Контакт

Daily news

Каталонците не ја даваат полицијата

Објавено пред

Властите на шпанскиот автономен регион Каталонија го одбија барањето за предавање на контролата над регионалната полиција на централната влада во Мадрид, која се обидува да го спречи организирањето на референдумот за каталонска независност, најавен за 1 октомври.

Каталонскиот министер за внатрешни работи Жаоким Форн денеска изјави дека прифаќањето на ваквото барање би и овозможило на шпанската Влада дирекно да раководи со регионалната полиција, која Мадрид ја обвинува дека не презема мерки за спречување на референдумот.„ Го отфрламе обидот на државата за мешање во рабоата на полицијата во Каталонија“ – изјави Форн.

dobivaj vesti na viber

Шпанскиот Уставен суд донесе одлука за одлагање на референдумот, се додека не се изјасни по иницијативата на шпанската влада за оценка на неговата уставност. По таа одлука  државната полиција и припадниците на Цивилната гарда приведоа неколкумина каталонски лидери и одзедоа гласачки материјали, во обид да го спречат одржувањето на референдумот.

Но, и покрај судска одлука и мерките на централната влада, регионалните власти на Каталонија соопштија дека не се откажуваат од плановите за одржување на референдумот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп: Kонфликтот во Украина може да заврши во следните неколку недели

Конфликтот во Украина може да заврши во следните неколку недели, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за новинарите на прес-конференција со...

Македонија6 часа

Со лажни финансиски совети, измамници ги празнат кртичките на граѓаните – полицијата вели, вакви измами има сѐ повеќе

Забележан е зголемен број на пријави од граѓани за измама сторена преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои...

Македонија7 часа

Мицкоски ја повика ДУИ да достави докази за наводната корупција: Апсолутно имам доверба во работењето на господинот Меџити

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има исклучително блиска и непосредна соработка со министерот за животна средина, Изет Меџити, кого ДУИ...

Македонија8 часа

Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина

Македонија е една од земјите што се коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина, а истовремено Европската Унија, предводена од...

Економија8 часа

Не помина предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ-то на струјата и храната

Наместо да донесат одлука што директно ќе го олесни товарот врз семејните буџети, пратениците од владејачката коалиција одбија да ги...

Македонија10 часа

Ако маркетите ги објавуваат цените на сите производи на интернет, купувачите ќе бидат заштитени oд скриени трошоци, рече Стојаноски

Mаркетите да ги објвуваат сите цени на веб-страниците со цел подобра информираност на потрошувачот и олеснување на споредливоста на цените,...

Македонија12 часа

Ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, па ја силувал: предложен притвор за 37-годишен скопјанец

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со...

Европа14 часа

Зеленски објави видео за годишнината од војната: „Три години апсолутно херојство“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбележа третата годишнина од руската инвазија на Украина со објавување видео во кое се прикажани...

Европа14 часа

(Видео) Погодена рафинерија во Русија; Гувернерот: Остатоците од дрон го предизвикаа пожарот

Остатоците кои паѓаат од уништените украински беспилотни летала предизвикале пожар во индустриска фабрика во руската област Рјазан, објави гувернерот на...

Европа14 часа

(Видео) Фон дер Лајен во Киев на 3-годишнината од инвазијата: „Судбината на Европа е во прашање“

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово со воз пристигна во Киев по повод тригодишнината од руската инвазија...

Свет15 часа

Русите на 3-годишнината од војната: „Америка сака брз прекин на огнот, но ние не“

Русија ги препознава напорите на Соединетите Држави (САД) да се придвижат кон брз прекин на огнот во Украина, но тоа...

Европа15 часа

Мерц: САД и Русија се приближуваат до грбот на Украина и Европа

Следниот германски канцелар би можел да биде Фридрих Мерц. Неговата ЦДУ е убедливо најсилната партија во Германија. Тој рече дека...

Свет24 часа

(Видео) Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток: Војната во Украина беше испровоцирана, тоа не мора да значи дека Русите ја испровоцираа

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф денеска изјави дека Русија не треба нужно да се обвинува за предизвикување војна во Украина,...

Европа24 часа

Мерц: Америка веќе не се грижи за Европа

Претседателот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, рече дека негов главен политички приоритет е „да ја зајакне Европа што...

Македонија1 ден

Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи. „Овој успех е потврда за...

Европа1 ден

Зеленски: Ни требаат 20 системи „Патриот“, подготвени сме да инвестираме

На Украина и се потребни 20 системи „Патриот“ за заштита од руски воздушни закани, кои ќе чинат околу 35 милијарди...

Свет1 ден

Трамп ги коментираше изборите во Германија: Ова е одличен ден

Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше резултатите од изборите во Германија. „Се чини дека конзервативната партија во Германија победи на...

Европа1 ден

Мерц: Победивме

Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ е победник на предвремените парламентарни избори во Германија, а десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) е втора...

Топ1 ден

Почина 21-годишен осуденик: бил донесен во Клиничката болница Штип со знаци на труење

Вчера во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната...

Македонија1 ден

(Видео) „На повидок е корупциски скандал во Владата, дали Меџити барал мито“, прашува Илиевски

„На повидок е голем, робусен корупциски скандал во Владата! Бараме премиерот Христијан Мицкоски да излезе и да одговори: дали е...