Daily news
Канческа-Милевска: Договорот со Бугарија ја прави македонската страна губитник

„Договорот за добрососедство со Република Бугарија, што го потпиша Владата на Зоран Заев, е во спротивност со македонските државни и национални интереси и македонската страна ја прави губитник во целиот процес“, изјави Елизабета Канческа-Милевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, Социјалдемократскиот сојуз сосема нетактички, непромислено и не почитувајќи ги државните и националните интереси го склучил договорот со Република Бугарија без притоа да обезбеди поволна позиција за Република Македонија во повеќе точки од самиот договор.
„Непосветениот Зоран Заев го претстави договорот пред македонската јавност како ситуација во која нема победник, но нема ни губитник. Според неговите зборови, требало да ја гледаме чашата како полуполна. Всушност, заслепен од власта и омразата кон патриотизмот на сопствениот народ, потпиша договор во кој Република Македонија не е во предност ниту во една точка од него.
Единствената обврска што ја има Република Бугарија во согласност со тој договор во суштина не е никаква обврска!
Имено, во член 2, став 2 од договорот за добрососедство стои обврската за Република Бугарија, која гласи:
„Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да ѝ помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање покана за членство во НАТО во согласност со соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО“.
Во суштина ова не е никаква новина и ова не е никаква обврска за Република Бугарија бидејќи нема никаква промена и во досегашниот став на Република Бугарија. Ваков став Бугарија и досега имаше, исто како што имаа и на пример Естонија и Данска.
Со овој член од договорот Бугарија вели дека ќе се согласи со одлуката што ќе биде донесена од страна на врвот на НАТО.
Доколку Зоран Заев сакал да извојува фер позиција за Република Македонија, во договорот требало да ја вклучи пресудата на Меѓународниот суд во Хаг во врска со спорот за името со Грција, во која според сите норми на меѓународното право беше пресудено дека Република Македонија може да се приклучи кон НАТО во согласност со привремената спогодба.
Со овој член од договорот Зоран Заев буквално ја обврзал Република Македонија поддршката од Република Бугарија за влез во НАТО да ја добие тогаш кога за тоа ќе добие амин од Грција, односно ќе го смени името на државата по грчки терк.
Ова е уште еден пример зошто договорот е штетен и не е во полза на Република Македонија, на нејзините државни и национални интереси.
Ги повикуваме пратениците на Социјалдемократскиот сојуз да не дадат поддршка на договорот што го потпиша неодговорната влада на Зоран Заев. Има време за коригирање и постапување во согласност со македонските интереси.
ВМРО-ДПМНЕ ги потсетува македонските граѓани дека постои начин да се казни Социјалдемократскиот сојуз за ваквиот однос и непочит кон мнозинството граѓани во Република Македонија, а тоа се следните избори во Македонија на 15 октомври, каде што Зоран Заев ќе биде поразен и ќе биде делегитимиран“, рече Елизабета Канческа-Милевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.