Контакт

Daily news

Изложба за Ана Франк

Објавено пред

Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ ќе бите свечено отворена на 12 мај (петок), во 20 часот, во Градскиот Музеј на Крива Паланка.
Градскиот музеј изложбата ја организира во чест на 9 Мај – Денот на Европа, а во соработка со Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.
Она што ја прави оваа изложба поинаква од другите е што водичи за посетителите ќе бидат млади волонтери, средношколци, кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк.
Патувачката изложба „Ана Франк – Лекции за сегашноста“ претставува збир од триесет и девет изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата е отворена во Македонија во рамки на проектот „Хисторија, историја, повјест – Лекции за денес“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам. Во изложбата има и панели кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, а изработени од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини.
Изложбата досега има посетено четириесетина земји, а во Македонија отворањето беше во Министерството за надворешни работи, во чест на обележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, 27 јануари.
Девојчето кое во целиот свет е препознаено како симбол на децата жртви на холокаустот е родено во Франкфурт 1929 година. Четири години подоцна со семејството се сели во Амстердам откако во Германија на сила стапуваат закони против Евреите. На почетокот на нацистичката окупација семејството Франк се сели во тајно засолниште, каде Ана во текот на две години го пишува својот дневник. Во август 1944 е напишан последниот запис во дневникот. Откриено е засолништето на нејзиното семејство и петнаесетгодишната Ана умира во логор. Единствениот преживеан член на нејзиното семејство е Ото Франк, нејзиниот татко, кој го објавува дневникот.

dobivaj vesti na viber

Куќата во која се криела Ана Франк

Изложбата во Македонија е изработена и донесена во рамки на проектот „Хисторија, историја, повјест – Лекции за сегашноста“ поддржан од Европската Унија. Во рамки на проектот воден од Ана Франк хаус, а во соработка со организациите МОФ, ХЕРМЕС, Младинска иницијатива за човекови праваи Отворена комуникација, изложбата е достапна за младите од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Во Македонија изложбата доби поддршка од Министерството за надворешни работи, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.
Проектот има за цел да го покрене вниманието и поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање конфликти во минатиот век. Преку промовирање на критичко размислување за настани од историјата и нивното значење во современото време и случувања, целта на Ана Франк хаус и партнерите е да се постигне помирување преку дијалог за заедничкото минато. крај/мф/

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ38 минути

Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов...

Македонија2 часа

Скандалозен тендер за возачки испити, СДСМ бара истрага и одговорност од Тошковски

СДСМ алармира за нов скандал во Министерството за внатрешни работи, овој пат поврзан со сомнителен тендер вреден милиони денари за...

Топ3 часа

Девојка (27) пронајдена мртва во Дебарско Езеро, Обвинителството истражува

Телото на 27-годишната С.А. од Дебар вчера беше пронајдено во водите на Дебарското Езеро. Како што информираше ОВР Дебар, околу...

Свет4 часа

(Видео) Најмасовниот руски напад досега, кон Украина полетаа 537 крстосувачки, балистички и хиперсонични ракети и дронови

Украински пилот загина, а неговиот борбен авион Ф-16 е соборен во голем руски ракетен и беспилотен авион напад во текот...

Спорт5 часа

Ѓоковиќ од Вимблдон преку Макфакс порачува: Ветувам, многу бргу се гледаме во Македонија!

Пред почетокот на годинешниов трет гренд слем турнир во Вимблдон, на воведната прес конференција, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак...

Регион5 часа

(Видео) Македонски камионџија уапсен во Грција по несреќата во која загинаа татко и дете

34-годишен возач на камион од Македонија е уапсен вчера попладне во Грција, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во која...

Македонија6 часа

Земјотрес рано утринава ги разбуди граѓаните на Валандово и на околината

Утрово во 5:54 часот, земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го стресе регионот околу Валандово, информира Сеизмолошката...

Регион6 часа

(Видео) Протестот заврши, хаосот почна! Еве што се случуваше откако студентите се повлекоа од белградските улици

Синоќа во Белград се одржа масовен протест во организација на студентите под слоганот „Се гледаме на Видовден“, на кој, според...

Свет7 часа

Нова крвава ноќ во Газа, најмалку 56 загинати во израелските напади

Најмалку 56 лица се убиени во последниот бран израелски воздушни напади врз Појасот Газа што започнаа вчера изутрина, соопштија палестински...

Регион16 часа

Инциденти по протестот во Белград: Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат, летаат јајца и шишиња по полицијата

Голема толпа народ не се повлекува од улиците на Белград иако студентскиот протест, преку кој испратија порака за предвремени парламентарни...

Регион19 часа

(Видео) Студентите на протестот во Белград ќе развеат знаме „какво што не се очекува“

Студентскиот протест во Белград почна со огромен број луѓе кои се уште се слеваат кон плоштадот Славија. Студентите за вечерва...

Регион20 часа

Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија  се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки...

Свет21 час

(Видео) Забраната од Орбан не ја спречи Парадата на гордоста во Будимпешта, огромен број луѓе се собраа во главниот град на Унгарија

И покрај забраната на Владата на Виктор Орбан, огромен број луѓе денес почнаа да се собираат во главниот град на...

Економија1 ден

Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на...

Регион1 ден

„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече српскиот претседател Вучиќ во пресрет на протестот на студентите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ очекува насилство на вечерашниот протест на студентите во Белград, објавуваат српските медиуми. По свеченоста на...

Македонија1 ден

Пијан Турчин приведен во Охрид, со нож влегол во угостителски објект

Охрдиската полиција приведе пијан Турчин. Викал и непристојно се однесувал на улица, а потоа влегол во угостителски објект каде што...

Македонија1 ден

Муцунски: Одлуките донесени во Хаг без водството на Трамп и САД, немаше да бидат можни

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на НАТО Самитот во Хаг, имаше интервју со етаблираниот...

Топ1 ден

Разбојништво во фризерски салон во Битола: му го зел прометот на фирзерот и му се заканил дека ќе го испрска со солзавец

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен битолчанец осомничен за кривично дело – разбојничка кражба...

Македонија1 ден

Герасимовски повикува на концерт, ВМРО-ДПМНЕ му ги брои нереализираните проекти: Центар не доби парк и административна зграда кај ПУИК

Откако утрово градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ги повика скопјани на концерт со Александар Тарабунов вечерва, ВМРО-ДПМНЕ во соопштение...

Македонија1 ден

„Ве чекам во 20 часот, на плочникот кај Градски ѕид“, Герасимовски повика на концерт

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика сите скопјани, вечерва да бидат дел од културната манифестација „Центарска симфонија“ што...