Daily news
Какви пријатели се хороскопските знаци?
Овен
Овенот е знак што е лојален како пријател. Секогаш го кажува она што го мисли и чувствува и кај него никогаш нема лажни ветувања. Што се одннесува до пријателства, најдобро се согласува со оние кои се вредни и упорни, а ги избегнува оние кои постојано се жалат како не им е добро во животот.
Бик
Тој секогаш е тука за пријателите. Исклучително е верен како пријател, но и заштитнички настроен во смисла дека секогаш ќе биде до него, особено ако другата личност многу ја почитува.
Близнаци
Овој хороскопски знак има голем круг на пријатели. За секоја своја потреба си имаат одреден круг на пријатели. Имаат пријатели кои им служат за работни соработки, други кои служи за забава, трет за пиење утринското кафе итн.
Рак
Ракот е знак кој не може да се дружи со луѓе кои се ладни. Неговиот круг на пријатели се оние луѓе кои се емотивни, полни со љубов и сакаат да помагаат на другите и да ги сослушаат истите. Личности во знакот на риба најмногу им одговараат за пријатели.
Лав
Тој е знак кој има голем број пријатели, но е исклучително искрен само со мал број луѓе. Ако вам ви се довераат припадниците на овој знак, да ви зборуваат на своите животни проблеми или нешто што ги мачи, знајте дека тие пријатели искрено ве ценат и никогаш нема да ви завртат грб.
Девица
Девицата е знак што во првиот момент изгледа многу ладно, но кога некого ќе засака, тогаш е потполно иксрена. Не знаат да глумат почитување и многу брзо се забележува кога се обидуваат да го прават тоа. Маана им е што не знаат да го признаваат туѓиот успех, но и тоа дека на секоја ситница гледаат како на нешто огромно. Што и да им кажете секогаш тоа ќе го разгледаат подлабоко и никогаш не забораваат.
Вага
Таа е секогаш добар советник за пријателите. Не е секогаш 100% искрена кон пријателите бидејќи ги има повеќе, па се доверува само на една личност и само на таа личност ѝ верува безусловно.
Скорпија
Шкорпијата е знак кој има ладно однесување кон пријателите. Таков впечаток остава, но кога ќе успеете да го освоите нивното срце ќе се опушти максимално и тотално ќе ви се довери, а вие секако ќе уживате во нивното пријателство, како и во ноќните излегувања.
Стрелец
Личностите во овој знак се многу друштвени и искрени. Луѓето многу ги сакаат, а стрелците, пак, не сакаат луѓе кои се агресивни и пасивни. Луѓето кои се агресивни не се наоѓаат во нивниот круг на пријатели и никогаш нема ни да им дадат шанса да се приближат.
Јарец
Јарецот е знак што ја цени лојалноста. Нивниот круг на пријатели е исполнет со луѓе од кои добиле помош, а тие им ја возвратиле. Ако некому му помогнат, а таа личност не ги испочитува кога нив им е тоа потребно, тогаш потполно се дистанцираат од нив.
Водолија
Овој знак често е на дистанца. Ретко кога го покажуваат вистинското пријателство, а тоа да биде топло однесување кон пријателите. Тие прво очекуваат тој да се потруди околу нив, па дури потоа тие да возвратат.
Риби
Рибите се знак кој често знае да биде наивен и да подлежи на туѓи влијанија. Веруваат во приказни кога некој ќе им каже дека некој трет ги оговара или што и да е и поради тоа често знаат да се повлечат. Инаку, имаат добра душа и сакаат личности со став и луѓе кои едноставно ќе ги водат кон животот. Најубаво им е со луѓето кои сакаат забава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.