Daily news
Интересни факти за смртта

Иако не е многу ведра тема, смртта е нешто што не очекува сите нас.
А благодарејќи на фактите дека таа е една голема непознаница и дека луѓето генерално ја сметаат за посебно негативна, на бројни начини е табу тема во денешното општество. Не можеме да знаеме кога и како ќе ни се случи, не можеме да бидеме сто отсто сигурни ниту кога точно ќе се случи, но постојат некои факти поврзани со смртта кои ќе сакате да ги дознаете, а на едно место ги собра „Хафингтон Пост“.
Постои научно објаснување зошто на оној кој умира „животот му поминува пред очите“
Наместо мозокот да се „умртви“ пред смртта, се верува дека неговата активност поточно расте, предизвикувајќи состојба на зголемување на свеста. Тоа може да предизвика повеќе работи: или „пролетување на животот пред очите“ или „светлина на крајот од тунелот“, а се е потпомогнато со намалувањето на дотокот на крв и кислород во очите.
Телото не срами и откако ќе умреме
Најверојатно сте слушнале дека после смрта косата и ноктите продолжуваат да растат, но тоа баш не е вистина: всушност кожата се собира и открива поголема провршина на влакната и ноктите. Освен тоа, кога ќе умрете најверојатно телото ќе изврши една или две нужди, а зависно од полот, можеби и ејакулација. Тоа, секако се случува поради престанувањето на работата на мозокот кој повеќе не „држи се под контрола“. Ако сте маж и умрете завртени со телото кон долу, крвта почнува да се собира во деловите на телото најблиску до земајта па е можна ерекција.
А ако ве интересира колку е потребно да станете скелет: после неколку дена кожата може лесно да се отстрани, а после околу еден месец почнуваат да отпаѓаат забите, а и се друго.
Поблиску сме до бесмртноста отколку што веројатно мислиме
Calico е проект на Гугл на бесмртноста или поточно проект кој е фокусиран на здравството со посебен нагласок на истражување поврзано со процесот на стареење. Но, иако овој нивни старт -уп привлече најмногу внимание во медиумите, паралелно постои уште еден голем проект, а го води рускиот милијардер Дмитриј Исков. Тој е одлучен прашањето на бесмртноста да го реши до 2045 година и тоа така што ќе гради андроидни тела во кои вашиот мозок ќе може да биде преместен ако и кога на телото нешто му се случи или – остари.
Постои можност погрешно да сфаќаме кога некој е всушност мртов
Најверојатно сте слушнале за случаи кога некои луѓе се прогласени за „мртви“ па потоа „се вратиле во живот“. Всушност, токму за тоа е посветено едно ново големо истражување кое се занимава со можноста да имаме во целост неточен впечаток кога некој всушност е „мртов“: во некои случаи луѓето кои се „вратиле во живот“ можеле да го раскажат разговорот кој се водел покрај нив во моментите кога нивниот мозок не покажувал знаци на живот. Тоа научниците ги натерало да помислат дека не постои „момент на смртта“, туку дека тоа е процес кој се случува полека, додека се гасат некои поединечни функции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.