Контакт

Daily news

Интервју: Милчо Манчевски – Шангај се сопна во Скопје

Објавено пред

„Радувај се што оваа земја создава квалитет, добро уметничко дело, а не барај да ти бидам пластичен хирург или психијатар“.

dobivaj vesti na viber

„Тој нов почеток денес дури и не зависи толку од власта колку од самите нас. Да почне Македонецот да се занимава со долгорочни вредности, а не со ситен ќар и потпикување. Да цени успех и да сака да го повтори. Да не се срами и да не калкулира по цел ден. Да се радува наместо да завидува. Иако се школував во Америка и долги години работам таму, моите играни филмови ги снимав во Македонија – јас се враќав за да работам во Македонија, носев дел од екипата и три четвртини од финансиите од странство затоа што сакав да работам тука. Сакав на овој начин да помогнам. Се обидоа да го забранат ‘Мајки’, ми праќаа полиција, ги запреа сите мои проекти во Македонија. Тоа што ме ставиле на црна листа мене ми е како орден. Јас ќе стојам зад секој мој филм и секоја моја изјава и по 50 години, и не е важно ако тоа што го кажувам им пречи на властодршците. Оние филмови што ги работев во Македонија беа подарок на македонскиот граѓанин, а не на македонскиот партиски бирократ. Знам дека сега сталинисти и рент-а-колумнисти ќе реагираат на ова, ама ако ги погледнете моите филмови и стари интервјуа ќе видите дека истото го кажувам со години во надеж за промени“, се само дел од искрените и возбудливи размислувања на Манчевски.

Деновиве се бранува јавноста со институционални препукувања на релација Кинотека и режисерот Милчо Манчевски. И не е првпат. Човекот што наспроти погрешните именувања на државата, употребата на референци, политичката криза, тешкиот пат на државотворност и транзициски скандали, во светот ја лансираше Македонија со „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, одекна како амбасадор на културата на речиси секоја педа од планетава, а интересот не стивнува ни денес кога сериозни филмки институции и академии ги изучуваат неговите филмови на двете страни од хемисферата. Отворено без задршка, по долго време проговори за Макфакс, со цел, како што вели, „ Вистинската промена ќе биде кога ќе се занимаваме со конструктивни и позитивни луѓе и идеи, а ќе ги игнорираме корумпираните партиски мегафони и хистеријата што се обидуваат да ја покренат. 2017 има потенцијал да биде добар почеток, ама нема да биде лесно“.

Минатата недела Манчевски за првпат гостуваше на Факултетот за драмски уметности, каде што беше претесно за студентите кои сакаа да го слушнат досега највалоризираниот македонски режисер. Една недела подоцна Кинотеката на Македонија не сакаше да ги испрати неговите филмови во Кина, Шангај, со образложение дека тоа не е нивна работа

На овие административни задршки Манчевски одговори жестоко. Сепак, во интервјуто најдовме простор да проговориме и за убави нешта, за филмот, што во некои вонмакедонски околности би било единствена тема.

Повторно се соочивме со еден апсурд што доаѓа од македонската Кинотека (краток коментар), како се чувствува човек за кого Болоњската кинотека и светски реномирани академии и институции веќе повеќе од две децении прават ретроспективи и го истражуваат неговото творештво со ваква локална сопка?

„Неважни глупости. Не ме изненадува ни најмалку. Одамна ништо не очекувам од македонскиот културен естаблишмент од која било партија, затоа што јас му подарувам и дела и промоција и финансиска поддршка, додека тој бил и сѐ уште е механизам за приватен ќар и психијатриско лечење на разни копита кои страдаат од љубомора и комплекс на инфериорност. Како што велите, доволно признание е што добриот и паметниот му се радуваат на моето дело: моите филмови ги сака публиката, се изучуваат на над стотина универзитети, ги има во стотици кинотеки и во колекцијата на Критерион, Њујорк тајмс го вброи ‘Пред дождот’ во 1.000 најдобри филмови на сите времиња. Зарем по сето тоа некој нормален би се занимавал со проблемите кои некој партиски бирократ се обидува да ги исценира? Ништо од тоа не е ново. Па, тогашната власт се повлече од ‘Пред дождот’ додека ние го работевме, а и секој следен филм наидуваше на сопки, барања за мито, проблеми од естаблишментот – додека обичните луѓе помагаа и им се радуваа на филмовите. Не ми пречи тоа, оти разбирам дека не е насочено кон мене, туку оваа пакост е само отсликување на завидливиот однос на партиските и културни елити кон таа малку врвна уметност што произлегла од тука. Кинотеката или Агенцијата за филм или Министерството за култура не треба мене да ми прават никакви услуги – тие само треба да се занимаваат со својата законска обврска да го заштитуваат и промовираат културното наследство на земјата. Тие тоа не го прават во мојот случај, особено во последниве 7-8 години затоа што ме гледаат низ призма на партиски потреби. Се обидоа да го забранат ‘Мајки’, ми праќаа полиција, ги запреа сите мои проекти во Македонија. Тоа што ме ставиле на црна листа мене ми е како орден. Јас ќе стојам зад секој мој филм и секоја моја изјава и по 50 години, и не е важно ако тоа што го кажувам им пречи на властодршците. Оние филмови што ги работев во Македонија беа подарок на македонскиот граѓанин, а не на македонскиот партиски бирократ. Знам дека сега сталинисти и рент-а-колумнисти ќе реагираат на ова, ама ако ги погледнете моите филмови и стари интервјуа ќе видите дека истото го кажувам со години во надеж за промени.“

Во очекување на премиерата на новиот филм „Бикини мун“- приказна за Американка која се вратила од војната во Ирак. Колку се оддалечува од македонските теми?

„’Бикини мун’ е сторија за една Американка која се вратила од војната во Ирак и која сега поминува низ трауматичен период. Го снимивме во Њујорк, таму и го монтиравме. Јас во Њујорк живеам речиси цел свој возрасен живот. Иако се школував во Америка и долги години работам таму, моите играни филмови ги снимав во Македонија – се враќав за да работам во Македонија, носев дел од екипата и три четвртини од финансиите од странство затоа што сакав да работам тука. Сакав на овој начин да помогнам, да покренам теми за размислување, да поставам естетски урнек, да ја промовирам оваа педа земја, а сметав и дека ќе биде полезно за македонските филмаџии и глумци да имаат контакт со врвни професионалци од Оскар калибар како Бери Екројд, Дејвид Манс, Дариус Конџи, Марио Микисанти, Џозеф Фајнс или Адриан Лестер, на пример“.

Познавајќи ја Вашата досегашна филмска естетика, сигурно не може да се дефинира жанровски, но, сепак, во кој правец се развива овој пат режисерскиот ракопис?

„Да, баш така. Отсекогаш ме интересира играње со жанрови и, воопшто, играње со конвенцијата, реинтерпретирање и преизмислување. Без поставување прашања и играње нема иновација, особено не во уметноста. ‘Бикини мун’ ја истражува границата меѓу вистината и фантазијата, играното и документарното. Со оваа тема – гушкањето и борбата на вистината со приказната – се занимавам веќе подолго време, и ја обработувам во ‘Мајки’, во кусометражните ‘Четврток’ и ‘Крајот на времето’, а и во есејот што го презентирав во Ватикан. Во ‘Бикини мун’ го газам следниот чекор на оваа тема.“


Европската кинематографија и реализмот

Актуелната европска кинематографија, во која минативе години доминира романската, се занимава со некој хиперреализам, како гледате на развојот на европскиот филм и американскиот авторски филм?

„Стилот сам по себе не е ни добар ни лош, како и сите стилови, ама овој романски и турски хиперреализам знае да биде хипнотичен. Има неколку филмови во тој стил што се вистински мали ремек-дела. Добриот современ филм знае да биде упорен во својата намера, моќен, бескомпромисен и естетски и социјално. Во исто време ја отфрла старинската филмска стилизација, оперетската глазура – и тоа е тенденција која е во склоп со историските промени (во тој правец филмскиот стил се менува последните 100 години)“

Универзални кодови интригантни и за Далечниот Исток

Најавено е прво претставување на Вашето творештво во Шангај, сигурно поканата не Ве изненади со оглед на тоа што Вашите филмови досега се прикажувале во земји од Далечниот Исток? Кои универзални уметнички ( филмски) кодови во Вашите филмови (од досегашните прошетски по светов) се интригантни за публиката?

„Да бидам искрен, јас не го следам многу она што критиката или публиката има да го каже за моите филмови. Ниту имам време, ниту сакам да влијаат врз мојата работа. Не знам што е она во моите филмови што им се допаѓа на луѓето од Далечниот Исток, ама знам дека моите филмови се дистрибуирани во Јапонија, Кореја, Тајван и други земји во Азија, играле на фестивали во Хонгконг, Пусан, Токио итн., а се изучуваат на универзитети во овие земји. Директорот на Шангајскиот фестивал ми пиша дека во Кина ‘Пред дождот’ го сметаат за библија за структура во три чина. Затоа и поканата е од три различни институции – фестивалот (ретроспектива), академијата (предавање) и музејот (изложба на фотографии).“

Можеби, се провлекува низ векови, секој за своето актуелно време смета дека се живее во некоја криза, економска, духовна, културна. Какво ви е Вам чувството за нашево време, планетарно гледано?

„Треба човек да си ја најде радоста, да не мисли дека зависи од времето, или дури и од околината. Од друга страна, има некои работи денес што се мачам да ги разберам. На пример, од каде овој планетарен успех на лошотијата и глупоста? Луѓе веруваат на лаги како да се будалетинки од народни приказни или од Декамерон, гласаат и постапуваат од позиција на пакост и фрустрација, а мало дете може да види дека си штетат и себеси и на идните генерации. Во денешно време е тешко да си писател, оти вистината измислува поинтересни прикаски од тебе.“

Веројатно со секој уметнички израз со кој се занимавате (драмски, наративен, визуелен) го кажувате тоа што се акумулира како размислување, но по секое дело сте задоволни од реченото, искажаното, се јавува ли со заокружување на секоја нова приказна, нов мотив, произлегува ли еден од друг?

„По завршувањето на секој филм прво ми олеснува што воопшто сум го завршил, оти процесот е тежок. Секој сериозен филм е како механички диносаурус – многу пари, многу техника, многу разни луѓе и суети и интереси, а ти треба во сето тоа да најдеш душа. Јас сум човек за творење насамо, ама си ја земав бељата со филмот и сега нема бегање. Вистинската проценка за тоа колку е добро кое било мое дело јас успевам да ја направам дури по многу години. Треба голема дистанца за објективна проценка. И убаво е чувството кога знаеш дека си направил нешто мило а цврсто, нешто специјално што останува засекогаш, дури и ако никој не го види.“

Интимен македонски филм

Сите Ваши досегашни филмови на сосема специфичен поетски начин ги толкуваат македонската реалност, историја, дух. Кога би направиле сосема краток филм што ќе ја опише Македонија, онака интимно за Вас, како би изгледал?

„Кога би работел сосема краток филм за Македонија, тој би бил и експериментален и поетски во исто време и би се однесувал на некоја мала работа која може да се чита како универзална. Луѓе во Македонија често очекуваат моите филмови да ги задоволат нивните инфантилни потреби за себедефинирање. Им треба некој кој ќе ги фали. Ако сметаш дека поезијата – особено онаа која умее да заболи – може да ти го збогати животот, тогаш повели. Радувај се што оваа земја создава квалитет, добро уметничко дело, а не барај да ти бидам пластичен хирург или психијатар“.

Никако да излеземе од матрицата на поделби по секоја основа, етнички, политички, културолошки, што може да нè обедини?

„Добра волја, љубов, доблест, чесност.  Не е многу сложено. Во овие 10 години како Хуни и Авари да нѐ прегазиле, па сега ни трева не расте. Не беше најлошо крадењето, туку силувањето. Лагата, криминалот и лошотијата станаа стандард. Ги има во секое општество, ама бељата е што сега кај нас станаа редовна појава. Она што е добро во ова зло е дека поради сево ова се создаде потреба од рестарт, ре-бут. Граѓаните и власта имаат историска шанса најпосле да се изгради мериторен систем што ќе се базира на вредности и визија за квалитетна култура и живот. Тој нов почеток дури и не зависи толку од власта колку од самите нас. Да почне Македонецот да се занимава со долгорочни вредности, а не со ситен ќар и потпикување. Да цени успех и да сака да го повтори. Да се радува наместо да завидува. Има многу луѓе, од обете политички страни, на кои лошотијата им е поважна од идеологија, тема или партија. Глумат колумнисти, новинари, уметници или професори. Лошотијата е она што ги придвижува и здружува. Во својата потреба да мразат забораваат да прават разлика меѓу нечие (или нивно) работење за татковината или за заедницата и работење за режим или партија. Вистинската промена ќе биде кога ќе се занимаваме со конструктивни и позитивни луѓе и идеи, а ќе ги игнорираме корумпираните партиски мегафони и хистеријата што се обидуваат да ја покренат. 2017 има потенцијал да биде добар почеток, ама нема да биде лесно.“

Што гледа, слуша, чита Манчевски со големо задоволство?

„Го читам Лери Мек Муртри, поет на американскиот Запад, брутален, романтичен и смешен. Го слушам Николас Џар, ди-џеј од Њујорк/Чиле. Гледам НБА.“

Ана Василевска



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет13 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион14 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија16 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет18 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија20 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија22 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија3 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија3 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет3 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија3 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...