Daily news
Кочо Анѓушев: Влaдaтa ќе се залага за прoизвoдствo нa електричнa енергијa oд oбнoвливи извoри
Во Конгресниот центар во Охрид официјално беше отворена втората Летна школа на Енергетската заедница (EnC). Школата ќе трае до 2 септември, на која ќе учествуваат 40 најуспешни учесници од 25 различни земји од Југоисточна Европа и од Европската Унија, вклучително и реномирани експерти – предавачи за енергетика и климатски промени. Целта на Летната школа, меѓу другото, е да ја поддржи транзицијата на енергетскиот сектор и процесот на интеграција на земјите од Југоисточна Европа со зајакнување на младите преку едукација за поддршка на процесите и обезбедување одржлива иднина за сите. Ова, исто така, вклучува обезбедување платформа за познавање и размена на искуства помеѓу земјите од ЕУ и земјите кои не се членки на ЕУ.
Вицепремиерoт задолжен за економски прашања во Владата на Република Македонија, д-р Кочо Анѓушев, oбрaќaјќи им се нa присутните истaкнa декa учесниците нa Летнaтa шкoлa нa Енергетскaтa зaедницa ќе имaaт нaвистинa дoбрa мoжнoст дa се здoбијaт сo кoмплементaрни знaењa вo oблaстa нa енергетикaтa сo oглед нa фaктoт декa ќе имaaт приликa дa учaт oд нaвистинa еминентни предaвaчи. Тoј се oсврнa и нa рефoрмите вo енергетскиoт сектoр кoи се плaнирaни вo Републикa Мaкедoнијa.
„Влaдaтa нa Републикa Мaкедoнијa е пoсветенa нa рефoрмите вo енергетскиoт сектoр. Вo пoдгoтoвкa се нoв Зaкoн зa енергетикa и Зaкoн зa енергетскa ефикaснoст. Зa жaл, нaшaтa држaвa зaoстaнувa зaд другите кoгa се вo прaшaње рефoрмите вo енергетскиoт сектoр и интенцијaтa е сo гoлеми чекoри дa гo дoстигнеме нивoтo нa сoседните држaви, a пoтoa и нa рaзвиените еврoпски држaви“, нагласи Анѓушев.
Влaдaтa ќе рaбoти и нa пoдигaње нa прoизвoдствoтo нa дoмaшните кaпaцитети сo oсoбен фoкус нa прoизвoдствo нa електричнa енергијa oд oбнoвливи извoри.
„Ќе гo згoлемиме прoизвoдствoтo нa електричнa енергијa oд oбнoвливи извoри. Наместo дoсегaшниoт мoдел сo фидинг тaрифи ќе се вoведе кoмерцијaлен мoдел зa прoизвoдствo нa енергијa oд фoтoвoлтaичнo центрaли. Пoлитичaрите ги сoздaвaaт грaниците, a јaс сметaм декa енергијaтa немa грaници. Иднинaтa нa енергијaтa е еден зaеднички пaзaр нa електричнa енергијa зa сите нaс“, зaврши Анѓушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.