Контакт

Daily news

Која е вашата владеачка планета?

Објавено пред

Карактеристиките на хороскопските знаци во голема зависат од еден битен фактор – планетата на владеење. Нејзините особености влијаат на карактеристиките на знакот.

dobivaj vesti na viber

Погледнете што планетите кажуваат за вашиот хороскопски знак.

ОВЕН – МАРС: Со динамичниот ОВЕН владее црвениот Марс, активен, атрактивен, одлучен, работи и создава настани. Овните и Марс имаат циклус од две години, односно тоа е периодот потребен за да планетата го заокружи Зодијакот. Тоа се фазите на обновување на енергијата. Откако ќе заврши со една започнува втора, нова фаза. Сите ОВНИ реагираат на транзитирањето на Марс, а зависат во голема мера и од аспектите во кои тој се затекнува во вселената.

БИК – ВЕНЕРА: Колективна, темелна, оплодувачка и раширувачка, но и умерена е суштината на Венера која го владее БИКОТ. Познати се по уживањето, хедонизмот, што често се манифестира како гурманство, или консумирање храна, секс, алкохол. Циклусот на Венера е сличен на циклусот на Сонцето односно трае една година, па потоа повторно започнува од нула. Биковите имаат чувство за убавина, посебно за слатки секојдневни задоволства, па овде секој друг коментар би бил излишен.

БЛИЗНАЦИ – МЕРКУР: Планета која има топла и ладна страна, односно двојна природа, краток здив и кратки циклуси (приближно исто како и Сонцето, дури и пократки), час оди напред, час назад, т.е. неговото ретроградно одење е многу почесто отколку на другите. Тој е главниот комуникатор кој сите ги поврзува, де таму, де ваму, успешно спојувајќи ги сите во сликата. Кога Меркур ќе крене назад, се појавува немир во душата на БЛИЗНАКОТ, станува нервозен и неговото „лудување“ нема крај. Веднаш штом се промени насоката на неговата планета и започнува да оди директно, БЛИЗНАКОТ се „средува“ и без проблеми оди понатаму.

РАК – МЕСЕЧИНА: Може денес, може утре, а може и задутре. Месечината е два до три дена во секој знак, па затоа РАКОТ е многу склон кон промени на мислењата и ставовите. Голема нестабилност, тенденција кон скитање и истражување на минатото. Овие луѓе имаат најдобро памтење, бидејќи месечината најдобро го прикажува тоа што е позади нас. Непотребно е да се каже дека нивното располжение зависи од промените на Месечината, па затоа најдобо е да си обележат во нивните календари кога месецот се полни, а кога не, и се ќе им стане јасно. Кога е полн месец, поголема е веројатноста дека ќе пијат и јавно ќе се забавуваат.

ЛАВ – СОНЦЕ: Со лавовите владее сонцето. Прецизност, јасност, принципи, достоинство, потреба за власт и доминација, кралски пристап, сето ова можете да го забележите кај нив. ЛАВОВИТЕ често се чувствуваат како господари. Кога Сонцето транзитира сите нивни аспекти на однесување се предизвикувачки, но кога има помрачување на Сонцето, тогаш се досадни, бидејќи нивнот Господар е без сјај, па делуваат безживотно. И не само тие, општопознато е дека сите животни се повлекуваат пред затемнувањето на Сонцето, со што јасно се дакажува што тука ни дава живот.

ДЕВИЦА – МЕРКУР: Превртлив, детален, движечки, ова се ообеностите на ДЕВИЦИТЕ кои потпаѓаат исто под влијание на Меркур. Недостаток му е што кога ќе крене во „напад“ се губи во ситниците, па од шумата не ги гледа дрвјата. Тие се перфекционисти со исклучителна интелигенција, способни за најневеројатни работи, но само ако не „забраздат“ во ирелевантните работи. Циклусот е ист како и оној на близнаците, но нивната природа е повеќе „приземна“ и конкретна.

ВАГА – ВЕНЕРА: Овде се работи за чудесната и етерична Венера и нејзинатазаводлива природа што бара врска полна со љубов и внимание. Сето ова се поклопува со природата на ВАГАТА, знак кој секогаш функционира како две половини и подготвена да направи се за љубовта. Кога Венера транзитира, кај вагата доминираат неопределни дожувувања, па најчесто во периодот страда, пати и сл., а кога планетата ќе се стабилизира и на Вагата и „паѓа“ камен од срце. Љубовта често им ги диктира сите обласи во животот, така што движењето на Венера е многу важно за нив.

ШКОРПИЈА – ПЛУТОН: Каде треба да се растури сè и сè да уништи, тука е Плутон, но само затоа што има спеицијална моќ да изгради се од почеток. Ова е планета на уништувањето, со голема интуитивна способност да предвиди сè што воопшто не им е разбирливо на другите. За подобро да се опише природата на ШКОРПИЈАТА, која го гледа она што другите не го гледаат, тој е подготвен до крај да делува ладнокрвно, се додека сè не се промени од корен. Циклусот на Плутон трае околу 150 години, па затоа овие промени во голем дел влијаат и на поголем број луѓе.

СТРЕЛЕЦ – ЈУПИТЕР: Најдобрите особини ги красат токму СТРЕЛЦИТЕ, просто речено какви што човек може само да посака. Каде и да се наоѓа збогатува, шири, дизијанира, подобрува, бидејќи на неговата планета е прилично жешко. СТРЕЛЦИТЕ се со топла природа, сочувствителни, толерантни, пред се отворени, фер и достапни. Познати се и по тоа што знаат да уживаат во сè, но обично со мерка. Јупитер има циклус од 12 години и секоја година го менува знакот. Стрелците трпат последици од транзитот на нивната планета, па обично во тоа време се без желба, изморени, но за кратко додека ги наполнат батериите. Никогаш не делуваат уништувачки, секогаш го разгледуваат проблемот од сите аспекти и се обидуваат да направат сè што можат со најмала можна штета.

ЈАРЕЦ – САТУРН: Бавни, специјални, малку студени, но симпатични. Секогаш со нивните „прстени“ се држат на растојание. Нивната планета ја симболизира мудроста. Таа е учителот. Не е лесно да се борите со нив, бидејќи секогаш бараат напор, жртва, воздржаност, цврстина и без нив не постои зрелост. Тие се најиздржливи по природа. Без нив светот би бил тривијален. Кога Сатурн е лошо поставен, кај ЈАРЦИТЕ недостасува сериозноста и упорноста за некои важни достигнувања кои имаат трајна вредност. Циклусот трае 29,5 години и укажува на зреењето во животниот век, па човек обично два до три пати во животот се наоѓа под влијание на Сатурн.

ВОДОЛИЈА – УРАН: Циклусот на Уран трае 84 години и тој секогаш е уникатен со самото тоа што се знае дека неговата патека е секогаш различна. Тоа е единствената планета чија особеност е да кружи тврдоглаво околу Сонцето по своја нова елиптична патека. Секогаш посебна и различна од другите, полна со изненадувања. Такви се и ВОДОЛИИТЕ. Секој транзит на Уран е нов предизвик, и секогаш имаат на располагање некое ново средство. Обично преку некој ненадеен настан со кој решаваат сè. Овде нема размислување, сè е готово за момент. На секои седум години Уран го менува знакот, па со тоа обележува и генерациски. Така и ВОДОЛИИТЕ имаат блиц интуиција и во дел од секундата веќе знаат што треба да прават или што ќе се случи.

РИБИ – НЕПТУН: Нептун е планета полна со магла, но убава и привлечна. Таа може да мами и да ве воведе во лавиринтот на илузијата и имагинацијата, така што по некое време често се губиме и не знаеме од каде да излеземе. Така владее и со РИБИТЕ. Бавен е, со години се задржува во еден знак, а неговиот транзит се чувствува на потсвесно ниво. Најкарактеристично за овие знаци е содавањето на стапици, психолошки игри, користење на опојни средства и нереално оценување, заведување, лаги и измами. Затоа е многу важно да се развие чувството за реалност и имагинацијата да се користи умно во конструктивна насока, односно преку уметност или слични активности.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет4 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија5 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет5 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет6 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет6 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија21 час

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија23 часа

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ1 ден

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија1 ден

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија1 ден

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ1 ден

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија1 ден

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет1 ден

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија1 ден

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија1 ден

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион1 ден

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет1 ден

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет1 ден

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет1 ден

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...