Контакт

Daily news

Иринеј: Потегот на МПЦ е дело на неуки архијереи и политички договор на двоецот Заев – Борисов

Објавено пред

Епископот бачки Иринеј за божикното издание на весникот „Печат“ зборува за неукиот потег на МПЦ и за неканонската одлука на Бугарската православна црква, која се однесува на канонската јурисдикција на Православната охридска архиепископија.

dobivaj vesti na viber

„Пресудата на Европскиот суд за човекови права, основана на начелата на правото и правдата, треба да ја набљудуваме во светлината на јануарските денови од 2004 година кога скопските власти ги апсеа архијереите на Охридската архиепископија, кога претепуваа монахињи, го запалија манастирот во Нижеполе покрај Битола, упаѓаа ноќе во домовите на верниците, им се закануваа и ги шиканираа. Исто така, треба да ја согледуваме во светлината на низата монтирани судски процеси и страдања на самиот архиепископ Јован. Со оваа пресуда скопските власти се осуетени за понатаму да не постапуваат така. Охридската архиепископија, од севкупното православие признатата канонска автономна црква, која ја врши полнотата на спасоносната мисија и има поглавар, епископат, свештенство, монаштво и верници, сега е и полноправен субјект на јавното и граѓанското право. Тоа и мене и на сите нам ни влева надеж дека Охридската архиепископија ќе биде толерирана и барем декларативно рамноправна со расколничката црковна организација, која де факто (иако, не и де јуре) ужива статус и привилегии на државна црква“, вели Иринеј.

Во поглед на новонастанатата ситуација со Бугарската православна црква, чиј Синод ја прифатил улогата на мајка црква, под чиј скут македонската црква би се обидела да стекне легалност и автокефалност, Иринеј вели дека се работи за чиста фарса.

„Постапката на црквата во раскол претставува преседан во вкупната нејзина историја, а од стојалиште на православната еклисиологија и канонското право – чиста фарса. Кратка анализа и оцена, како на акцијата на таканаречената Македонска православна црква, така и на реакцијата на Бугарската православна црква, изнесов неодамна на страниците на „Вечерње новости“, а тука би се осврнал само на два аспекта – текстуалниот и политичкиот. Имено, Синодот на Бугарската патријаршија, судејќи по словото и духот на неговото официјално соопштение, експлицитно и недвосмислено не ја прифати улогата на мајка црква, ниту ѝ вети на Македонската православна црква канонско општење и признавање автокефален статус. Наместо тоа, бугарскиот Синод формира комисија, која има задача да помогне при решавање на проблемот на создадениот раскол, и тоа со консултација и во соработка со другите православни цркви. Ми се чини ова е границата на неканонско вплеткување во животот на друга автокефална црква (српската), која бугарската црква не може да ја помине доколку не сака и самата да си го дозволи искуството на расколот со сестринските цркви, искуство што во својата историја веќе го имала, и тоа не еднаш. Не може да се избегне впечатокот, а има и непосредни сведочења од самата бугарска црква, дека целиот потфат е мотивиран од политички, државно-национални цели, во духот на старата егзархиска теза за етничкиот бугарски карактер не само на денешна Република Македонија туку и на одделни делови на Србија и Грција. Со самото тоа, инспириран и поттикнат, судејќи по сè, е од политичари и државни фактори од Скопје и Софија. Не знам, но не би се чудел, целото сценарио да е разработено на последниот состанок на двајцата премиери, Заев и Борисов, во Струмица, во режија или барем со активно учество на расколничкиот струмички владика Наум. Актерите и не кријат многу дека нивните акции се политички координирани. Притоа, се разбира, црквата со своите канони, устројство и поредок, совршено нив не ги интересира. Нивната намера е чисто црковниот проблем да го решат со политичко насилство и со политичка цел. Со тоа маѓепсаниот круг се затвора: се враќаме на дамна изминатите децении кога Комунистичката партија на Југославија ја основа таканаречената Македонска православна црква за подоцна да ја дарува со фантомска автокефалност (документите за сето тоа веќе одамна се објавени). Проблемите нема да се решат со политичките договори на двоецот Борисов – Заев и со неуката акробатика на одделни архијереи, кои инаку искрено и длабоко ги жалам бидејќи вирусот schismaticum ги фрлил во долга духовна болест. Напротив, се плашам дека се оди кон нови поделби помеѓу верниците, не толку помеѓу оние од канонската Охридска архиепископија, колку помеѓу оние што од незнаење или под влијание на пропаганда припаѓаат на расколничките црковни структури“, посочува епископот бачки Иринеј.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Центарот за управување со кризи информира дека заради локалните врнежи на дожд има пријави за поплавувања и штети од град...

Македонија4 часа

Осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо, спроведен во Кривичниот суд: одреден му е притвор од 30 дена

Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од...

Македонија5 часа

30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија5 часа

Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот...

Македонија9 часа

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија9 часа

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ10 часа

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...

Топ10 часа

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет

Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје. Според изјавите на...

Македонија11 часа

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, Обвинителството отвори истрага и против Мемети, но за него не се бара притвор

Обвинителството отвори истрага за врховниот судија Наќе Георгиев и за членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, кои се...

Македонија11 часа

МВР утврди неправилности: забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на општина Карпош, поточно пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без соодветни...

Свет11 часа

Франција го поддржува Хаг во повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд и неговата борба против неказнивоста...

Македонија11 часа

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавните обвинители,...

Свет12 часа

Најмоќната серија земјотреси во последните 40 години: јужна Италија за пет часа регистрира 150 потреси

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчеравечер и утринава на полињата Флегра во близина на Неапол...

Свет14 часа

Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород

Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во...

Свет14 часа

Најмалку 10 лица повредени од удар на гром во Дрезден

Најмалку десет лица се повредени, од кои четворица потешко, во удар на гром за време на краткото, но силно невреме...

Свет14 часа

Во Полска уапсени девет лица за акти на саботажа во име на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за услугите на Русија. „Во...

Македонија1 ден

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. „Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од...

Свет1 ден

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ1 ден

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија1 ден

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...