Контакт

Daily news

Изменет режим на автобуските линии на Јавниот градски превоз поради одржување на манифестацијата „Скопски маратон“

Објавено пред

Изменет режим на автобуските линии на Јавниот градски превоз поради одржување на манифестацијата „Скопски маратон“ во недела, во периодот од 7 до 14 часот

dobivaj vesti na viber

ЈСП денеска информира дека промените се однесуваат на следното:

Линии со изменета траса:

­ Линија бр. 3: Од Спортска сала МЗТ до Југодрво по своја траса, продолжува по ул. Кирил и Методиј (Рамстор) ­ Кл.Центар – Комплекс Панорама. Во обратна насока: Комплекс Панорама – ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Југодрво) ­ Тр. Центар – ул.Владимир Комаров – ул.Васко Каранѓелески ­ Сп.Сала МЗТ.

­ Линија бр. 3Б: Од Кванташки Пазар до Југодрво по своја траса, продолжува по ул. Кирил и Методиј (Рамстор) ­ Кл.Центар Комплекс Панорама. Во обратна насока: Комплекс Панорама – ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин(Југодрво) ­ Тр. Центар – ул.Владимир

Комаров – ул.Васко Каранѓелески ­ бул.АСНОМ – Кванташки Пазар.

­ Линија бр. 4 и 4А: од Хром и Тафталиџе до Соборен храм по бул. Партизански одреди, мост

Гоце Делчев, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. Кочо Рацин, подвозник, ул. Антон

Попов, ул.Димо Х.Димов, ул. Борис Трајковски и обратно.

­ Линија бр. 5: Од Дексион – ул.Ѓ.Петров, бул. Партизански одреди, бул. Г.Делчев, бул. Крсте

Мисирков, бул. К.Ј.Питу, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, Сп.Сала МЗТ,

Бул.АСНОМ, Ново Лисиче, а обратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата траса, бул.

Крсте Мисирков, бул.Гоце Делчев, бул.Партизански одреди, ул. Ѓ. Петров и Дексион.

­ Линија бр. 7 : од Карпош 3 до Соборен храм по нормална траса, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте

Мисирков, бул. К.Ј.Питу, ул. Владимир Комаров, ул. Коста Новаковиќ, бул. 3 Македонска

Бригада и продолжува по својата траса, а во обратна насока по бул.3­та Македонска Бригада,

ул. Коста Новаковиќ, ул. Владимир Комаров, бул.Јане Сандански, бул. К.Ј.Питу, бул. Крсте

Мисирков, бул. Гоце Делчев, бул. Партизански одреди до Карпош 3.

­ Линија бр. 8: Влае – бул.Партизански одреди, мост Г.Делчев, бул.Гоце Делчев – Битпазар и

продолжува по својата траса, а во обратната насока по истата променета траса.

­ Линија бр. 9: Кл. Центар – ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Југодрво) и

продолжуваш по својата траса, а во обратната насока по редовната траса.

­ Линија бр. 15 и 15А: од Карпош 4 до Соборен храм по траса на линија 15, Мост Гоце Делчев,

бул. Г.Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. К.Ј.Питу, ул. Владимир Комаров, ул. Васко

Карангелевски, Сп.Сала МЗТ,бул. АСНОМ, Ново Лисиче, а обратно од Ново Лисиче до

Комплекс Банки по својата траса, бул. Крсте Мисирков, бул.Гоце Делчев, бул.Партизански

одреди до Карпош 4.

­ Линија бр. 16: Железара – Б.Пазар– Југодрво и продолжуваш по своја траса, а во обратната

насока по иста променета траса.

­ Линија бр. 21: Тр.центар, бул. К.Ј.Питу, бул. Крсте Мисирков, бул. Г.Делчев, бул.Партизански

Одреди и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

­ Линија бр. 22: Тр.центар, бул. К.Ј.Питу, бул. Крсте Мисирков, бул. Г.Делчев, бул.Партизански

Одреди и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

­ Линија бр. 22А: Нема да сообраќа;

­ Линија бр. 23: од Дом на Печат, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Југодрво),

бул. К.Ј.Питу, ул. Владимир Комаров, – ул.Васко Каранѓелески ­ Сп.Сала МЗТ, Бул.АСНОМ и

продолжува по својата траса, а во обратна насока до Југодрво оди по своја траса, бул. Кочо

Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор), Дом на печат.

­ Линија бр. 24: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), до Соборен храм по траса на

линија бр. 7, потоа мост Гоце Делчев, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. Кочо Рацин и продолжуваш по своја траса. Во обратна насока по истата траса до Карпош 3. (почетна 7 и 59).

­ Линија бр. 25 (Милениумски крст): Тр.центар, Југодрво, ул.Кирил и Методиј (Рамстор), бул.

Мајка Тереза и продолжува по својата траса, а во обратната насока по ул. Јордан Мијалков,

подвозник, бул.Кочо Рацин (Југодрво), до Транспортен центар.

­ Линија бр. 27: од Дом на Печат, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Југодрво),

бул. К.Ј.Питу, ул. Владимир Комаров, ул. Коста Новаковиќ, бул. 3 Македонска бригада и

продолжува по својата траса, а во обратна насока по бул.3. Македонска бригада, бул.

Србија, бул.Јане Сандански, бул. К.Ј.Питу, бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор),

Дом на печат.

­ Линија бр. 28: Тр.центар, бул. К.Ј.Питу, бул. Крсте Мисирков, бул. Г.Делчев, бул.Партизански

Одреди, бул. 8 Септември, ул. Козле и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока

по иста изменета траса.

­ Линија бр. 50: Кл. Центар, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Југодрво),

Битпазар и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжуваш

по бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор) и Кл.Центар.

­ Линија бр. 57: Козле, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Југодрво), Битпазар и

продолжуваш по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжуваш по бул. Кочо

Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор) и Козле.

­ Линија бр. 59: Од Карпош 3 до Соборен храм по своја траса, бул. Г.Делчев, Битпазар, Бутел –

до К.Бара. Во обратната насока по истата променета траса.

­ Линија бр. 59А: К.Вода, бул. Кочо Рацин, Битпазар и продолжуваш по својата траса. Во

обратната насока по истата променета траса.

­ Линија бр. 59Б: ­ Од Ново Лисиче до Комплекс банки по своја траса, бул. Крсте Мисирков и

продолжуваш по својата траса, а во обратната насока од Битпазар, Судска палата, Комплекс

банки, Тр.центар, ул.Владимир Комаров, ул.Васко Карангелески, бул.АСНОМ и Ново Лисиче

­ Линија 31, 41, 51, 67 и 70: Тр.центар, бул. Кочо Рацин, подвозник, ул.Антон Попов, ул.Димо

Х.Димов, ул.Борис Трајковски и продолжуваш по својата траса. Во обратната насока по истата

променета траса.

­ Линија 58, 58а, 58б: Тр.центар, бул. Кочо Рацин, подвозник, ул.Антон Попов, ул.Димо Х.Димов

и продолжуваш по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.

Туристичката линија „Sity tour“ која поаѓа од Порта Македонија нема да сообраќа.

Сите линии кои го користат Мост Гоце Делчев како дел од трасата на движење во периодот од

8:15 до 9:15 часот поради затворање на истиот, треба да ја користат алтернативната траса. Од

правецот на Битпазар и транспортен Центар да продолжат по бул. Кочо Рацин (Југидрво),

ул.Кирил и Методиј (Рамстор), ул. Васил Ѓоргов, ул. Козле, Бул. 8­ми Септември и бул.

Партизански Одреди. Во обратна насока од бул. Парт.Одреди, бул. 8­ми Септември, ул. Козле,

ул. Васил Ѓоргов, преку ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин и продолжуваат по

своја траса. Возилата од овие линии не треба да бидат двокатни поради малата висина на

подвозникот према Кисела Вода.

  1. Линии со непроменета траса:

а) Градски линии: (2, 2А, 12, 19), (со исклучок во периодот од 8,15 до 9,15 часот), 20, 45 и 65В

б) Приградски линии: (11, 11а, 18, 56, 60) (со исклучок во периодот од 8,15 до 9,15 часот), 47,

47а, 52, 53, 55, 61, 63, 63а, 65, 66, 68, 69, 71 и 81.

Двете автобази во недела во периодот од 5 до 14 часот не треба да вклучуваат двокатни

автобуси поради малата висина на подвозникот кон Кисела Вода на следниве линии: 3; 3Б; 4,

9; 25, 27, 41, 50; 57; 51; 67.

На денот на маратонот учесниците во истиот ќе имаат бесплатен градски превоз доколку ги носат маичките со бројот на стартната позиција .

крај/мф/ем



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија15 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија17 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија17 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија18 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија19 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет20 часа

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет21 час

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион1 ден

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет1 ден

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет2 дена

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ2 дена

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ2 дена

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија2 дена

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија2 дена

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија2 дена

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија2 дена

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ2 дена

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија2 дена

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...