Контакт

Daily news

Интервју:Стефан Командарев, режисер на „Насоки“: Бугарија е земја на оптимисти – песимистите и реалистите ја напуштија

Објавено пред

Хиперреалистичната драматична филмска приказна „Насоки“ на бугарскиот режисер Стефан Командарев, која по канската премиера ја доживеа и македонската на синоќешното отворање на фестивалот „Браќа Манаки“, е одлично остварување во кое  учествува и македонската продукција „Сектор филм“. Сработен со буџет од 600.000 евра е вистинска лекција за тоа како професионалниот филм не зависи од големи буџети.

dobivaj vesti na viber

Шестте приказни снимени во такси-возила за судбински преплетени нарации не се можеби ништо иновативно на филмското платно, но сепак „Насоки“ е автентичен по многу нешта. Командарев го отсликува актулениот морален и социјален контекст во Бугарија, но сосема кореспондира и со македонската реалност. Професори, свештеници, пензионери принудени дополнително да заработуваат возејќи такси, се доведуваат во околности во кои на тест се ставени моралот, хуманоста и емпатијата. Со сегменатарна филмска анализа речиси и нема дел од целата композиција што му недостига на „Насоки“. Духовитоста во неколку наврати исклучително помага во голатањето кнедли  на гледачот исправен пред брутални човечки приказни.

За „Макфак“ режисерот Стефан Командарев раскажа како и зошто е снимен „Насоки“. Водечкиот бугарски режисер пред својата филмска биографија има докторска психијатриска пракса, која била и иницијална овие длабоки психолошки изградени карактери да ги оживува пред камерата.

Како беше создадено сценариото за „Насоки“?

„Секогаш се најинтригантни приказните што се случуваат насекаде околу нас. Бев провоциран од многу неправди што ги донесе новото бугарско општество. Гледав како пензионери и луѓе со професии од кои достоинствено треба да живеат мора да заработуваат возејќи такси. Поминав речиси 12.000 километри возејќи се низ улиците на Софија и се слушнав многу приказни од  таксистите. За мене беше голема провокација, без розови очила, на оваа тема да проговорам преку филмот.“

Вашата биографија вклучува и медицинска работа. Како еден доктор психијатар доби идеја да стане режисер?

„Како млад специјалист работев во психијатриска болница. Решив да користам камери да го снимам однесувањето на пациентите што ми беше потребно за полесно наоѓање на соодветен лекарски третман. Тој порив да прикажам реално некои состојби преку камера растеше и така се запишав на режија“.

Дали режисерската професија ја доживувате како одговорност да се проговори за овие социјални теми на актуленото време,  особено проблемите на повеќе постранзициски земји од регионот?

„Апсолутно нема да се откажам од прикажување на овие теми во моите филмови. Се надевам дека на овој начин може да се проговори да се зголеми свесноста. Имено, ликовите во „Насоки“ се исправени пред повеќе избори следствено на околностите. Секој треба да реши колку ќе истрае во моралноста и хуманоста, без оглед на тешките околности што ги носи животот. Затоа и филмот има  таков наслов, симболично укажува на сите искушенија пред да ја избереме насоката.“

Кога зборуваме за општеството, како ги коментирате политичките (не)разбирања меѓу Бугарија и Македонија?

„Се разбира дека политиката и во двете земји го пренасочува вниманието од нашите вистински секојдневни проблеми. Не знам зошто би имало каков било проблем. Моето искуство за македонската продукција и Агенцијата за филм од Македонија е одлично. Правиме филмови што не претставуваат надвор од границите.“

Сметате ли дека нискобуџетски копродукциски филмови се добар модел за работа?

„Ако се земе предвид дека здружувањето на продукциите полесно може да доведе до некои оптимални буџети, тогаш е јасно дека на тој начин можеме да ја зголемиме и продукцијата на филмови. Многу сум задоволен од соработката со Македонија и се надевам и на некои идни заеднички филмови“.

Кој е Вашиот следен проект?

„Довршувам документарен филм кој се однесува на Прашката револуција од 1968 година, што е колаж од неколку режисери од земјите што се дел од неа. Филмот треба да биде завршен идниот месец и затоа бев спречен да дојдам на македонската премиера на „Насоки“.

Дали верувате дека треба да се случат некои нови општествени револуции?

„Повеќе верувам во индивидуални револуции. Секојдневно треба да работиме на себе, да станеме похумани и поморални луѓе. Само на тој начин може да се надмине општиот морален хаос во кој западна човештвото“.

Ана Василевка

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија11 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија13 часа

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија13 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ14 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет15 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија16 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија17 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ17 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа18 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет18 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет19 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет20 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа20 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија20 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија20 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија1 ден

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија1 ден

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија1 ден

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...