема’. Имаме жешки теми, а млаки, поточно никакви појавувања и ставови. Не може оваа вулканска состојба да не те поттикне на став, израз, има нешто што зборува дека ќе нè потопи и дека ќе нè снема. Јасно е дека е најсилен гласот на интелектуалецот. Како писател, јас можам системот да го заздравувам одоздола, пишувајќи, бидејќи силниот збор е посилен од кој било марш, од кое било оружје.  Не се согласувам дека кога топовите грмат, тогаш музите треба да молчат, токму тогаш тие треба да бидат најгласни. Ќе се повикам на една пиеса од Мирко Ковачевиќ која вика, ние живееме ко бајаги, пишуваме ко бајаги, затоа мислиме дека со нашата пресилна реч ќе забодеме во нечие уво. Не може да бидам столчен од оние кои не го владеат зборот. Писателот е посилен и од сите други институции. Потребна е итна дебата, на интелектуалци, да го стават човекот во преден план, тоа пливање во јато зборува дека во Македонија нема крупни интелектуалци, тоа се ситни риби што мораат да пливаат во јата за да опстанат. Сите големи писатели, тргнувајќи од латиноамериканските, од оние што донесуваа нови моменти, како движењето на битниците, биле присутни, бранувале и успеле да делуваат врз свеста“.

Одговорност е и да се зборува, и да се молчи

За писателот Луан Старова ова е многу деликатна и комплексна тема, но е  евидентно дека и институциите и индивидуалците-интелектуалци се западнати во длабока криза.

„Не постои точна дефиниција за тоа што е интелектуалец, и дали некој треба да се чувствува повикан да проговори на темите што нè засегаат сите. Писателот се соочува со својата немоќ, дали да молчи или да реагира. За жал, нема супститут за последиците од молкот. Секој е одговорен и за тоа што го кажал и за тоа што го премолчел. Ако го земеме примерот на Жан Пол Сартр, кој беше творец на ангажманот на писателот за нејжестоките теми, на крајот остана на ставот дека доволно е творецот своите размислувања да ги изнесува единствено во делата. Но, може да се потсетиме и на Емил Зола, кој по двесетина објавени дела, незадоволен од себе ќе тргне во јавно толкување на француските политички услови во неговото време, по што дел од оние што не се согласувале со него јавно ќе му ги запалат книгите. Токму тоа Зола ќе го смета за свој најголем успех – дека постигнал нешто со својот ангажан, делувал во менување на свеста, впрочем како и Ками, кој редовно се огласувал со колумни и ставови, регирал во конкретен миг. Суштината е дека сведочиме на голема криза на институциите што се сведени на вегетирање, а последиците од тоа се непредвидливи. Секако дека игнорирање и молчење не нè води никаде“.

Можеби станува збор за некоја социолошка еволуција, па гласноговорници на денешното време и натаму остануваат  т.н. политички аналитичари, што се редовни гости во медиумите и, интересно, независно од која професионална област доаѓаат, поседуваат експертско мислење за сè, па неретко оформуваат некој нов културолошки амбиент.

Итна департизација на институциите и медиумите, беше пораката која неодамна одекна од првиот човек на Македонската академија на науките и уметностите, Владо Камбовски, со што по долго време се даде јaсен став на оваа највисока научна институција кај нас.

Ана Василевска

крај/мф

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет3 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет4 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет9 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет9 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет12 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет13 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет13 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет13 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет14 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет14 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија15 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет15 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет15 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет18 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија19 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет19 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет1 ден

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет1 ден

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија1 ден

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...