Контакт

Daily news

Кои се чекорите за импичмент на Трамп?

Објавено пред

Најновото откритие дека претседателот на САД, Доналд Трамп, му открил тајни разузнавачки информации, добиени од израелскиот МОСАД, на Сергеј Лавров за време на неговата посета на Белата куќа, сè почесто го става во оптек терминот импичмент.

dobivaj vesti na viber

Барањата за импичмент – процедура за отповик – се сè погласни, а од Демократската партија се бара Претставничкиот дом сериозно да го разгледа тоа прашање.
Импичмент е процес кој не мора да значи отстранување од положбата, но тоа е сериозна ситуација за претседател или кој било висок службеник, и претставува прв чекор за преселување.

Доналд Трамп и Сергеј Лавров

Технички, импичмент е формално обвинение против службеник кое го издава Конгресот, и не мора да има врска со „судење” или „наоѓање на кривично дело”.
По дебатата во Претставничкиот дом, законодавното тело гласа за документ од Комитетот на судии, а ако добие мнозинство гласови, претседателот се смета за отстранет од функција. Потоа, документот од Комитетот оди во Сентот, на разгледување и судење.
Обвинетиот има своја одбрана, а ако двотретинското мнозинство гласа против претседателот, тој ќе биде разрешен од функцијата.
Неколкумесечното владеење на Трамп е преполно со контроверзи и скандали. Заговорниците на постапката за импичмент се повикуваат на неговата предизборна кампања и наводните врски со Русија. Најновата искра е наводното барање на Трамп ФБИ да ја сопре истрагата против Флин, „руската врска“ во штабот на Трамп, што екс-директорот на Бирото Мајкл Коми го одбил, па затоа беше сменет.


Одлуката на Трамп да сподели доверливи информации со руските службеници, технички е во склад со законот, наведува весникот, и додава дека претседателот има право на основа на Уставот да одлучи дали може да сподели некоја доверлива информација.

Моника Левински и Бил Клинтон

Досега тројца американски претседатели биле соочено со постапка за отповикување. Станува збор за Ендру Џонсон (1866-69), кој понудил амнестија за службениците на Конфедерацијата и ставил вето на заштита на човековите права на поранешните робови, Ричард Никсон (1969-74), поради аферата со прислушкување на телефоните на ривалската Демократска партија „Вотергејт“ (си даде оставка), и Бил Клинтон (1993-2000), поради аферата „Левински” (призна за оралниот секс со волонтерката Моника Левински во Овалната соба, но остана на функцијата). крај/мф/

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на електричната енергија

Шпанското Министерство за внатрешни работи прогласи вонредна состојба во земјата по денешниот прекин на електричната енергија. Шпанскиот оператор за електрична...

Свет13 часа

Прекинот на електричната енергија во Португалија и Шпанија предизвикан од редок атмосферски феномен

Португалскиот оператор на електричната мрежа – РЕН објави дека прекинот на електричната енергија што ги погоди Португалија и Шпанија е...

Македонија14 часа

Обвинителството ги кани на средба семејствата на жртвите од Кочани пред протестот најавен за утре

Јавното обвинителство кани на средба претставници на семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ кои би сакале подетално да се...

Македонија15 часа

Палевски вели дека не се пријавил во полицијата во Баликесир оти секако ќе го нашле, се видел на сите вести во пицеријата додека пиел еспресо

Обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Љупчо Палевски, во судот одговараше на прашањата на обвинителите. Тој беше прашан зошто...

Свет16 часа

Путин најавува тридневно примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави таканаречен хуманитарен прекин на огнот од 8 мај до полноќ на 11 мај по повод...

Македонија17 часа

(Видео) Кузеска: Нов скандал, братот на градоначалникот Стефковски лета по улиците, за него не важат законите

Денеска објавуваме нов скандал. Граѓаните ќе видат она што одамна го знаат: функционерите на власта прават што сакаат, без никаква...

Македонија18 часа

„Заслужуваме одговори“: семејствата на жртвите од пожарот во Кочани утре на протетстен марш во главниот град

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за утре, 29 април, најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. „Ние...

Македонија19 часа

Двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против две лица, кои како...

Свет21 час

Подготовките за избор на нов папа се во тек: исходот неизвесен од кога било досега

Подготовките за избор на нов папа се во тек, а исходот е понеизвесен од кога било, со оглед на тоа...

Свет22 часа

Трамп: Зеленски е подготвен да ѝ го препушти Крим на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти неговиот украински колега Володимир Зеленски е подготвен да го отстапи Крим на...

Свет22 часа

(Видео) Судир меѓу брод и ферибот на Флорида: едно лице загина, неколку повредени

Едно лице загина, а неколку други се повредени откако рекреативен брод се судри со ферибот што превезувал 45 лица во...

Свет23 часа

(Видео) 30-годишниот маж, кој газеше луѓе на канадски фестивал, обвинет за убиство

Триесетгодишен маж е обвинет по осум точки за убиство од втор степен, откако со автомобилот се забил во толпа луѓе...

Свет23 часа

САД предупредуваат: Вмешаноста на Пјонгјанг во војната мора да престане

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е загрижен поради директното вклучување на Северна Кореја во војната на Русија во Украина и...

Свет23 часа

Северна Кореја потврди: Нашите војници се борат за Русија во војната против Украина

Северна Кореја за прв пат потврди дека испратила војници да се борат за Русија во војната со Украина по наредба...

Македонија2 дена

Таравари отиде во Турција каде ги посети пациентите од трагедијата во Кочани

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посетил болницата „Чам ве Сакура“ во Истанбул, каде што се лекуваат двајца од...

Македонија2 дена

Премиерот уверува дека Владата е стабилна и силна

Владата е стабилна и силна, и ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која...

Македонија2 дена

Детето што загина со мотор немало ниту возачка, ниту кацига, а возело со брзина над дозволената

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на местото на тешката сообраќајната несреќа во која загина 16-годишен...

Свет2 дена

Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина

Во текот на ноќта, Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина, соопштија Воздухопловните сили на вооружените сили...

Македонија2 дена

Власта молчи пред дивеењето на Сашо Мијалков на Охридското езеро, обвини Левица

Периодов интензивно се одвиваат градежни активности на самото крајбрежје на Охридското езеро, во локалитетот познат како Горица 3, додека инвеститор...

Свет2 дена

Од денеска за верниците се отвора гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Од денеска гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан....