Контакт

Daily news

Комуналните инспектори во општина Аеродром ќе ги ловат загадувачите во две смени

Објавено пред

Kомуналните инспектори на Општина Аеродром од утре ќе работат во две смени. Тие ќе бидат достапни секој ден од 8:30 до 22:30 часот, вклучувајќи ги и викендите, на телефонскиот број 075 316 515. За потребите на оваа акција ќе биде ангажирана целата инспекциска служба, кој се состои од 8 комунални инспектори и 4 комунални редари, наведуваат од Општина Аеродром.

dobivaj vesti na viber

„Оваа одлука е со цел успешна реализација на проектот ‘Пријави загадувач’, која е дел од заложбите на локалната самоуправа за почист воздух. По барање на граѓаните и препознавајќи ја потребата за поголема ефикасност на инспекциските служби, Општина Аеродром смета дека е неопходно да се воведе дежурна смена на инспекторите“, велат од Општината.

Целта на акцијата „Пријави загадувач“, како што наведуваат, е што побрзо да се детектираат и соодветно да се регулираат загадувачите на територијата на општина Аеродром. Во рамките на истата Општината организира редовни акции за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух и контрола на стационарните извори на територијата на општината.

Од Општина Аеродром велат дека ги охрабруваат граѓаните  активно да учествуваат и редовно да ги пријавуваат загадувачи до општинските инспекциски служби.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Муцунски се сретна со Рубио: Потврдена силната стратешка поврзаност со САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите...

Македонија3 часа

Пет месеци откако исчезна, Миле Тодоров виден кај планината Серта

Дваесет и осумгодишниот Миле Тодоров кој се води за исчезнат од јануари, наводно бил забележан додека се движел покрај планината...

Македонија5 часа

Арсовска да не дозволи да биде инструментализирана од структурите на ДУИ: Ганиу до градоначалничката на Град Скопје

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, на денешната прес-конференција упати предупредување за загрижувачката состојба со управувањето на отпадот и јавните...

Македонија5 часа

Директорот на АНБ не направил лажна исправа: Обвинителството ја отфрли пријавата за фалсификување

По целосно спроведена постапка и извршени проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на анонимните...

Македонија5 часа

Мицкоски: Да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат...

Македонија7 часа

Службеници во болница во Прилеп проневериле над 2,2 милиони денари – парите од партиципација си ги ставале в џеб

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против И. М. и С.Ч. во својство на...

Македонија7 часа

Пандов повика судењето за пожарот во Кочани да биде во европската судница во Идризово од 1,3 милиони евра: Три години е празна

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов денес апелираше судиите да закажуваат судења во новата судница во Идризово. Тој...

Македонија10 часа

Вградени првите пенилни протези на Клиниката за урологија: „Историски чекор во македонското здравство“

Клиниката за урологија во Скопје испиша ново поглавје во македонската медицинска историја. За првпат, во државното здравство, беа извршени три...

Македонија11 часа

Трајко Славески избран за нов гувернер на Народна банка

Трајко Славески е избран за нов гувернер на Народна банка. Собранието доцна синоќа гласаше за неговиот избор. Тој доби поддршка...

Македонија11 часа

(Видео) Данела Арсовска: Висар Ганиу истурал ѓубре пред Град Скопје, кога му реков дека доаѓам „џом“ да го нема

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, доцна синоќа пред Град Скопје, се вклучи во живо на социјалните мрежи и објави...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на 25 кандидати за градоначалници, повеќето ќе се борат за нов мандат

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврди 25 кандидати за градоначалници. За Град Скопје се’ уште не е донесена одлуката. Се работи...

Македонија23 часа

(Видео) Се бара донација од пченка и јаболка оти мечки се доближуваат до селата околу Шар Планина

Националниот парк „Шар Планина“ повика на донации во форма на домашна пченка и јаболка, бидејќи се забележани повеќе случаи во...

Македонија1 ден

Неопходно е да се додаде по уште една лента на експресниот пат Штип – Кочани, експертите ценат дека има и технички недостатоци

Денеска во Кочани претставници од Одделот за сообраќај на Министерството за внатрешни работи присуствуваа на експертскиот панел „Безбедносните ризици на...

Македонија1 ден

Изгласан Законот за ратификација на договорот со Обединетото кралство – власта ракоплескаше, опозицијата негодуваше

Со 76 гласа за, 6 против и без воздржани, Собранието го изгласа Законот за ратификација на договорот меѓу Владите на...

Македонија1 ден

(Видео) Јакимовски ја поддржува Арсовска: Не молчам, градат на диво, милиони испаруваат, Владата спие

Давам јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Ние може нејзе да не ја сакаме,...

Македонија1 ден

Наместо да филозофираат, Владата и Тошковски треба да ги фатат криминалците, а не да им дозволуваат на Ганиу и на Меџити да уништуваат докази, вели Арсовска

Наместо во истрага за криминалот, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на социјалните мрежи реагира дека институциите во Македонија активно учествуваат,...

Македонија1 ден

Мицкоски нема против информатичар да стане министер за здравство: Со господинот Алиу се познаваме, мислам дека добро ќе соработуваме

Премиерот Христијан Мицкоски нема забелешки за предлогот поранешниот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу да биде министер за...

Македонија1 ден

Владата ќе дава грант од 10.000 евра за млади до 29 години за отворање на сопствен бизнис

Во Оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица, од кои 12.537 лица во...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Доставивме документи до ДКСК, бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР

СДСМ достави документи до Државната комисија за спречување на корупцијата и бара итна постапка за, како што велат, скандалозниот тендер...

Свет1 ден

Папата Лав: Плачот на мајките и на татковците што држат мртви деца во Газа достигнува до небото, запрете ја војната

Папата Лав, денес, апелира за прекин на огнот во Газа и ги повика Израел и милитантите на Хамас целосно да...